Коментари

Смилевскиот манастир „Св. Петар“ е нем сведок на Илинденските настани (10)

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Манастирот „Св. Петар“ е нем сведок на настанитие околу него за време на Смилевскиот конгрес 1903 година, а „ако може да зборува, ќе ни раскаже за херојството и саможртвата на востанатиот македонски народ, кој под водство на Ѓорѓи Сугарев, Ѓакон Евстатиј, Георги Мончев и други, влезе во неравноправна борба со 12 илјадната армија на Бахтијар Паша. Ќе ни раскаже за херојството и саможртвата на Смилевчани, без разлика на пол и возраст, за маченичката смрт на 73 смилевски жртви (мажи, жени и деца).“ Овој манастир „поради својата стратегиска местоположба го виде величието и падот на турскиот режим, величието и падот на српскиот режим, величието и падот на бугарскиот режим. Нема друга светиња која има видено толку величии и падови во така краток период, како што има видено Св. Петар Смилевски“. – пишува  Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

Во смилевската корија, опкружен со столетна шума и во препознатлив песнопоен амбиент, се наоѓа манастирот “Свети Петар”. Се претпоставува дека е стар повеќе од 150 години и се вбројува во нашите најпознати културно-историски споменици. Уште во далечната 1933 година, авторот на делото „Манастирите во Македонија“, прилепчанецот Георги Трајчев за изгрбата и растежот на овој манастир пишува:

„Тој се наоѓа во раскошна котлина, под билото на Бигла планина, во соседство со селата Боишта (Демир Хисар) и Ресенските села: Златари, Кривени и Лева Река (Љорека). Во постаро време пред 70 години, на тоа место имало само неколку стари дабови дрва. Во еден од нив имало дупка од која истекувало вода која се користела поради своите лековити својства. Во тоа време на сон му се нарачало на Смилевчанецот Петар Гарец (чиј род потекнува од село Гари – Реканско) да ги постави темелите на манастирот. Тој се погрижил за помош, која ја собрал од околните села, а воглавно од селото Смилево, одалечено 1 час по јужната насока. Бидејќи Смилевчани се мајстори, со помош на целото селско население (жените носеле камења на грб), за една година ја издигнале црквата. Таа е средна големина (10 Х 7 м.) и со нартекс од надвор, без одделение за жени. Црквата е светла и со убава корабовидна форма без фрески на ѕидовите. Иконостасот е изработен од селаните, а иконите се дело на Галичките мајстори – зографи. Споменатиот Петар станува прв настојник на манастирот. Тој правеше огромни напори за да успее. Подоцна се изградија две соби, а потоа уште три – сите под еден покрив. Собите се на високо над шталата. Има фурна и манастирска кујна. Собирот се случува два пати во годината: на Петровден и Свети Петок (Велигден). Собирот е посетен од околните села, дури и од големото влашко село Гопеш. Имотната состојба на манастирот беше средна. Имаше ниви, гора и малку жива стока. По смртта на првиот настојник, на тоа место беше поставен Захарија Стојанов, кој семејно се прибрал во манастирот и таму живеел до Балканската војна.

Балканската војна го затекна за игумен на манастирот монахот Козма, родум од Солунско, светогорец, кој се вбројува како брат на Слепченскиот манастир Св. Јован. Отец Козма влегува амбициозно во својата служба и манастариот набрзо се опоравил. Се здобил со ѕевгар волови, ги орал нивите, ги развивал градините, создавал овошни расадници, купувал коњи, овци. Така тој ги поминал непречено првите три години на српското владеење. И Првата светска војна го затекнала на истата служба. По катастрифата на Србите, неможејќи да ги гледаат неговите (македонски н.з.) чуства го земаат од манастирот и кај местноста „Илова равнина“, над село Смилево го убиваат маченички, бодејќи го по телото со бајонети. Погребен е во манастирот.

