Коментари

Цела неделе биле горени славјанските книги во Св. Богородица Сливничка (12)

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

„Охридскиот грчки владика Мелетиј насилно се обидувал да ги избрише славјанските букви, но откако не успеал ги премачкал со сина боја. По негова наредба во манастирот цела неделе биле горени славјанските книги и други паметници, кои биле скриени во манастирските бочви.“ –   пишува Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

Манастирски комплекс „Св. Богородица Сливничка“ се наоѓа на 3 км од истоименото село Сливница во падините на Баба Планина. Манастирската црква е посветена на Богородица – „Рождество на Пресвета Богородица“. За убавините и богаството на овој манастир  прилепчанецот Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ во триесетите години на минатиот ќе забележи:

„По источниот брег на Преспанското езеро, не далеку од селото Сливница, е смесетен манастирот Св, Богородица, во густите дабови и борови шуми. Патот над селото води крај бујната река, која стрмно се спушта од Пелистерските диплени ограноци, минувајќи крај самиот манастир, за да стигне си силен напон и распенета до езерскиот брег. Околината на манастирот е една од најубавите. Таа е цела обрасната со густи борови и дабови дрва. Високо над манастирот се губат во небесните висини Пелистерските конусовидни врвови, криејќи во своите пазуви, доцна през летото ледени пластови – почетокот на бујни планински реки. Манастирските згради скриени низ густите гори, остануваат незабележани од окото на патникот. Тие се гледаат само кога човекот ќе стигне до нив. Веројатно, таа околност ја имале во предвид и бугарските високи воени власти кои за време на Првата светска војна, тука во манастирот го сместиле Штабот кој ги раководел воените дејствија во таа така наречена меѓуезерска станица – Преспанско – Охридски езера.     

Манстирските згради од сите страни се обградени со вискои камени ѕидови. Зградите наоколу не се многу модерни. Во манастирот се влегува преку две големи и две мали порти. Големите се западната и јужната. На западната страна има зграда, реновирана пред 30 години (околу 1900 г. н.з) од тогашниот игумен монахот Гаврил. Таа има осум соби горе и чардак, а долу штала. Сите соби се добри и  чисти. Тие се најдобри во манастирот. Од кај север има втора зграда пак со осум соби и чардак, а долу штала и визба. Источно има трета зграда со соби со оџаци и чардак, а доле печки и штала. Јужно има два големи чардака, а доле манастирската кујна со голем камин  и големи лажици, визба со големи бочви, кои собираа до 100 товари грозје. И покуќнината  на манастирот е голема. Со неа можат да се услужат над 100 души. Недвижниот имот исто така не е мал. Манастирот располага со голем број ниви, ливади, лозја во околните села и на друго место. Во село Претор има чифлик при метохот „Калуѓери“ за околу 25 кг. семе, лозје за 60 товари грозје и ливади за 30 коли сено и др. Во село Курбиново има лозја за 75 товари грозје; во село Грнчари има ниви за 2 кила и ливади за 15 коли сено; во село Сливница има ниви за 10 кила семе, лозја за 10 товари грозје, ливада за 30 коли сено; во Цапари има нива; во село Рмби има нива; во Битола има два дуќани во „влашката чаршија“; во Елбасан има градина со маслиненени дрва од каде годишно се праќани цели товари масло. Освен тоа манастирот поседува големи простраства гора со бор, даб и бука. Жива стока имаше: 74 кози, 5 овци, два коња, 4 вола, 2 крави, едно коњче, 2 прасиња.     

Ефоријата на манастирот е од околните села: Сливница, Претор и Корбиново, а во старо време манастирот бил управуван од … (патријаршистите) од село Моловиште. Во 1894 година манастирот е сеуште патријаршиски, иако околните 11 села вклучувајќи ја и Сливница се егзархиски. Охридскиот грчки владика Александар го давал манастирот на владеење ту на Маловиштани, ту на разни арнаути кои гледале да го опостушат. Тие грабале и продавале кој колку стигне од имотот. Во 1892 година игумен бил владичкиот внук, албано-елин од Берат, кого (населението – н.з.) го прогониле. Власта, под притисок на грчкиот владика ги убедувал селаните од околните 11 села да го дадат манастирот на грчкиот игумен, но тие не прифатиле.

