Коментари

Зошто нема чувари околу котелот со Македонците


Свекрва

Во последните две години Македонија помина низ многу искушенија. Политичка и бегалска криза, влез на криминално терористичка група, обоена револуција, поплава со катастрофални последици, силен земјотрес, преговори и договори за предвремени избори кои опозицијата континуирано ги избегнува.

Само што помисливме дека конечно земјата ќе се смири по предвремените избори закажани на 11 декември годинава, опозицијата повторно се обидува да ги одложи играјќи на картата на етнички тензии и преку нивните привезоци од граѓанскиот сектор кои најавуваат нова шарена револуција.

Сето ова потсетува на вицот за Македонците во пеколот, кој денес парафразиран би изгледал вака. На прашањето на Бога зошто нема чувари околу котелот со Македонците, одговорот бил дека нема потреба бидејќи македонските социјалдемократи не дозволувале некој од Македонците да излезе од таму. Доколку некој се обидел, тогаш соработниците на нивниот лидер веднаш го враќале назад во казанот. А за да се обезбеди некој за да не му избега, за секој случај сега турка двојазичност, за да народот не може да се разбере, а за секој обид за да се излезе од котелот или дури и да се помисли на тоа тука е Специјалното обвинителство.

Секоја и најмала шанса на владеачката партија ВМРО ДПМНЕ која овозможува инвестиции, зголемување на вработување, зголемување на плати и пензии, подобрување на животот, едноставно влегување во „рајот“ (подобра иднина) опозицијата се обидува да ја уништи. Со своите надворешни поддржувачи, кои се хранат со македонските души, опозицијата која на двапати годинава влезе во власта без избори и постави свои луѓе во министерствата, континуирано поставува пречки и се обидува да ги сруши скалите кои водат кон посветла иднина. Тажно, но вистинито, како за Бога, така и за невиниот македонски народ, кој чмае и чезнее за смирен и подобар живот.

Ваква опозиција нема никаде на светот.

Иако со векови македонскиот народ се борел да создаде своја држава, денес кога ја имаме, благодарејќи на неа, тој е на пат да ја изгуби. Заев ветува двојазичност на целата територија на земјата, а Албанците кои го тераат својот национален проект велат или двојазичност или федарализација, што е пак нивниот пат кон поделба на земјата и отцепување и создавање на Голема Албанија. Ако е познато дека ниту едно отцепување не минува лесно, тогаш опозицијата широко ги отвара вратите кон балканскиот пекол. А тука, на самата врата, неминовно се нашите соседи, вечни аспиранти на македонската територија, кои како да ги заборавија поуките од минатото.

Свесни за аспирациите на Албанците и дека самите не се почитуваме, што специјалната на СЈО, како испостава на опозицијата, јавно го покажа во Собранието, кое ја избра, а таа не го признава, едниот сосед, едноставо без да праша и добие дозвола многу порано си постави спомен плочи на Кајмакчалан во Првата светска војна.

Вториот сосед аспирант, кој заедно со бугарските војници од другата страна на границата направија помен на паднатите војници за време на Првата светска војна, се јави, да не биде покусо, со иронични забелешки во врска со името.

Имено гркиот министер за надворешни работи Никос Коцијас, во инервју за грчки медиум ќе изјави дека мерките за доверба дале резултати, дека Грција не сака да се распадне Македонија, но дека „кумот на оваа држава направил грешка во врска со името“. Што значи дека Грција нема намера да го смени својот став во однос на Македонија и дека секогаш може да ја активира својата стратегија за навлегување во јужните делови од македонската територија, доколку Албанците продолжат со својот проект.

Третиот сосед аспирант, на кого му се закануваат истите проблеми, културно со дозвала на нашата земја, беше на Кајмакчалан за да им одаде почит на своите паднати српски војници. Но, за жал, ниту дозволи заеднички помен, бидејќи многу Македонци загинале при пробојот на Македонскиот (Солунски) фронт во септември 1916 година, ниту пак дозволува Македонците да го чествуваат АСНОМ во манстирот Св Прохор Пчински, правдајќи се дека тоа е црковна работа. Отука, може само да се каже, ако сами не се почитуваме, кој тогаш ќе не почитува.

Нашата добрина, не смее никој да ја злоупотребува. Редно е веќе да се каже дека немаме ништо против да се чествуваат вакви настани, но да има реципроцитет и да не почитуваат како Македонци. Зошто ние не сме ни Срби, ни Бугари и Грци. Нас никој не ни го дал името, туку така се викаме со миленуми и ова е наша македонска територија, го сакал тоа некој или не. И тоа што некој некогаш го зел со сила, еден ден ќе го врати по мирен пат. Но за тоа не е потребно да ја отвараме портата на пеколот, како што тоа го прави Зоран Заев и СДСМ, која само така знае да владее, зошто така сите ќе не проголта.

Македонија ја очекува тешка пеколна есен со нови кризи и шарени револуции. Ние сме навикнати и ќе го издржиме и надминеме сето она што доаѓа од надвор. Но опозицијата нема потреба да го прави од внатре, зошто на овој народ му е потребен вистински мир и спокојство. Само со добро, со народни проекти се стекнува довербата на народот, а не со пеколни проекти.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top