Коментари

Злосторство и казна со старо новата привремена Влада од СДСМ

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Дали Македонија и Македонците воопшто заслужуваат ваква брука и мизерија, да дојдат на ова дереџе, каде оние што се поим за изрод и дегенерација, да ти бидат во Влада, па одозгора и да те управува. малтретира и намерно упропастува ? Што е многу, многу е па дури и една минута. Беа тие 3 месеци, направија каша попара и еве ти ги пак сега. Замислете си дури сакаат, се надеваат и со помош на Америка дури и да владеат ???!!!???

Зошто ние Македонците молчиме и дозволуваме еротски да не малтретираат поради нивната жед за власт ? Тоа ти е исто како некој си каратист или боксер да најде некого на улица и да го малтретира и да му бара пари, стан, куќа, кола, жена па и деца … и да му дадеш се на три месеци, надевајќи се дека светот ќе увиди како е тој насилникот безобразен и чесно ќе си повратиш она што е твое. Така и Груевски, нека ми извини, ама голема грешка прави.

Што добива Македонија со изборите што реално се занесување и лага, до ете ти сега нов датум, 11 Декември 2106 ? Ништо, апсолутно ништо. Дозволува едни хохштаплери неспособни да им диктира преку Америка, за пусти ронки бајат леб. Се што подмитиле Америте, вратиле дебело илјада пати повеќе а слугите нивни кодоши ги истребиле, приказна стара 222 години која СДСМовците некако не ја прочитале.

Најновата фарса дека ќе има избори и ставање повторно на власт кретени од типот на Спасовски, Ременски па дури и Зекири Исис е ЗЛОСТОРСТВО. Самото неподносливо наметнување и реален настан на нивно владеење е КАЗНА за Македонскиот народ, кој некако многу сака да спие. Од сето ова произлегува ДОСТОЕВСКИ како синоним за нашата немоќ и глупавштина да седиме мирни и заспани. Заборавив дека Достоевски имаше и роман ИДИОТ. Прашањето е кој е ИДИОТОТ ? Знаеме сите. Секој оној што верува во банкротирана Америка, а суперслилата Русија ја игнорира. Затоа Груевски, за да не бидеш главен јунак во романот Идиот, сечи се живо и диво со Америка, покани ги Русија и Путин на достоен начин и ова шарените со комуњарите и Америте ќе бидат збришани како прашина !!! Време за чекање нема, се работи за Македонија. Се досега што си направил, ќе падне во вода.

П.С.

Дај те молам истреби го тој Јолевски, човекот се уште е под опиум, верувал и сакал Македонија да влезе во Евроатланските унституции и НАТО. Ваква халуцинација нема ни кај џанките.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top