Коментари

„Манастирите во Македонија“ – Од еден крај на езерото бдее Св. Климент, а од другиот крај пази Св. Наум (6)

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Подготвил: Тихомир Каранфилов

Охрид е свет град за Македонците. Во него треба да се оди на поклонение како што се оди во Света Гора и Ерусалим. И има на што Македонците да се поклонат во Охрид. Тука се поклонува на една славна епоха, на епохата на Св. Климент, кој многу значи во историјата. Тука се поклонува на правот на Св. Климент, на Св. Наум, на гробниците кои се зачувани и после толку години.  Се  поклонува на толку скапи историски споменици, останати од славната епоха на светите следбеници, се поклонува на седиштето на Охридските патриарси, кои ако не друго, тогаш барем ја пренесуваа од век на век една света за македонскиот народ традиција, која во новото време беше храна и го покажа своето огромно значење. Праведно е кажано дека во Охрид секој камен е свет и дека тој ни раскажува историски и непроценливи нешта. Некои стари цркви во Охрид и многуте манастири и цркви на македонскиот народ во Охридско, со своите историски древности, му даваат за право тој да го држи приматот меѓу сите градови на Балканскиот Полуостров. А. Шопов, кој го посетил тој крај во 1891 г., вели дека правдата бара да се каже дека во тој однос Трново треба да отстапи и да се поклони пред Охрид.

Георги Трајчев во својот дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), во кое ги опфаќа манастирите во рамките на  географските и етничките граници на Македонија, пишувајќи за црквите и манастите на македонскиот Ерусалим, дава една прекрасна слика за Охридскиот крај. За Охрид и охридското езеро тој ќе напише:

„Ретко се сретнува во природата слика поубава и поплеменита од таа, која преставува Охрид и неговото езеро. Сите европски патници, кои го посетиле тој крај, се согласни, дека панорамата на Охридската котлина со Охридското езеро е природна реткост. Од возвишениата на еден крај на езерото бдее Св. Климент, а од возвишението на спротивниот крај на езерото пази Св. Наум.

Нарочно треба провидението да одредило така, двата од првите Св. Кирило-Методиеви ученици, две светила на тогашниот живот на (македонскиот) народ, вечно да се гледаат… 

Кој сака да ја види една од најволшебните природни слики, нека се искачи на високиот охридски рид – Горни Сарај. Тука тој ќе најде на еден самотен врв кој се издига 108 метра над самите езерски води и зеленото охридско поле. Тој е обиколен од урнатитини, кои не потсетуваат на едно далечното минато од бурното Самуилово време и она од поново време на Али паша Јанински. Големото езеро стои како стаклена маса пред нас, заобиколено од сите страни со планински ланци. Тоа е фасцинирачко во мирно време. Тоа не се движи, не се поместува и како целото да е излеано од синкав кристал. А уште е понакитено, кога слабиот јужен ветер благо дува и ги разбранува сините води. Тогаш тоа се лулее како густа бујна нива. Една прекрасна слика преставува езерото во бурно ветровито време. Тогаш тоа шуми, бучи грозно, се пени и се лути на се што го опкружува. Големи таласи се креваат неколку метра нагоре. Трчаат како бесни по сите страни и во очај се разбиваат на ситни капки. Водните птици тогаш грозно пиштат и се губат по сите страни на околината, а рибата бега во длабочините на водата. Едвај човек може да си претстави колку е убаво тоа езеро во јасна ноќ за време на полна месечина, кога ѕвездите се огледуваат во езерското дно, кога една пленувачка светлина се разлива по сината површина на езерото. Тоа го знаат само охриѓани кога пируваат на накој чун на полноќ сред езерските води. Ете во тој прекрасен кат на нашата татковина е сместен историскиот Охрид. Два рида стојат споени еден за друг на југоисточниот брег на езерото. На еден од тие ридови св. Климент го подигнал својот манастир „Св. Пантелејмон“. А на билото на источниот рид стои друг манастир Св. Климент.“

