Коментари

МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ ВО 2001 И 2015 ГОДИНА

todor-petrov-3

todor-petrov-3

Тодор Петров

“Ако од вечноста можевме да проговориме, ќе ви кажевме дека хероите никогаш не умираат“

26 септември 2016 година, Скопје, Македонија – Во Спортскиот центар “Борис Трајковски“ вчера се одржа традиционалниот Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители, припадници на Вооружените сили на Македонија од 2001 и од 2015 година.

Меморијалниот турнир во мал фудбал и годинава го спроведе Организационен одбор составен од претставници на министерствата за внатрешни работи и за одбрана, и од Здружението на загинатите бранители од 2001 година “Македонски херои“.

Меморијалниот турнир во мал фудбал е под покровителство на Министерството за внатрешни работи и го отвори министерот Оливер Спасовски. На отворањето на меморијалниот турнир во мал фудбал “Македонски херои“ присуствуваше и дополнителниот заменик министер Оливер Андонов.

На турнирот учествуваа 12 екипи, кои своето учество го обезбедија преку локалните турнири низ општините во Македонија. Прво место освои фудбалската екипа од Крива Паланка, второ место фудбалската екипа на Специјалната единица “Тигри“ и трето место освои фудбалската екипа од Битола.

– Задоволни сме од одзивот на фудбалскиот турнир, пријавени беа 14 фудбалски екипи, им благодариме на министерствата за внатрешни работи и за одбрана, директорот на Спортската сала “Борис Трајковски“ и општината Гази Баба за помошта во организацијата. Вечен е поменот за нашите загинати чеда во војната 2001 и полициската акција во 2015 година во Куманово, меморијалниов турнир во мал фудбал како традиционален не’ собира секоја година, со спомен за тие што беа дел од нашиот живот и загинаа за мирот во Македонија, – изјави Владе Стојанов, претседател на Здружението на загинатите бранители од 2001 година “Македонски херои“, чиј син, исто така, беше жртва во војната 2001 година.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top