Коментари

Шарените кукаат немало правда ниту мир во Македонија и се разбира по судовите и сите институции

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Мора да ги прашам шарените вака интимно, дали се нормални и дали знаат што зборат и како е во другите земји ? 

Еве пример од Австралија. Еден познат изрод што предизвика судски процес на столетието со МПЦ во Австралија … 

деновиве беше тужен од еден мој пријател на кој не му платил $ 20,000 за уредување на двор, патека, кујна и што ти не во една од приватните цркви, да кажеме слободно вака. Иако пријателот мој ги има сите докази и воедно признанието од изродот дека не платил и немал никаква намера да плати …. џабе се да ти било. 

Изродот го добива судскиот процес. Судијата образложил дека немал пријателов мој доволно евиденција и наводно требало повеќе евиденција, а за повеќе здравје – ни во сон ни во реалност. Зошто изгуби ? Па адвокатот или баристерот 

по Англиски да ти биде Масонец. Тој ист адвокат издејствува една Ерменка која го распарчила својот дечко само поради сомнение дека го изневерува,  да добие само куќен притвор од 6 месеци. 

Вакви и илјадници примери во Австралија и Америка можам да напишам и со месеци да читате. 

Да ви разјаснам поубаво. Имам пријатели Масони. Тие кога се тапа пијани или кога извршиле убиство, силување или кражба, финансиска се разбира, но и било каква минорна престапка … ТИЕ ЕДНОСТАВНО НЕ ОДГОВАРААТ И ЗАКОН НЕ ГИ ДОПРУВА. 

Ние Макеонците, наместо да се контрираме, протестираме и препукуваме еден со друг, попаметно е да размислиме каде грешиме. Парите фрлени од Сорос и Америка се како ситни пари фрлени на деца кои се тепаат и се мразат кој зел повеќе од ситнишот. Попаметно е да кажеме сиктер на странските сили т.е. на Западот, ЕУ, НАТО и ” демократскиот  ” свет. Имаа доста време, ништо не направија и време е под хитно да бегаат. А Ние еднаш за секогаш да се фатиме на светата работа : 

Зачувување и поставување на најцврсти темели на нашата света и најмила земја МАКЕДОНИЈА !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top