Црквата Св. Пантелејмон е изградена во 863 година, над темелите на голема петобродна базилика чии остатоци се и денес видливи околу црквата.  Во 916 година, по смртта, Свети Климент бил погребан во подот на црквата во гробница која наводно самиот ја подготвил. Црквата Свети Пантелејмон била неколку пати обновувана сѐ до 15. век, кога конечно била урната од Отоманските турци и на нејзините темели била изградена џамија позната како Имарет-џамија. Преданието дека на ова место постои Климентовата црква било потврдено во 1943 година кога проф. Димче Коцо ги открил темелите на Климентовата црква и во исто време и гробницата на Климент Охридски. Трајчев кој го објавува своето дело десет години пред овие откритија, за црквата Св. Пантелејмон ќе забележи:

„Меѓу Горен Сарај и Долни Сарај се наоѓа зад самото езеро турската маала Имарет, населена со турско население, кое според преданието го примило мухамеданството за да не ја изгуби службата (тие обработувале големи имоти) при црквата Св. Пантелејмон, нарекувана од населението Стар Св. Климент. Таа црква (манастир) била изградена од Св. Климент до 908 година и според Теофилакт по убавина била единствена во градот и располагала со огромни имоти. Турците ја претвориле во џамија во име на освојувачот султанот Михамед … Црквата Сн. Пантелејмон била изградена во X век.. и според преданиата тука бил погребан Св. Климент во 916 година, затоа се нарекува и Стар Св. Климент. Џамијата денес е во рушевини. Според Теофилакт, Климент уште додека бил жив Борис, значи до 908 година, го изградил манастирот во Охрид, а после уште една црква која подоцна станала архиепископска. Двете Климентови цркви, кружни по форма, биле помали од соборната, … но по убавина ја надминувале. Григорович, Беласчев го идентивикуваат манастирот со урнатините на џамијата Султан Мохамед во малаата Имарет, која населението ја вика Стар св. Климент. Според Е. Спространов, кон крајот на 19 век, стрчеа само ѕидовите на џамијата, а околу неа се гледаа огромни делкани камења. Старците ги помнеа  тремот и големите и мермерни колони…“

По уривањето на манастирската црква Свети Пантелјмон, во црквата Пресвета Богородица Перивлептос, која била изградена пред 1925 година, според фресконаписот на нартексот, каде покрај други личности се сретнува како ктитор  Прогон Згур, се пренесени моштите на Свети Климент, поради што црквата станува позната како Климентова црква. Таа станала седиште на охридските архиепископи, чиј печат засега е најстар на Балканот. За оваа црква Трајчев повикувајќи се на разни извори од тогашниот научен свет вели: 

„Денешната катедрала св. Климент во градот Охрид била во постаро време манастир Св. Богородица…. Кога Турците ја претвориле црквата св. Пантелеј во џамија, св. Климент летнал и се пренел во сегашниот храм св. Климент (осветен на Св. Богородица). Бидејќи верувува населението и до ден денешен и на патрониот празник – 27 јули ст.ст. тука тука има голем собир, каде што доаѓа мало и големо, од блиски и далечни места (Ресенско, Битолско и други) ден два порано како на манастир. Иако историски е спорно дали тука имало или не манастир, на основа на народното предание и големата почит во народот и уште поради големата светост на историската за нас личност, го става и тој храм св. Климент во редот на манастирите.

Црквата св. Климент, како ја вика населението, предизвикувала и уште предизвикува голем интерес кај нашите и страните учени, како и кај славистите. Ете зошто, таа не е опишувана веднаш. Григорович, арх. Антонин Кондаков, Лавров, Успенски, Милјуков … и многу други учени уште расправаат за неа во своите трудови. Од тие пишувања се знае, дека црквата е изградена  во 1295 година на името на Св. Богородица Перивлепта, каде што најверојатно уште во почетокот на турското ропство било пренесено телото на Св. Климент. Тука е зачувана надгробната плоча на св. Климент со нов надпис … Тука се чува и неговата дрвена статуа од XIV век …, а до скоро тука му биле чувани моштите… Некои монаси од манастирот св. Антониј, близу Бер (Караферија) тајно ја зеле главата на Св. Климент.

