Коментари

Македонскиот народ на браникот на татковината!

kostadin-kerpicoski

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Всушност незнам кој повеќе, дали владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, дали народот Македонски има заслуга за победа, победата која Македонија ја слави, за поразот, поразот кој малата Македонија им го нанесе на големите веле сили!

Се прашувам, дали е доведен во прашање кредибилитетот на Европската унија? Дали е доведен во прашање кредибилитетот на Америка?

Дали всушност Македонија кажа стоп на погубната политика која странскиот факор ја води кон балканот и балканските држави, се разбира помалите?!

Велам Македонија извојува, Македонија победи бидеќи во Македонија не се реализира сценариото и не го гледавме филмот кој пред некој ден директно го гледавме во Турција.

За сета среќа во Македонија нема граѓанска војна, нема воена непослушност и нов обид за ПУЧ, иако тоа е за нас познато и тоа слично со Турција, страдавме и ќе страдаме од внатрешните предавници!

Ви реков незнам кој повеќе придонесе, дали народот кој имаше трпение кога тоа беше и повеќе од потребно, дали стабилноста која актуелната влада и ја дава на државата, дали мудроста на Никола Груевски или пак општата аболиција која Иванов ја даде?!

Кој помогна најмногу незнам ама знам дека оваа Македонска коалиција вроди со плод, со многу труд и многу работа, мудрост и трпение, македонија ги зачува своите граници но и своите граѓани живи и здрави-фала му на бога!

Јас, според моето размислување и политичката анализа знам дека ова сега веќе добро познато сценарио требаше и беше наменето за Македонија!

Јас знам дека доколку се случеше вакво нешто ние сега како поединци, граѓани но и како држава не ќе знаевме каде ни е крајот и незнам дали ќе постоевме како таков народ и како таква држава!

Колку е само поголема Турција од Македонија територијално но и по број на жители, сепак малата Македонија остана на нозе!

Драги мои пријатели, јас повеќе пати сум рекол дека нашата држава и во минатото и сега била на колена но секогаш се издигала над се и издвојувала битки од кои излегувала посилна и појака!

Токму затоа во овој момент јас велам благодарам Никола Груевски, благодарам ВМРО-ДПМНЕ и ви благодарам на вас браќа и сестри МАКЕДОНЦИ!

Македонија продолжува да чекори по вистинскиот пат!

Библијска Македонија е свето парче земја!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top