Коментари

ДА ЖИВЕЕМЕ ЗАЕДНО КАКО ПРОЛЕТТА

branko-sotirovski

branko-sotirovski

Автор: Бранко Сотировски
www.zetamacedonia.com

Вистината е една, од оваа вистина се започнува. Оваа вистина е вера во единствениот Бог Сонце ИЛИ, Мајката Мадон – Господарка и синот по татко Илион по мајка Македон – Господар Господ на Земјата.

Вистината е една, а таа е светото или светлото тројство содржано од Бог, Мадон и Македон.

„Нашето ПОСТОЕЊЕ во овој свет не е производ на некаква слепа случајна еволутивна сила, туку на љубовен животодавен ПОЧЕТОК.“ (Отец Ивица Тодоров)

Тој почеток Македонците од искона го чествуваат на ден XXII-ри декември, денот на ЛОМ, прекршување на денот (времетраењето на ноќта се намалува, денот се зголемува), и XXII-ри март, (рамниот ден со ноќта), денот на пролетта. Тој почеток го нарекуваат „Божја Мајка“ или Мајка на Богот. Мајката божја никогаш не е родена и никогаш нема да умре. Составена е од светло и темно, (светлината е темна, темнината е светла). Мајката го раѓа Божјиот поглед, кој се вселува во усните на мајката Елена, која ја раѓа вселена и тоа со сите сонца во неа, како едно божество, а околу секое сонце раѓа по една Земја Мадон -Господарка.

Сонцето наречено ИЛИ е нашиот татко, кој во себе го содржи СЛОВОТО. Словото е дух божји Илион – Македон, кој се наоѓа во вкупната нежива и жива материја во универзумот. Нашиот Бог Сонце ништо не создава. Tој како татко ја оплодува Земјата Мадон – Господарка, која ја раѓа вкупната жива природа наречена ИС-ИСУС со синот божји Македон во неа.

Синот божји новороденото бебе ИС, на ден XXII-ри март е младо момче наречено ЗЕТ. Зет Македон е едиствен кој го прима словото Татково – божјо, од врвовите на планините под права најкуса линија, за слава на својот Татко ИЛИ, мајката Мадон и синовите божји Македонците. Тоа предземање на словото од својот татко наречено е ПРАВОСЛАВИЕ. Оттука е почетокот на нашето постоење, денот кога Зетот го прима словото или УМОТ божји.

Тоа е суштината на нашето постоење, на народот Македонски, а тоа е сооднос помеѓу таткото, мајката и синот. Тој сооднос е ЖИВОТ, ЉУБОВ и ЖРТВА. Бог е болка за живот, љубов и жртва.

Суштината на нашето постоење се овие три светости, што претставуваат словото божјо. Ние треба да ги сочуваме од сопствените одродени браќа, групирани во посебни племенски заедници, кои се најголеми противници на својот Татко Сонце ИЛИ, Мајката Мадон – Господарка и народот Македонски.

Одродените Македонци посакуваат да го предземат словото божјо од Зетот но неуспешно. Вкупното божјо знаење, како слово божјо, Зетот го пренел на својот род Македонци, по словото наречени СЛОВЕНИ. Потоа целото божјо знаење го сокрил во вид на геометриска слика, цртеж на карпа или цртеж во вселената.

Бог Сонце е видлив, неговото слово е тајно. Единствен народ кој го знае словото божјо и секојдневно го прима се Македонците наречени ВЕЛЕНИ со значење фалени и СЛОВЕНИ.

sozdavnjeto-na-makedonskata-civilizacija
Шемата е предземена од книгата „Зета Македониа” од Бранко Сотировски на страна 23

Во народот македонски ќе се појават самопрогласени „Зетовци“ владетели, за остварување на  ситни интереси. Ќе се појават и нивни поддржуачи, кои ќе внесат меѓу Македонците, верување во погрешен зет, кој ќе шири само страв од нешто што го нема. Тие се одрекуваат од Бог Сонце ИЛИ, се одрекуваат од сопствениот род ЛАВРОД, се прогласуваат за лажен-самосоздаден „народ“. Нивна единствена цел е уништување се што е македонско и уништување на сопствениот корен. Македонците со одбрани поединци ќе се борат за докажување на единствената вистина. Вистина за постанокот на светот, јазикот, писмото, науката и верата македонска, како корен или основа на сите јазици, писма, и религии во светот…

Поради комплексноста на темата, за подетални информации во врска со податоците, термините и поимите во овој текст, може да се информирате на страната www.zetamacedonia.com или да ја прочитате книгата „Зета Македониа” од Бранко Сотировски. Книгата може да се нарача кај авторот, по меил
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
и по телефон бр. +389 78 264 106.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top