Надписот (Бр 1) над влезната врата е со грчки букви и гласи: „Се воздигна овој величанствен храм на всепресвета владичица наша Богородица Перивлепта, во содејство и расходи на г-дин Прогон Згура, велик етериарх и сопруга Евдокија, зет на силниот и свештен наш самодржец цар, во царствувањето на благочастивиот цар и самодржец на Ромеите Андроник Палеолог и благочастивата сопруга Ирина. През архиерејството на Макарија, всесветејшиот архиепископ на Јустинијана .., во годината 6803 (од Христа 1295), индикт 2.. Друг натпис (Бр. 2) од 1365 година има над вратата на северното крило на анексот напишан на грчки гласи: „Се воздигна и испиша овој божествен и всечесен храм на нашиот меѓу светците отец архиепископ Цариградски Григори Богослов, со содејствие и расходите на преосвештенејшија епископ на Девол (Селасфор), Григорија, во царувањето на Стефан Урош, во годината 6873 (1365) индикт 13…“

Црквата Св. Климет се наоѓа на билото на источниот рид, таму каде тоа се спушта, за да се сврзе со западниот рид. Наоколу е широк двор низ кој има стари гробови, а од поново време е гробот на Григор Прличев. (Потоа) стара зграда од основното училиште и новата двокатната зграда изградена од митрополитот Григориј, за класно мешано училиште. Погледот од тука е волшебен. Три четвртини од езерото и сите околни планини се гледаат како на дланка. Право наспроти на едно растојание од 25 километри, по права воздушна линија, е манастирот „Св. Наум“, чии што згради се белеет од далеку.  

Населението ја нарекува оваа црква манастир. Најпрво црквата била со еден нартекс (припрата), а до олтарот од двете страни има издадени два мали параклиси, кои му даваат на црквата форма на крст. Подоцна од тие параклиси продолжиле ѕидови кои ја обградиле црквата и образувале уште еден нартекс. По тој новосограден дел нема слики. Останатото е исцело е исписамо со живопис. Должината на црквата е 21 метар, олтарот зазема 4 метри, средниот дел и црквата 8,40 м, нартексот – 4,20 и доградбата – 4,40 метри. Ширината на црквата е 9,40 м со доградбата– 19,70 м. Висока е 12 метри…. Црквата е со едно кубе, со 4 прозорци. Градена е од тули  и камења во клеточен градеж. Арките и сводовите се само од тули. И тука црквата е крстовидна, куполна од типот на впишан крст. Нартексот е засводен во средината со слепа купола.  Тој се пројавува со корабите преку три врати. Украсена е со три ниши. Нејзин ктитор бил … Прогон Згур, велик етериарх, зет на императорот Андроник. Во надворешната нартекс (доградба) до самата врата на црквата, од лева страна е гробот на св, Климент, над кој е ставена плоча од сив мермер со следниот напис: 

Буквите се издлабени во каменот длабоко. Подоле уште два пати е повторен истиот напис со изгребани црти. На истата плоча има и друг натпис….  Григорович вели ако соодветниот надпис е современ со смртта на св. Климент 6424 (916 г.) тој ќе биде првиот славјански писмен паметник, но тој смета дека тој надпис  е издлабен на камен многу подоцна…“

Покрај укажувањето за префралање на моштите на Св. Климент, авторот во продолжение на текстот ја опишува внатрешноста на црквата, нејзиното богато уредување и ни дава низа други интересни податоци:

„Една убаво изработена врата од дабово дрво води во суштинскиот нартекс. Над вратите и околу врз ѕидовите слики на светии… Од десна страна е изградено надгробие  во кое се погребани остатоците на еден роднина на Крали Марко… Од вториот нартекс се влегува во црквата низ друга уште поубава изработена дрвена врата, над која од лево стои натписот под број 1. Над вратата на северното крило, стои пак по грчки надписот под број 2.

