Коментари

Манастирот Св. Морена бил вандализиран од владиката Мелетиј (13)

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Во Преспанскиот крај, во средиштето на некогашното Самулово царство, на почетокот на XIX век се среќаваат и други манастири, кои се разликуваат по својата имотна состојба. Во книгата „Манастирите во Македонија“, по манастирот Св. Богородица Сливничка, авторот Георги  Трајчев не запознава и со манастирите „Св. Петка“ (с. Брајчино), „Сретение Господово“ (с.Дупени), Св Јован Претеча (с. Рмби), Св. Петка (с. Буковик). Посебен осврт авторот ќе направи на манастирот „Св. Морена“ во Мала Преспа, кој бил подложен на вандализмот на грчкиот владика Мелетиј, за кого вели: „злосторничката рака на грчкиот охридски владика Мелетиус, се уништила, за да исчезне споменот од минатото на Самуиловото царство“.

Во средно имотните манастири во Голема Преспа бил манастирот „Св. Петка“. Малата еднокорабна средновековна црква „Св. Петка“ во центарот на манастирскиот комплекс била изградена и живописана во последниот квартал на XV век. Во еден период била запуштена, а за манастирот Трајчев ќе го забележи следното: „Тој манастир се наоѓа во северозападните поли на Баба планина, … во околината на село Брајчино. Тој е половина час јужно од селото. Црквата е стара, мала и темна (од неопределено време). Живописот е со грчко писмо. Има поменик со грчки и (славјански) имиња  на дарители, запишани без насока, кој каде знаел и каде му текнало. Празникот на црквата е на 26 јули. Тогаш има голем собор од околните села. Наоколу црквата имало зграда со неколку соби, но на 1 јануари 1902 година за време на престојот на една просјачка група од прилепско изгорела. Се предвидувало возобновување на зградата со намера да се отвори пансион и класно училиште во тој манастир за цела Преспа. Недвижниот имот на манастирот беше: околу 40 ниви, ливади и лозја, од кои добиваа 6.000 кг. сено, 20 товари грозје и 100 кг. жито. Жива стока имаше: 50 глави овци и кози, и една крава. Манастирот располагаше и со готови пари, околу 200 турски лири. Се стопанисуваше умешно од селото и имаше амбиции да стане еден од добро уредените манастири, особено ако се отвореше предвиденото класно училиште и пансион. Селаните беа познати по својата љубов кон учењето и својот патриотизам. Мнозина од нив оделе во Америка и економски беа добри.“    

Во Голема Преспа, близу до езерото, на југоисточна насока, … е расположено селото Дупени, а како што пишува Трајчев „во околината е сместен и стариот манастир Сретение Господово.“ Тој ќе забележи дека „црквата е обновена во 1908 година, а осветена во 1909 година…“ Исто така тој додава дека: „Црквата е великолепна градба, со едно кубе и покриена со марсилски керамиди. Внатрешноста е богато украсена со живопис. Иконостасот е од орев, со издлабени фрески и го чинеше селото 200 лири. При црквата има згради двокатни со соби, чардаци и штали. Во една од собите беше сместено селското училиште. Пред години сите згради биле обградени со ѕидови. Манастирот се управувал од селото и е даден на користење од селскиот свештеник. Тој поседува ниви за 40 кг. семе воденица, гора, жива стока: до 50 глави овци и кози, 2 вола. Има и три манастирски куќи во селото. Бидејќи до (Илинденското н.з.) востание манастирот бил под грчко влијание, имотот се експлоатирал со злоупотреба.“

На крај на својот опис Трајчев ќе забележи дека „историјата на тој манастир е непозната“, но дека било „познато е дека селото Дупени било изградено врз основа на стара населба, чии урнатини се забележуваат речиси на секој чекор. Во околината има урнатини нарекувани „Владикови грамади“ – пишува авторот.       

Трајчев се осврнува и на манастирот Св Јован Претеча крај селото Р’мби, Егејскиот дел на Македонија, за кој вели:  „На северо-западниот крај на селото Рмби, во месноста „Горица“ се наоѓа манастирчето Св. Јован Претеча. Во старо време тука била голем манастир од кој најпосле се забележуваат само урнатини од неголема црква. Со грижата на религиозните селани од село Рмби, црквата беше реставрирана и осветена … во 1910 година, при што дојдоа поклониците од речиси цела Преспа. Соборот е на 14 јули (ст.ст.), „Отсекување на главата на Св. Јован Претеча“, каде доаѓа многу свет од околните села.