… Тој беше еден од најбогатите манастири во тој крај но лошо управувам во недалечното минато од   грчкото духовништво, а подоцна и од нашето, така да имотите безобразно биле ограбувани..“      

Манастирот е граден со помош на сите околни села и од населението од подалечните места. Тој од сите страни бил опколен со згради. Се влегувало низ две големи и две помали порти. Во горните делови на зградата се наогале простории за престој на гости. Некои од собите биле сопственост на селата Болно, Љубојно, Герман, Кономлади, Битола, Прилеп, Костур и др. За тоа кога овој манастир е изграден авторот ќе забележи:

„Манастирската црква е заобиколена од секаде со зданија и не голем двор. Таа има правоаголна форма и корабовиден свод. Долга е 8,50 м., а широка 4 метри. Градбата на црквата почнала во 7115 – 1607 година. Живописот е чист и добро сочуван, како во нартексот, така и во храмот. Во нартексот кон северниот ѕид се наредени ликовите на св. Седмочисленици по следниот ред: Ангелариј, Горазд, Климент,  Кирил, Методиј, Наум и Сава. За времето на градбата сведочи …натписот кој се наоѓа во десно на нартексот.

Целиот нартекс е напишан со разни слики. Исто и внатрешноста на црквата е целата насликана. Фреските се интересни по своите оригинални композиции: во крштението Господово, реката Јордан е во вид на водопад. Друг натпис над влезната врата од страна сведочи за времето, кога е завршена работата (1614 г.). Пак тука во десно има натпис од 1645 г. кој сведочи можеби за времето кога е фрескоживописан ѕидот.  На ред со другите слики близу до олтарот стои лик од млад човек, портнетна фигура во интересен костим…. Сигурно синот Михаил Петков е поставен прв во списокот на ктитори бидејќи подарил 9000 гроша.“ 

Според натписот над вратата во манастирот најголемо учество во изградбата на манастирот според дале следниве лица: Михаило Петков од Битола (9000 гроша), неговиот брат Грујо (1000 гроша), Стојко Милев од Сливница, Стојан и Милко од Ротино, Битола (1000 гроша), Тодор од Љубојно, Јосиф од Харвати (Арвати) и еромонах Стефан од Кономлати (1000 гроша), Сотир и неговиот брат Никола од Бохуно денешно Болно по 500 гроша, еромонах Стефан и Михаил и други.

Михаил Петков со голем паричен прилог овозможил да биде изградена и живописана црквата. Множеството мали, солидно изведени композиции во црквата, вешто обликуваните ликови на светителите, а посебно портретот на младиот Купен, покоен син на Михаило Петков, облечен во карактеристична градска онлека украсена со богати орнаменти, покажуваат раце на вешти сликари, кои во почетокот на  XVII  век се уште  успеваат да го одржат нивото на сликарската традиција во овој значаен културен центар.

Во манастирот постоело  училиште во кое учеле и работеле деца од околните преспански села каде учители биле свештениците, а исто така во манастирот се наоѓала голема библиотека, која бидејќи била на славјански грчкиот владика ја изгорел. АвторотТрајчев за грчкиот вандализам ќе напише:

 „Доле, близу до село Сливница, се наоѓа метох на сливничкиот манастир св. Сава и Варвара. Тука се чува  поменикот манастирски, направен од даска со два капака, на кој стојат ликовите на Давид и Соломон. На внатрешната страна во 9 столба, по три на секоја даска имаше напишани со славјански букви имиња на мирјани: Тодор, Милко; селата Хотино (Ротино – н.з.), Триново (Трново – н.з), Волскина (?) – после иероѓакони, иеромонаси, архиепископи (Никола, Костадин), аргиереи (Доротеј, Мануил, Митрофан, Самуил). Славјанските имиња беа размачкани со сина боја (национална грчка н.з.)  и врз неа пишувани имиња со грчки букви. Тој вандализам го извршил охридскиот грчки владика Мелетиј, кој во обид да го избледне секој спомен во (македонците) за минатото на историска Преспа. Достатачно беше со една слаба промивка  со вода, за да се избрише сината боја и грчките имиња. Поменикот беше облепен со кожа и фанариотот Мелетиј го држел цела недела во вода, за да искисне, и потоа насилно се обидувал да ги избрише славјанските букви, но откако не успеал ги премачкал со сина боја. По негова наредба во манастирот цела неделе биле горени славјанските книги и други паметници, кои биле скриени во манастирските бочви.“

Грчкиот вандализам кон македонското културно наследство се бележи речиси во сите манастири во Македонија. 

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top