Коментари

Македонци монаси во Скитовите и келиите на Атон (5)

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Подготвил: Тихомир Каранфилов

Голем дел од македонското културно наследство е уништено или присвоено низ вековите, а историјата преиначена за да се избрише секаква трага на македонскиот народ. Но и покрај тоа, македонските дејци оставале траги кои укажуваат што се случувало во минатото, дека тие не се ни Срби, ни Бугари, ни Грци, туку  Македонци со своја култура која несебично ја споделувале со другите народи.

Скит е мала заедница на монаси, односно мал манастир, или само неколку ќелии на монаси, каде што се живее аскетски. Скитовите обично се наоѓаат на тешко пристапни места. Името скит се верува дека доаѓа од името на долината Скетис во Египет каде се појавиле првите скитови, но исто така и од зборот аскетски. Постојат скитови кои по својата големина и структура по ништо не се разликуваат од атонските манастири, со исклучок на формалниот статус и подреденост на одреден манастир.  

Главната особеност на Атонска скитове од манастирите е недостатокот на право на учество во органите на самоуправувањето на монашката република и на сопственоста на земјиштето, што ги става во директна зависност од соодветниот манастир, врз чија земја се изградени. До почетокот на 1990-тите атонски манастири се како општоежителни (или киновиални во кои монасите живеат заедно и се потчинуваат на еден игумен и обединети монашки правила или статут), така и одделножителни. Откако во 1992 година и манастирот Пантократор прифаќа принципот на заедништвото, сите атонски манастири веќе се општоежителни, но дел од скитовете во Атон и досега се одделножителни.

Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933) за скитовите ќе забележи дека тие се заедница за многу монаси со неколку цркви и се разликува од манастирите бидејќи нема сопствена земја, освен неколку декари лозја и градини околу оградата и дека тој е подреден на манастирите.  Според него најпрочуениот скит бил рускиот Св. Андреј, подреден на Ватопед со 400 монаси во времето на болшевичка Русија. Потоа втор по значење бил романскиот скит Св. Јован Претеча, подреден на Лаврата, со 90 монаси, па следуваат: 3. Св. Пророк Илија, се наоѓа во Кареја, припаѓа на манастирот Пантократор, со монаси малоруси; 4. Св. Ана припаѓа на Лаврата; 5. Св. Благовештение му припаѓа на Ксенофонд; 6. Св. Богородица, му припаѓа на Русико со 10 браќа; 7. Св. Јован Претеча – Грузиски и 8. Св. Богојавление – Влашки

Покрај скитовите, Трајчев говори и за „келијата“ која е „обител“ за помали заедници, со една две цркви и со управител, наречен старец. Како што објаснува авторот и таа зависи од манастирот, бидејќи нема земја, со исклучок на мали градини околу неа. Трајчев ги издвојува следните келии: 1. Достојност (Пентократорска), 2. Зографската – Вси Свети, 3. Св. Троица (Котлмушка), 4. Успение Пресвета Богородица (Хилендарска). Опишувајќи ја келијата „Достојност“ тој за не ќе напише:  

„Достојност“ се наоѓа блиску до Кареја, североисточно во една живописна долина со раскошна и вечно зелена гора, обработени лозја, ливади нивички и маслинови дрвја. Манастирското место зафаќа површина од околу 800 декари. Според едно предание „Достојност“ се смета за еден од најстарите цркви во Света Гора. Црквата е многу стара…

Манастирските зданија се три, кои се состојат од околу 40 одаи, од кои 4 големи за гости. Братството брои околу 15 души сите Бугари (?). Управител во 1909 година бил Јеромонахот Јоан, родум од село Зрново (Неврокопско). Останатите браќа се од свереоисточна Македонија. Богослужбата се изведува на славјански јазик по византиски припев. Приходита на братството се од обработка на нивите, ливадите, маслиновите дрва и од милостини на благочестивите поклоници. Многу болни и бедни работници наоѓаат засолниште, храна и услуга во „келијата“.

Во „келијата“ се наоѓа: чудотворната икона на Св. Богородица и подобна  на Св. Маченик Мина, и двете многу стари икони. Се наоѓаат моштите на Св. Марко епископ Ефески, св. Свештеномаченик Игнат Богоносец, Св. Свештеномаченик Харалампиј, свештеномаченик Фока Синаитски, Св. Ефтимија Велики, Св. Великомаченик Пантелејмон  и други чудотворни светини. Во истата обител се чуваат во одделен ковчег честен крст, св, икона … и св. Мошти.

