Коментари

Победа за животот,односно победа за спас на сопствената кожа

Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Најгодемата опозициона партија СДСМ на чело со аболицираниот лидер Зоран Заев, алијас Бошко Буха, на еден помпезен начин со многу еуфорични слогани за победа на претстојните вонредни парламентарни избори го одржа својот тематски конгрес на партијата под мотото “План за Македонија”

Првите зборови на аболицираниот лидер Зоран Заев, алијас Бошко Буха беа дека на 11 декември оваа година Македонија нема да слави победа на СДСМ, нема да го слави падот на режимот бидејќи тој е веќе паднат, граѓаните истиот го турнаа. На 11 декември ќе го славиме животот.

Тоа е во ред најголемиот опозиционен лидер пред своите членови пред новите изборни соочувања против актуелната владејачка гарнитура на чело со ВМРО ДПМНЕ и нејзинкот ревносен лидер Никола Груевски која една деценија 9 пати едно по друго ја чувствува сласта на победата да најави дека конечнс режимот во нашата земја ќе падне и на таргетираниот датум 11 декември 2016 година ќе го славиме животот.

Зоки уште на самиот почеток правиш со спортски жаргон кажано кардинална грешка во чекори.

Зоки зошто на конгресот го повика твојот мецена и воедно партиски другар Бранко Црвенковски? 3наеме дека тој ти е другар и со медицински речник кажано тој ти е лева и десна преткомора. Но, Зоки точно во времето на владеењето на мецената Бранко Црвенковски македонскиот електорат на своја кожа го почувствува најголемата мафиоашкоо – расипничка политика во 25 годишното опстојување на Република Македонија како самостојна држава.

Под палката на Црвенковскипри крајот на 90-тите години од минатиот век се случи најголемиот грабеж каде на баскрупулозен начин се изврши најголемиот “арамилук” со продажбата по багателни дампинг цени на тогашните претпријатија со општествен капитал.

Како кула од карти пропадна пирамидалната штедилница ТАТ од Битола каде пропаднаа милконски заштедени сум во тогаши марки на голем број на македонски граѓани. Ветениот октопод од страна на Црвенковски се уште нема свој крај.

Најголемата лага на Црвенковски беше на митинзите за тогашните редовни – парламентарни избори во сега далечната 2002 година. Во оваа прилика само да Ве потсетам дека Црвенкоски нагласуваше: “На 15-ти септември овој народ ќе ја земе судбината во свои раце”. Црвенковски ветуваше вработување на барем еден член од секое семејство.

Не поминираа преку 600 судии во сите Судови во Република Македонија.

Сума сумарум 4- губитнички потези на мецената Б.Ц.

Зоки која е твојата победа за живот?

Дали тоа ќе биде победа да се ослободиш од сите твои кривични дела за кои треба да одговараш пред судските органи во вепублика Македонија.

Да одиме таксативно по ред.

Во 2008 година аферата наречена струмички “Глобал” со проверка на милионска сума на евра. Награда за тебе беше аболицијата к.оја ти ја даде тогашниот Претседател на Република Македонија, Г-динот Бранко Црвенковски.

Второто дело е твоето кукавичко и шлионско делување каде со снимени телефонски разговори со локални и функционери од извршната власт сакаше во буквална смисла на зборот со помош на меѓународно медијаторство на зелена маса да дојдеш преку ноќ на власт.

Зоки Македонија е демократска земја и единствено само за избори може да се дојде на власт.

Добро е да се има силна опозиција која ќе биде секогаш коректив на власта и со една добро обработена програма на избори да го убеди македонскиот електорат да го даде гласот токму за Вас и Вашата партија во целина.

Трето Ваше кривично дело е барање на поткуп од 200.000 евра на локален бизнисмен за легализација на државно земјиште.

Зоки актуелната владејачка гарнитура секоја година ја зѓолемува најниската плата. Се вложува во инфра структурни проекти. Најмногу се вложува во патната инфраструктура. Во сите градови се отвораат слободни економски зони каде катадневно влегува свеж странски капитал. Се вложуваат финансиски средства во здравството и образованието. Со финансиска инфузија на Владата се овозможува вработување на млади лица до 29 годишна возраст да отворат свој бизнис. Пензионерите ќе добијат покачување од 5% на своите пензии започнувајќи од ноемвриската пензија.

На крајот Зоки немој да зборуваш за некоја победа на животот. Тоа, 3оки не пали кај македонскиот електорат кој истиот бара чесни политичари со издржана програма.

Македонија на трнливиот пат до ЕУ и НАТО не сака да ја водат криминалци со тешки кривични дела. Тоа време Зоки помина и нема враќање назад.

Единствен заклучок од твојот последен говор на тематскиот конгрес на партијата е победа за спас на сопствената кожа.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top