Така загина уште еден духовник на кого му било предодредено да не ја дочека  слободата.  По неговата смрт, ушравувањето со манастирот го превзеле синовите на првиот игумен Петар Гарски.“

Историјата за изгрдбата, растежот и луѓето кои се заслужни за опстојување на овој манастир, авторот ги темели на сведоштвата кои му ги дава старецот Павле Трајков Галов. Со оглед дека овој манастир се наоѓал во средиштето на историските настани за време на Илиндеското востание, Трајков за неговата историска улога пишува:   

„Смилевскиот манастир е мал и бидејќи е уште нов, не е многу познат надвор. Тој всушност е жив сведок на онаа епопеја, која го носи славното историско име Илинденското востание. Тука, околу тој манастир, во средината на месец април на 1903 година (ст.ст. – н.з.), се случи големиот Смилевски  конгрес, на кој присуствуваа сите окружни чети на Битолскиот округ на чело со Борис Сарафов. Тука беше и Даме Груев, туку што пристигнал од својот далечен прекуморски пат Подрум–кале. Тука било донесено историско решение на револуционерна Македонија, да се дигне востание на македонскиот роб. Три месеци подоцна, на 15 јули 1903 година (ст.ст. – н.з), пак оттука, од висините на Бигла, во соседство на манастирот “Св. Петар“, од Главниот Штаб на ВМРО се понесе повикот до македонското население за востание. Истот манастир е нем сведок  на разурнувачките настани околу него за време од 21 јуни до 15 август истата година (ст.ст. – н.з.).

Ако може да зборува, (манастирот) ќе ни раскаже за херојството и саможртвата на востанатиот македонски народ, кој под водство на Ѓорѓи Сугарев, Ѓакон Евстатиј, Георги Мончев и други, влезе во неравноправна борба со 12 илјадната армија на Бахтијар Паша. Ќе ни раскаже за херојството и саможртвата на Смилевчани, без разлика на пол и возраст, за маченичката смрт на 73 смилевски жртви (мажи, жени и деца). Манастирот ќе ни раскаже како издивна убавото Смилево со своите убави и богато украсени куќи, со своите уште поубави храмови, цркви и училишта, од кои, за кратко време, останаа да стрчат само пепелишта и урнатини – жални остатоци од некогашното величина. 

Ете што виде смилевскиот манастир. Неговата местоположба го правеше да знае и гледа многу нешта од нашата револуционерна дејност. Манастирот беше крстопат за легални и нелегални дејци. Тој беше главниот пункт во тој крај, кој го поврзуваше револуционерниот Демир Хисар со Ресенско, Битолско и др.

Истиот манастир, поради својата стратегиска местоположба го виде величието и падот на турскиот режим, величието и падот на српскиот режим, величието и падот на бугарскиот режим.  Нема друга светиња која има видено толку величини и падови во така еден краток период, како што има видено “Св. Петар – Смилевски“. Ете тоа е историското значење на овој манастир. Интересно. Додека Бахтиар паша го поштеди животот и имотот на манастирот, иако знаеше дека од тука се разви востаничкото знаме, христијанска Србија, необрежаните Срби, постапија пожестоко спрема него, кога маченички го убија игуменот Козма, само заради неговите  (македонски) чуства. (О темпоре о морес)“.  

Говорејќи за овој манастир, авторот ни дава и една интересна забелешка за Мијаците. На крајот тој ќе напише:  

„Свети Петар бил многу почитуван од реканското население (Мијаците). И Смилевци, кои потекнуваат од реканските села (Гари, Тресонче и др.) го посветиле својот манастир на Св. Петар. Стариот учител Тасе (Анастас) Гичев Башев, кој учителствувал во Смилево пред 45 – 50 години, раскажува, дека големата почит кон Св. Патар се должи на некаква традиција во врска со тој Христов ученик. Истиот учител тврди дека во она време во Смилево имало до 200 имиња, луѓе кои се викале Петровци (мажи и жени).“

Манастирот “Свети Петар” кој е составен дел од историското минато на Смилево, уште во 80-години на минатиот век смилевските неимари го возобновија, со што е исполнет аманетот на игуменот Петар Гарец.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top