Коментари

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПРВИОТ НАРОД СОЗДАДЕН ОДЕДНАШ НА СИТЕ ПЕТ КОНТИНЕНТИ

branko-sotirovski

branko-sotirovski

Автор: Бранко Сотировски
www.zetamacedonia.com

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ

Од секогаш, кога се обидувале да ги утврдат фундаментите на човечката цивилизација, истражувачите барале цврста потпора во најдревното минато. И таа цврста потпора ја барале во она материјално наследство, кое со своето симболично значење носи порака, т.е. информација за организираниот општествен живот. Така, со насобраните археолошки предмети кои по нивната систематска обработка носат релевантни научни сознанија, се повеќе се утврдува позицијата дека досегашните научни ставови за „древните цивилизации“ треба да бидат ревидирани. Придружувајќи се кон тој став моето истражување го проширувам со нови сознанија преку прочит на стари записи. Имајќи ги во предвид натписите од сите пет континенти, пронајдов заеднички именител на овие археолошки наоди. Според моето истражување, таа најстара писменост, регистрирана на археолошките наоди, не треба да се нарекува со ниедно друго име освен Македонска. Зошто? Затоа што насекаде се провлекуваше дека тој идентификационен, културен и цивилизациски маркер – името Македонија – од најстари времиња бил во употреба, па дури бил и запишан точно во таа форма – Македониа.

zeta1
Карта на Големата Зета Македонија со центарот на светот Македонија.

Друг показател за повисокото човечко сознание и свест на Македонците кое се провлекуваше низ истражаните натписи, е чувството за светост. Со разработката на наодите, таа светост може да се протолкува единсвено со македонскиот јазик и писмо. Тоа чувство кај древните луѓе произлегува од оние пројави во и на материјалниот нежив и жив свет, кои биле лесно воочливи, затоа што биле повторливи. Таа нивна цикличност го потикнала и стремежот на древниот човек да создава дводимензионални геометриски слики но и просторни форми (предмети), кои би говореле за неговото овоземно присуство во претпоставени идни времиња. Ова предзнаење на идечките идни времиња е показател за длабокото разбирање на процесите во реалниот свет. Древниот Македонец се обидел да ја имитира меморијата на самата природа, а прашањето за појавата на македонското писмо е одгатнато со самото тоа што писмото е „создадено во согласност со природата“.

Доказите за оваа теза одат понатака и се присутни секаде околу нас. Па така, ГЕНЕТИКАТА успешно докажува научно – генетска основа за потеклото на Македонците од времето на Античка Македонија и го потврдува она сознание на секој Македонец за неговото потекло, кое самото се наметнува во неговата свест.  

Она што секој Македонец го чувствува и го носи со себе е ГЕНОТ Божји „ЛАВРОД“. Неговиот Божји ГЕН се состои во тоа да биде Господар-Владетел на Земјината топка, да биде ГОСПОД на Земјата. Македонецот со неговиот ген, како син Божји, роден е од Мајката Земја Македонка оплодена од Бог Татко ИЛИ-ИЛ. Тој е  Господ, кој е рамноправен на својот татко во создавањето на рајот Македониа.

Македонскиот ген се состои во јазикот, писмото и верата. Овие три докази јасно се презентирани во книгата „Зета Македониа“. Книгата не се потпира на квази научни истражувања од квази научници од новоформирани племенски заедници низ денес таканаречената Европа и светот. Тоа е така бидејќи тие се квази теоретичари поради пристрасноста и залагањето на ненаучни тези за докажување на нешто што не се брише, а тоа е Божјата милост и милоста на Господарката Мадон-Мадона во однос на синот Македон.

zeta2

Таканаречените научници веруваат во сопствените измислици за потеклото на сопствениот род и го наметнуваат тоа верување на своите слуги, чија цел е бришење на својот темел како Македонци. Една од нивните тези е и лагата за потеклото на денес таканаречените Грци, кои се всушнот безимени луѓе од семитско арапско потекло, доселено на југот од Македонскиот Полуостров, за кои генетичарите успешно докажуваат дека не се Македонци.

