Коментари

Манастирот Св. Богородица и Св. Ахил (11)

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Свети Ахил или Свети Аил е остров во Малото Преспанско Езеро. Тој бил населен уште од античко време. Во југозападниот дел се пронајдени остатоци од античката македонска населба Лика. Во средниот век тука бил главниот град на Самоиловата држава, градот Преспа, како и дворците на царот Самуил.  Денес единствено населено место на островот е истоименото село Ахил, кое е мала населба од неколку куќи. Во почетокот на XX век имало 4 куќи, а во 1907 година селото веќе броело 7 куќи. Месното население верува дека бројот на куќите не смее да надмине 11. Тоа е зошто некогаш имало 12 цркви, и поради тоа местото се смета за свето и не треба да го продолжува човечкиот грев. Постоеле повеќе цркви меѓу кои биле: Св. Никола, Св. Георги, Св. Димитар, Св. Богородица, Св. Ахил и др.

Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), ни дава повеќе податоци за овој свет остров за Македонците. За црквите и манстирот Св. Богородица тој ќе го забележи следното:

„Овој манастир се наоѓа на островот Аил (Ахил) во малото Преспанско езеро. Островот е половина час одалечен од брегот на езерото. Тука е историската црква св. Ахил, основана од Самуил. Тука во рушевините има уште 10-на други цркви, а преживееја св. Георги и манастирската св. Богородица.

Манастирот е на јужниот брег на островот. Црквата е „Успение Богородично“. Таа е тврда мала, ниска и темна. За прозорец има само една мала дупка, кон јужната страна. Живописот е зачуван, но не и стариот. И тука фанариотската рака ставила свој отпечаток. Сите написи се на грчки. Над внатрешната врата има грчки напис со дата од 1524 година. Над прозорчето над јужната страна, до самиот аналој, се гледа друг грчки натпис од 1741 година, во кој се говори дека во ефимеријата на поп Трпен  кило жито било 10 гроша по цела Румелија. Во црковниот двор има зграда, висока со седум одаи горе и чардаци, а доле штала и килери. Собите се големи и широки. Таваните и подовите се дрвени, а ѕидовите намачкани со вар и доста чисти. До таа зграда има друга со еден килер, штала и плевна. Одделно има и трета зграда со амбари за жито. Потребни садови  за редовна употреба и примање на гости има во изобилие. Недвижните манастирски имоти се: 10 ниви и едно лозје, од кое прибираат до 50 кила жито и 10 товари грозје. Жива стока има: 4 вола, 5 крави, 4 телиња, 20 кози и 20 овци. Целиот тој имот се експлоатираше од еден селанец, чивчија од селото, кој го користеше на исполица. Надвор од островот, манастирот поседува две ниви: во село Штрково има ниви за 10 кила семе, една ливада и еден ан. Целиот манастирски приход од тој манастирски имот влегуваше на околу 50 турски лири. Чивчијата, кој го држи манастирскиот имот е истовремено епитроп на манастирот. Камбаната е нова и поставена за 4.000 гроша, на средства од американци (преспанци). Свештено дејствува еден од Нивичките свештеници кому му се плаќа 10 лири, но со услов дека ќе го опслужува селото и манастирот само во делничен ден, поради кое секој пат, кога попот ќе пристигне (делничен ден), селаните се во куќи (празнуваат).  Селото брои само 6 куќи – чифлигари на … Киријак од Битола. Целиот чифлигарски имот, што го владее Киријак е некогашниот имот на манастирот, но бидејќи не е стопанисуван грижливо бил присвоен од итриот Киријак. Вината за тоа ја носат црковно-училишните власти.“

Бидејќи островот Ахил е старата престолнина на цар Самоил, некогашна Преспа и бидејќи историската Преспа буди убави спомени од далечното, но славното минато на цар Самоил, авторот смета дека е потребно да даде исцрпни информации и за другите цркви, кои се наоѓаат на тој остров, а кој ги спомнуваат руските професори Успенски и Миљуков, како и професорот Јордан Иванов  кој го посетил тој крај во 1907 година. Со оглед дека и самиот автор го посетувал тој крај тој за црквата Св. Ахил ќе го забележи следното:

„ .. Може да се претпостави дека Самуил ја преправил и раширил црквата Св. Ахил, која била патријаршиска катедрала… Во 1071-1072 година „Великата црква“ била запалена од византиските наемници Алемани и Франки. Храмот во Теофилактово време бил обновен. Тука се случил собор на митрополитите и епископите од Охридската епископија..

Црквата преставува, долга повеќе од 40 м., трикорабна базилика со пиластри, со три абсиди и странични емпори. Пиластрите се на два етажа и прескоци со полукружни арки. Нејзината главна апсида, во која се отвараат три високи прозорци, прават впечаток со своите моќни размери и ја зазема речиси целата широчина на централниот кораб. Од фреските кои на времето ја украсувале внатрешноста на црквата, се сочувани само незначителни остатоци. Таа црква и сега е зачувана во урнатини. Населението ја нарекува „Големата црква“. Таа се наоѓа крај источниот брег на островот, долг околу 1700 м., а широк 500 м. Зачувани се дел од апсидата, дел од северниот ѕид и од преградата меѓу средниот кораб и левиот. .. Основите на соборените делови се забележуваат добро, па по планот може да се возобнови… Со своите 90 сантиметарски ѕидови, со своите размери, Ахилската црква преставува една од најкрупните црковни старини на (македонското) минато. Има остатоци со фрески со грчки натпис.

Од зачуваните натписи најважен е списокот на абсидата со епископствата, подчинети на (македонскиот н.з.) патријаршиски престол. Тој список ќе биде откриен од руската научна експедиција..  Кога бугарскиот професор (Јордан н.з.) Иванов ја посетил Преспа во 1907 година не се познавало ни половина од она што го забележале руските научници. Сето било острането од времето. А уште помалку личеа старините кога во 1910 година јас (Г. Трајчев н.з.) за прв пат го посетив тој крај. Како позитивно прочитани се имињата на епархиите: Видинска, Кефалонска (Главиничка), Берска, Ираклијска (Битолска), Севасфорска (Деволска), Скопска, Средечка и др. Тој список на епархии ќе да е правен кон 989 – 1001 година.

Годишниот собор на црквата Св. Ахил се празнува на 15 мај ст.ст. со најголема свечаност. Три дена по празникот на св. Герман, за тука тече маса посетители, мало и големо, од цела Преспа, како на манастир на поклонение. Иако и самата црква е во рушевини, споменот за неа и славното минато на нејзиниот основател Самуил, живеат во народот и ќе продолжат да живеат се додека суштествува (македонскиот) род во тој крај.“ – пишува Георги Трајчев во својата книга „Манасирите во Македонија“ објавена во триесетите години на минатиот век        

Кон крајот на шеесетите години на минатиот век во црквата Св. Ахил откриена е гробница во која се смета дека е погребан Самуил. Откриени се и други гробници во кои се смета дека се погребани Гаврил Радомир и Иван Владислав. За жал, по поделбата на Македонија, островот е на терторијата на Грција и овие македонски древности, со ова македонско културно наследство располага јужниот сосед.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top