Во текот на 1901 година, монасите од „Достојност“ го обиколуваат со ковчегот целиот Серски санџак и моштите покажаа големи чуда, каде дивееше епидемијата „шарка“. Благородното население со документи, потврдени со селскиот печат им искажуваат на монасите својата благодарност и почитување. Дури и мудурот (турчин) во село Горно Броди, како личен сведок на настанатите чуда, официјално го потврдува виденото (Од манастирската архива).  

Како човек на Егзархијата, Трајчев говори за монаси Бугари, но од самиот текст се гледа дека сите монаси на оваа келија потекнуваат од Македонија и дека биле исклучиво Македонци. Не случајно тие го посетуваат Серскиот санџак каде најголем дел од населението се Македонци.

По Зиграф и Хиландар, како што вели Трајчев, оваа келија имала големо културно-просветно значење за народ од Македонија. Од овде излегувале не само книги со корисна духовна содржина, туку и достојни дејци како игумени по разните манастири од Македонија.

Трајчев ќе забележи дека од оваа келија биле издадени повеќе книшки со духовна содржина меѓу кои: Софронието, Мало требниче, Чудесата на св. Богородица, Духовно огледало, Соништата на св. Богородица, Душеполезни беседи, Душеполезни раскази, Човечко срца, Житието на Св. Алексиј човек Божји, Житието на Св. Мина и разни други брошури.

Освен на оваа келија, Трајчев се осврнува и  скитот „Св. Богородица“ за кој вели:

„Богородица“ е мал … скит, изграден во едно прекрасно романтично место. Обиколен е со густа гора од сите страни. Околината на „Богородица“ е многу живописна, а трудољубивите монаси направиле од неа рајско катче. Во манастирскиот двор е црквата Св. Богородица, која е стара зграда, а поправена и проширена во поново време. Иконостасот, икони, столици – се е ново и убаво изработено.. Понастрана од неа има друга црква посветена на Св. Јован Рилски. Западно од неа има зграда, во која е и параклисот Св. Кирил и Методиј. Братството не жалело средства за украсување на таа црква која е велелепна. Иконостасот и иконите се работени во Русија. Сето е правено со вкус и внимание.

Скитот „Богородица“ е многу стар. Кога е основан не е познато. Извесно е само дека во IX век „Богородица“ бил руски манастир, во кој Русите останале до 1169 година, кога се прибрале во новиот руски манастир Русик. „Богородица“ е подчинет на Русик, и за тоа се нарекува скит. Не е познато од кога тука се населиле бугарските монаси. Во 1837 година, склучен е договор меѓу раководството на Русик и братството „Богородица“ со кое било договорено, дека монаштвото на „Богородица“ ќе биде секогаш само “славјанско“. „Богородица е строга киновија (монашка комуна). Скитот се управува од игумен. Браќата на број се 30 души од разни …. (македонски – н.з) краишта.

Други … (македонски – н.з.) келии во Света Гора се: 1. Св. Кирик и Јулита, со старец схим. Антониј, од селото Бељово (околина на св Врач, денешен Сандански), 6 браќа потчинети на манастирот Ставроникита. 2. Св. Успение Богородично, старец иеросхим, Ефтимиј од Малешевско, 3 браќа под Хилендар. 3. Св. Тројца, старец мин. Николај од Дебарско, браќа 3, ведомство – Котлумуш. 4. Св Петар и Павле, ст. схим. Нифонта од Струмичко, браќа 2, ведомство – Иверски. 5. Св. Успение Богородично, ст. схим. Данаил (Серско), браќа 4, ведомство Пантократор. 6. Св. Пантелеи, ст. монах Пантелеј (Малеш), брќа 2, ведомство – Котлумуш. 7. Св. Иван Претеча, ст. схим. Пантелеј (Св. Врач – Сандански), браќа 3, ведомство – Скинофан. 8. Св. Харалампиј, ст. схим. Вениамин (Серско), бр. 3, ведомство – Скинофан.“ – шишува Трајчев во својот осврт за манастирите, скитовите и келиите на Света Гора.

И овде гледаме дека монасите на Света Гора во најголем дел потекнуваат од Македонија. За жал пропагандата го има сторено своето. Голем дел од македонското културно наследство е уништено или присвоено низ вековите, а историјата преиначена за да се избрише секаква трага на македонскиот народ. Сепак, македонските дејци оставале траги кои укажуваат што се случувало во минатото, дека тие не се ни Срби, ни Бугари, ни Грци, туку Македонци со своја култура која несебично ја споделувале со другите народи.

(крај)

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top