Коментари

ЕУ, НАТО и САД можат да се распаднат, ама Македонците нема да го сменат името


Свекрва

Македонија одамна е подготвена за интеграција во ЕУ и НАТО, а и народот го посакуваше тоа.  Земјата повеќе пати покажа и докажа дека има капацитет да ги превземе обврските и одговорностите за да придонесе кон стабилноста на Балканот и сигурноста во Евроатланската зона. Македонските војници долги години учествуваат во мировните мисии, а покажаа умешност и во справувањето со бегалската криза. Но, македонскиот народ уште еднаш беше разочаран. На Самитот на НАТО во Полска беше повторена одлуката од Букурешт 2008, за покана на Македонија за членство во НАТО, штом ќе се изнајде решение на спорот за името.

Иако е познато дека со Грција нема решение за името, во завршното коминике на земјите членки на НАТО на Самитот во Полска, кој се одржа деновиве во Варшава, се повтори поканата за Македонија да стане членка на НАТО штом се изнајде решение на спорот за името. Истовремено беше упатен повик за реформи во областа на судството и медиумите и исполнување на договорот од Пржино. Односно, да се овозможи опозицијата, која е спремна за остапки во врска со името, да влезе во власта.

Разочарувачки и понижувачки за Македонија, за земја која широко ги отвори вратите за НАТО за време на интервенцијата на Косово 1999 г., за земјата чии војници рамо до рамо учествуваат долги години во рамките на мировните мисии на НАТО, за земјата чии војници во 2011 година го бранеа седиштетео на Алијансата во Кабул, Авганистан и т.н..  

Со повторувањето на одлуката од Букурешт, НАТО покажа дека не го почитува меѓународното право и одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Алијанста отворено застана на страната на својата членка Грција, која континуирано превзема низа мерки против постоењето на Македонија и со тоа директно ја загрозува безбедноста во  регионот и пошироко.  

Македонскиот народ кој веруваше на меѓународното право и кој сакаше со цело свое срце да биде членка на ЕУ и НАТО, но, не по цена на името и идентитетот, по сите овие години на понижувања, лажни ветувања и двојни стандарди, се помалку му верува и сака да биде член на такво друштво. Дека македонскиот народ се лади во своите чуства покажуваат анкетите, кои многу добро им се познати и на меѓународниот фактор.

Особено, провоцирањето и нивното вмешувањето на меѓународниот фактор во разрешувањето на внатрешните проблеми на земјата, во изминатата децениа и пол, кои резултираа со промени во општествената слика на штета на македонскиот народ, допринесе да се измени и сликата за нивната добронамерност.

Прислушкувањето, шарената револуција и обидите со опозицијата предводена од аболиран политичар да се урне легалната власт, потоа договорот од Пржино, беа само кулминација која допринесе да се закочат евроатланските интеграции, се додека не се реши проблемот со името. Всушност создавање на такви услови кога народот самиот треба да се откаже од своето име.

Во Македонија и на малото дете му е јасно дека политичката криза во земјата во најголем дел е креирана од надвор и дека на Македонија нема да и се дозволи да стане членка се додека македонскиот народ не го смени името, не се разнебити како народ. Така и одлуката од Варшава беше очекувана. Се поставува прашањето дали тоа се прави исклучиво заради Грција или пак заради интересите на некоја од главните земји членки на НАТО.

Меѓународниот фактор е свесен дека после сите настани се повеќе ја губи довербата не само кај македонскиот народ, туку и кај другите заедници во Македонија, што лесно може да доведе до целосна промена на курсот во земјата. Затоа тој се повеќе врши притисок врз политичките фактори во земјата и брза што побргу да има избори на кои би се избрала марионетска власт.

За таа цел, набргу по Самитот на НАТО, во Македонија во кратка посета пристигна помошничката на американскиот државен секретар Викторија Нуланд.

Меѓутоа, пред Нуланд да се сретне со преставниците на македонските власти, таа прво ги посети Тирана и Приштина. Потоа по доаѓањето  во Македонија, по средбите што ги имаше со лидерите на партиите потписници на Пржинскиот договор, таа се сретна со специјалната обвинителка Катица Јанева и претставници на граѓанските организации и новинари. Таа, всушност се сретна со регионалните пиони кои се користат за притисок врз оние кои се спротивставуваат на промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

Викторија Нуланд по состаноците најави брз договор за нови избори и искажа поддршка на процесот за зајакнување на судството и владеењето на правото. Таа соопшти дека заминува охрабрена дека во следните денови ќе се постигне договор за спорните прашања. Истовремено, таа индиректно најави санкции доколку нема напредок, со што ги открива вистинските намери.

Меѓутоа, ако таа, која е позната по славната изјава за време на кризата во Украина со која ја навреди ЕУ, смета дека без да се праша македонскиот народ, со своите пиони ќе ја спроведе својата агенда, едноставно многу се излажала. Македонскиот народ успеал да го сочува своето име и во римско, визатиско, турско и друго ропство. Империи пропаѓале, но македонскиот народ успеал да опстане. Така и сега, ЕУ, НАТО и САД, како што тргнало, можат да се распаднат, ама Македонците нема да го сменат името. Тие трпеливо ќе чекаат и ќе успеаат да ги пребродат сите овие нечесни обиди за  негово обезличување. Македонците ќе го зачувуваат сопственото име, кое е нарезделен дел од нивната самобит.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top