Исто така тој пишува и за манастирот Св. Петка за кој вели: „Не далеку од село Буковик, … е малата манастирска црква св. Петка. Таа е стара, остаток од некогашен манастир, во кој живееле калуѓери. Црквата е од тогаш по раширена. Нема никакви згради наоколу. Манастирскиот имот е значителен. Тој се користи од селото Буковик, во чија мера се наоѓа…“

Во книгата можеме да прочитаме и за „манастириштата“ во овој крај. Такви како што вели авторот „има во село Арвати, по источниот брег на големото Преспанско езеро. Црквата св. Арангел била некогашен манастир. Таа е многу стара. Посетувана е од разни патници за проучување. Таа служи денес за селска црква. Наоколу има урнатитини од црквите: св. Илија, св. Наум, св. Богородица и до неа многу стари гробишта.“

Во делот за манастирите во Мала Преспа, Трајчев поголем осврт ни дава за манастирот „Св. Морена“, кој се наоѓа во близина на селото Туминец, денес на територијата на општината Пустец, Албанија. За овој манастир кој како и другите македонски светии бил вандализиран од грчкиот владика Милетиј, авторот ќе го напише следното:

„Манастирот е расположен во една живописна котлина, по западниот брег на големото Преспанско езеро… Се наоѓа на 1 час јужно од село Туминец. Манастирот е заштитен од северните ветрови преку високите падини обраснати со зимзелени дрва, ела, смрека,  шимшир и други и иглолисни растенија. Црквата е стара, на името Св. Марена. Таа е реставрирана во 1888 година.

Имало славјански надпис, но злосторничката рака на грчкиот охридски владика Мелетиус, се уништила, за да исчезне споменот од минатото на Самуиловото царство. Тој фанариот ја обиколувал Преспа придружен од зограф и дрводелец. Зографот ги преправал написите од славјански на грчки, а дрводелецот ги рушел ликовите на (македонските) светии. Така тие вандали и тука, во манастирот св. Морена, рушеле, малтерисувале и зографисале. Јасно се забележуваат по сликите новиот малтер и новите натписи. Само над вратата на црквата е останата половината од уништениот натпис, каде што се чита „Света Марена“.

На два – три пата храмот бил опожарен при што е уништен стариот живопис и покривот. Тука и таму се забележуваат слаби траги од стар живопис. Во олтарот и надвор од него има груб живопис од 1888 година со грчки натпис. Над внатрешната врата на храмот имало стар надпис, одпосле избришан.

Црквата е премногу мала, ниска и темна, со мали прозори. Наоколу има три згради со чардаци и соби, а доле штали. Манастирот се управуваше од околните села (Туменец и Коњско) и е во синорот на село Туменец… Недвижниот имот е: ниви за 4 кила семе и гора, а живата стока броеше (во 1910 година) 70 кози, 40 овци, 1 крава и 2 вола. Имотот се експлоатираше од еден селанец, кој имаше обврска да се грижи за манастирот  – да пали кандила, да чисти и мети. Никакви други прислужници немаше во манастирот. Ноќно време тука престојувале овчарите, а дење манастирот бил чуван од едно куче.“        

На крај од овој опис за манастирите во Преспанскиот крај од 1933 година, Авторот ќе не потсети дека Македонија е поделена и дека „ …тука крај манастирот е пограничната точка која која го дели Преспанското езеро и историска Преспа на три страни и иноверни држави: Грција, Србија и Албанија.“

Мора да зебележоме дека авторот Георги Трајчев бил егзархиски инспектор и ги посетувал сите овие манастири, што значи дека добро ги познавал. Иако денес името на манастирската црква Сретение Господово не го сретнуваме во ресенското село Дупени (каде главна и единствена манастирска црква е Успение на Пресвета Богородица), туку се среќава во селото Р’мби, а за Јован Претеча нема записи, сепак ви пренесуваме како што е запишано во книгата  „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top