Коментари

Александар Џеповски : Анонимци се преставуваат како идеолози и основачи на ВМРО ДПМНЕ

Dzeposki

1Dzeposki

Секој еден ојле дојле стана идеолог и оснивач на ВМРО ДПМНЕ.

Толку мизерни и искомплексирани поединци не се наоѓаат никаде . Иако се работи да речеме за не повеќе од 5 до 10 од нив, сепак нивната малоумност предизвикува смеење воедно и жалење дека воопшто постојат и отвраат усти непотребно. 

Кои се тие и што имаат направено или се имаат докажано? Анонимец до анонимец кои кога Драган Богдановски ја претстави едејата за формирање партија, тие биле подржувачи или обични сеирџии

Мене ми е многу срам а воедно на сите нормални Македонци од еден анонимец како Перо Мицевски , кој има викано во селска кооперација да живее Македонија на времето и сега тресе глупости низ Мелбурн кој бил и што е. 

За Владо Ѓоревски од Кичево пријател на Перо Мицевски можеме да кажеме дека е капак на тенџерето со глупости на човековата мисла за малоумност. Самиот си се претставува дека тој е идеологот на ВМРО ДПМНЕ и наводно Драган Богдановски учел од него и му се восхитувал. Зини усто фалиме, велат кај мене. Значи, ако сам не се фалиш и лажеш, можеби се надеваш некој еден ден ќе ти поверува.

За Владо Ѓорески, самонаречениот идеолог на ВМРО-ДПМНЕ сите во Кичево знаат дека деведесетите години го предал целиот партиски архив на неговиот роднина Богоевски, тогашен висок фунцкионер на УДБА.

Овие патолошки малоумници само прават раздор и нервоза меѓу Македонците во Македонија и дијаспората. 

Македонскиот народ не смее да дозволи група изроди, грандомани и среброљупци, да ја претворат Македонија во пепелиште при што ќе страдаат два милиони народ само заради лични интереси.

Ние ги толерираме овие јагниња облечени во волчја кожа, кои лажно претставувајќи се како патриоти и вршејќи раздор и поттикнувајќи омраза и нетрпеливост, го тероризираат Македонскиот народ.

ПА ДО КОГА ЌЕ СЕ РАСПРАВАМЕ СО ИСКОМПЛЕКСИРАНИ “ПАТРИОТИ” ЗА ГЛУПОСТИ? ДАЛИ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ И КАКВИ ГЛУПОСТИ ФОРСИРААТ КОИ ВЛАСТА ЕДНОСТАВНО ГИ КОРИСТИ ВО СВОЈА КОРИСТ, ИЛИ СЕ ДЕБЕЛО ПЛАТЕНИ? ГОСПОД ГЛЕДА И ЗНАЕ КОИ И КАКО ЈА СОЗДАДОА ВМРО ДПМНЕ И СЕ ДРУГО СО ВАКВИ КАКО ПЕРО МИЦЕВСКИ И ВЛАДО ЃОРЕВСКИ СЕ ТЕРА ПО БУГАРСКИОТ МЕТОД.

За жал во Македонија се накотија многу предавници, да бидам искрен вакви изроди имало и во минатото. Едно мора да запомниме, дека треба да ги изолираме овие изроди и циркузанти, слуги на ѓаволот. Да ја зацврстиме љубовта кон нашава мајка Македонија, како една и единствена татковина на Македонците во целиот свет.

Бог да ја чува Библијска Македонија од вакви плукачи и фалбаџии.

АМИН!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top