Внатре во црквата прави впечаток архиепископскиот трон кој вешто е изработен од дабово дрво, и украсен со седефни плочки. Одозгора на тронот има натпис издлабен во даската во вид на полукруг… И аналоите за пејачите се вешто изработени и прошарани со седефни плочки…

По иконостасот се наредени стари икони на Мајката Божја, Спасителот, св.Климент и други, сите везани со златна и сребрена срма многу вешто… Тука се наоѓа и една раскошно изработено свилено платно за покривка на престолот (плаштеница), подарена на … архиепископот од Андроник Палеолог (1282 – 1328). Плаштеницата е долга 2.6 м. и широка 1 м. (В. К’чев), а Миљуков и дава 1,94  должина и 1.15 ширина… Над царските двери стои Христовата икона со сребрена рамка, во која се гледа надпис на грчки од Димитри Хоматијан, Охридски архиепископ од крајот на XII и првата четвртина на XIII век, кој ја подарил рамката.

(Потоа погребниот) чаршав на Теодор Комнен (1216 – 1230), погребан во црквата св. Богородица (св. Климент) со златни нишки надпис во 12 срицани стихови на грчки…

Во олтарот при жртвеникот стои статуа на св. Климент, изработена од дрво. На статуата имало облекло од скапа кадифена материја, но тоа исчезнало. Само мали остатоци биле запазени по грбот и главата (видена од К’нчев во 1890 година). Статуата имала 1.30 м височина. Преданието говори дека таа била подарена на Самуила од Римскиот папа…

На светиот престол има плоча од инзвонредно чист мермер. Таа е долга 1.83 м., а широка 1.15 м. Ако под неа се постави свеќа од горе јасно се гледа пламенот. Според преданието тука во еден стар железен сандак се чува круната на св. Климент. Таа е од чисто злато, која тежи ока и половина. Опсипана е со скапоцени камења и на четирите страни има 4 елипсовидни плочки од чист фајанс, со ликовите на четирите евангелисти. Круната е вешто изработена од поново време… Друга старина е бронзениот крст на големиот полилеј со надпис  од 1549 година..“

На крај од овој дел посветен на Св Климент, авторот Трајчев ќе напише:

„Црквата св. Климент е многу почитувана од населението. Тука, во тој храм, последниот патријарх Арсениј отслужил света литургија и со солзи во очите се простил од љубеното паство во 1762 година и ги проколнал четирите семејства кои и помагале на грчката патријаршија и власта за наегово остранување.

Григорович барал да види некои други споменици од времето на Климент. Според преданието се говорело, дека Климентовите дела и други документи биле присутни до самото затварање на Охридската патријаршија. А истиот слушнал дека последниот Охридски патријарх Арсениј во Св. Гора донел многу книги од Охрид, кои останале во Зографскиот манастир.“

Голем дел од културно наследство на македонскиот народ во текот на вековите е уништено или разнесено по други земји. За време на Првата светска војна бугарските власти од Охрид изнеле низа непроценливи историски споменици кои денес се наоѓаат во трезорот на Народниот музеј во Софија. Во 1916 година бугарската војска насила ги одзела од Охриѓани повеќе скапоцености меѓу кои: Икона на Христа Спасителот, подарок на Охридскиот архиепискот Димитрие од 13 век; натпис на плоча од бронза од Прокопие, архиепископ на Прва Јустанијана, плаштеница на Андроник Палеолог, собрана од црквата Свети Климент; сребрена кутија со моштите на Света Матрона; Сребрен крст од 1742 година; две покривки, подарок на Дука Комнен; летопис на Јован Скилица од 13-ти век; старо евангелие со ликот на Свети Климент; дваесет стари славјански ракописи; една сребрена икона изработена во релјеф, или вкупно 84 оделени предмети. Тие со силна воена придружба наводно се однесени на привремено чување во Софија, но никогаш не му се вратени на Охрид.

(извор: „Манастирите во Македонија“ Софија, 1933 г.)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top