Коментари

КОГА БИ БИЛ ЈАС ВО ОПОЗИЦИЈА

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Кога би бил јас во опозиција или уште поубаво лидер на опозиција, како прво би се заколнал во јавноста ако украдам или случајно по грешка одземам денарче од касата на Владата и народот, да ми даде Бог казна најголема и аир да не видам и би дал оставка на лице место.

Ако некој од мојата Партија го направи истото, истата казна би му ја посакал и нему или нејзе, сеедно и ќе мора да врати тродупло и плус да ми докаже дека усреќил некој сиромав човек со едномесечна плата.

Како опозиција, би ја почитувал секоја една партија, позицијата и би ги барал најдобрите страни да им ги пофалам, а лошите би им ги предочил насамо и настрана. Би оставил народот да каже што има да им се каже и да ни се каже.

За мене сите би биле како прво Божји чеда и рамноправни. Нема да има Македонец, Албанец, Турчин, Србин или православен, муслиман, католик или било што … сите еднакви бред Бога и закон и без протекција. Само добри вредности и дела ќе признавам и ќе мора да знаат дека земјата во која живеат се вика Македонија.

Кога јас би бил опозиција или лидер да се изјаснам уште поубаво, кај мене не би имало трте – мрте. Би работел деноноќно да го видам народот како почнува да верува во мене, да сторам стандардот и живеачката да им ја кренам на што повисоко ниво и среќни насмеани фамилии со деца и верба во светот и земјата што ги родила ќе ми биде најголем возврат и плата. Ќе се осеќам како милијардер.

Кога би бил и само една минута, јас би бил најсреќен да ве направам посреќен од мене. Ова треба да го знаат и опозицијата и Владата, како и сите комшии и светски сили. Тогаш јас и земјата моја Македонија ќе бидеме посилни од сите и заштитени од Бога.

Затоа би имал една порака : Почитувајте се и сакајте се меѓусебно каде и да сте и барајте да ви бидам лидер на опозиција и да ме одберете за лидер преку мои искрени дела. И не заборавајте на крај дека без добра искрена економија, благословена дијаспора, јасни визии да се победи сиромаштијата и никакво крадење од народот… со таков лидер како мене, ние можеме многу повеќе. Иако е некаков сон и утопија, сепак верувам доколку некој ме копира, далеку може да отидеме. До тогаш, Господ нека ја чува Македонија и нека и посака се што и мислам и благословувам.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top