Според писмените докази низ цела Европа, обработени во книгата „Зета Македониа“, Европејците се Македонци. Тоа го докажува јазикот, кој квази научниците го нарекуваат „Индо-европски“. Тоа го докажува писмото ЦУТНО (кирилица и латиница) кое е со старост од најмалку 412.416 години а е сеуште во употреба. Тоа го докажува ВЕРАТА ПРАВОСЛАВНА (под права и најкуса линија  во контакт со Бог). Таа вера е верата во Бог Сонце ИЛИ-ИЛ и верата во РЕИНКАРНАЦИЈА.

Книгата „Зета Македониа“ се потпира на изворните записи, сочувани на камен или коска. Тие записи се направени во период од 412.416 г. во ерата на МАКЕДОНИЗМОТ со продолжеток до денес. Тоа е ерата на бескрајни борби со племенски заедници не воведени во верата Православна за реинкарнација. Тоа се денес племенските заедници воведени и заблудени од извртената вера македонска наречена христијанство-католицизам.

На Земјината топка се е Божјо. Воедно во одреден временски период од македонската историја сѐ е на Големата МАДОН-МАДОНА Господарка. Taa oплодена од Бог Сонце ИЛИ е родилка-создател на рајот на Земјата. Сите добра на Земјата, од страна на Таткото ИЛИ и Мајката Македонка се подарени  на нивниот син Македон. Тој на денот XXI-ви март oд Бог Татко ИЛИ ќе биде прогласен за Зет-владетел, господар односно ГОСПОД НА ЗЕМЈАТА. Тој е смртен бог со верба во реинкарнација по смртта, наречен е единствениот Зет, Илион, Македон Хермес, Дон, Дион, Дионис. Господарот-Господ на Земјата. Со применото слово божјо како јазикот, писмото, верата и науката ќе изврши НУМЕРИЗАЦИЈА-глобализација на светот. Сѐ што е создадено од родителите, и сѐ што е создадено од Господ Македон ќе го евидентира и именува на јазик МАКЕДОНСКИ на сите пет континенти, во временски период најмалку од пред 412.416 г.

Западно-европските квази теоретичари, поддржани од сите останати, со мал број исклучоци, се откажуваат од македонскиот ген, јазик и сѐ што е именувано од Македонците (топоними, хидроними и др.). Се откажуваат и од сопствената македонска историја. Сето тоа се случува уште од периодот на граѓанските војни и самоуништувањето од страна на македонскиот град држава Рим. Македонското писмо, вера, наука и обичаите со мали измени се практикувани до денес, но за жал прикажувани како сопственост и дело на некои измислени племенски групи.  

Сопствената заблуда и заблудата на јавноста е во тоа што овие културни вредности се и нивни, НО прикажувани под друго име, бидеќи тие се откажани од исконскиот ген и род со назив МАКЕДОН, МАКЕДОНСКИ, МАКЕДОНЦИ, тој процес на самоуништување, кој се појавил пред 2016 г. трае до денес.     

Ни останува да бидеме истрајни, да истражуваме и својот придонес и плод од таа истражувачка работа да го насочиме кон промоција, претставување во јавноста на вистините за потеклото и името на Европејците. Поткрепа и поддршка на авторите и творците кои имаат свој придонес тие вистини да испловат. Исто така се јавува и нужна потреба да ја изнесеме и презентираме пораката што нашите предци ја оставиле врежана, а таа е зачувување на своето, негување и грижа на околината, меѓусебните односи, бидејќи нивната мирољубива и животонадежна мисла се провлекува насекаде низ дешифрираните натписи во светот. Човештвото сè повеќе пропаѓа, секојдневно, на духовен и на физички план. Тоа остана без квалитетите кои не прават да бидеме она што сме, луѓе кои во себе носат сонце, луѓе кои се грижат за сојот, ројот и родот Македон и луѓе кои ја сакаат природата и пролетта. Да не дозволиме да нѐдоведуваат од корен да го пресечеме и отфрлиме она за што Македонците се залагале, создавање рај на Земјата.

(Книгата „Зета Македониа“ ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
или на телефон +389 78 264 106).

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top