Коментари

Кога си Македонец тоа е безусловно!

Клаудија Лутовска

klaudija
Клаудија Лутовска

Оној кој ја сака искрено својата земја, оној кој ја чувствува судбината на својот народ, оној кој знае да се идентификува по националност и цврсто да застане и да каже со гордост, ДА ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ- тој е Македонец и сиромав и богат, тој е Македонец на сите меридијани, тој е Македонец во секој момент и во секоја капка крв која тече во неговите вени, тој е Македонец и по своите предци и по своето поколение.

Генот и националната свест не се на берза, па да тргуваме со нив. Говорејќи го својот јазик, раскажувајќи и сведочејќи за Македонското време и историја, пеејќи ги песните на Македонски јазик, верувајќи во Бога, е придонес за оваа земја, за Македонија.

Треба да бидете на политичка функција? Треба да работите за владата? Зарем е тоа услов да се придонесува за Македонија?

Треба ли да ви платат за да бидете Македонец. Господе?

Оваа земја ги има своите чеда, кои се повикани на својата Македонска мисија, да создаваат и оставаат печат. Колку Македонци го оставија печатот за Македонија во своето време за да сведочи низ вековите и да корне од душа со повик да се сочува традицијата, Македонската култура, Македонскиот идентитет.

Селата ни се опустошени, некој бил доволно вреден и ни ги испразнил Македонските села и куќи, пропагандата за ,,неработење„ и ,,возот браќа тргнува„- возот кој ни ги расселуваше по белиот свет – се распадна. Сега е Македонското време кога никој неможе да ни ја сопре силата која надоаѓа како аманет да сочуваме се што е наше.

Ние сме создавани со векови, постоиме и сме дадени од Бога, да не има светот како парче земја, и како народ со голем дух и љубов. Затоа браќа и сестри по земја родилка, не парчете се, оваа земја е столбот а, ние силата и моќта која треба да сочува и да гради и создава.

Зарем им требаше на браќата Миладиновци услов да ја направат кирилицата и да описменуваат, зарем им требаше на Илинденците да им се кажува како се бара слобода за Македонија, зарем им требаше на амбасадорите по песна Васка, Сариевски, Тоше да освојуваат со Македонска песна, зарем им треба на спортистите кои ги бранат боите на Македонија услов? Зарем на една старица и е потребен мотив и услов да им раскажува на своите внуци за Македонија и Македонските Јунаци? Или на Митрополитот Кирил, требаше ,,некој„ да му каже како да ја сочува Македонската Православна Црква?

Да се биде Македонец е безусловно!!!

Ние сме како прастара книга, која ја дуваат силни ветришта и сакаат да и ги испревртат страниците, но некој толку силно ја составил и напишал, што тоа секогаш е безуспешно, тоа е духот Македонски кој постои и ги пара ноздрите на секој минувач низ оваа земја. …

Затоа да сочуваме и да создаваме. Бидејќи тоа ни е во гените и во крвта Македонска.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top