Коментари

Стари фаци за пратеници


Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Пред неколку денови во нашата земја дојде Јоханес Хан – Евокомесарот за проширување каде во разговор со 4-те лидери на најголемите политички партии од македонскоот и албанскиот политички естаблишмент (Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи) се поставија контурите за одржување на вонредните парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември оваа година.

Со тоа, се затвори маневарскиот простор од избегнувањето на изборите на аболицираниот лидер на плавите момчиња Зоран Заев, алијас Бошко Буха или уште т.н. Зоки фантомчето. Зоки се обиде и успеа со помош на Меѓународниот фактор на 2 пати да ги пролонгира изборите (24- април и 5 јуни).

Се констатира со вкрстената и теренска проверка дека нема фантомски гласачи. Се формира ад-хок телото за следење и контрола на медиумите.

Сега останува зајчето со спортски жаргон кажано да ја формира листата од 20 потенцијални пратеници во сите 6 Изборни единици.

Многу интересно ќе биде дали Зоран Заев, алијас Бошко Буха ќе биде предводник на опозиционата листа во 6-та изборна единица каде поголемиот број на гласачкото тело се од албанскиот политички камупс. Познато е дека во оваа Изборна единица секогаш силите си ги одмеруваат лидерите на албанскит политички партии.

Во своите настапи зајчето алудираше дека треба постепено албанскиот јазик да се употребува во целата земја и еден вид да биде втор официјален јазик. На неколку телевизиски дебати самиот Заев нагласуваше дека плавите момчиња имаат шанси да освојат повеќе албански гласови од сите албански политички партии во нашата земја.

Во наредните денови треба да очекуваме и понуда на Заев за заеднички настап на вонредните парламентарни избори со вонпарламентарните албански партии.

Во оваа прилика можам да нагласам дека како прилепчанец дека почнаа да се спомнуваат и личностите кои ќе бидат номинирани од страна на прилеп ската опозиција, и тоа: На прво место се актуелните пратеници во Републичкото собрание и тоа Кординаторот на пратеничката група на СДСМ, Г-динот Горан Сугарески и приватниот бизнисмен и универзитетски професор, нарцисоидната личност Хари Локвенец. Во оптек се пуштаат имињата на екс лустраторот Благоја Гешоски, актуелниот прв прилепски социдалдемократ Сашо Велески-Веле со, некогашниот прв човек на СДСМ во Прилеп и актуелен советник во Прилепскиот Градски совет, ортопедот Илија Јованоски, некогашниот кандидат за градоначалник и универзитетски професор Тони Петрески. Исто така за кандидат за пратеник се спомнува и нецивилизираниот адвокат Жарко Стеваноски, предводникот на здружението Протестирам каде истиот со јајца и мрсна боја направи голема штета на новата Општинска зграда во Прилеп. 

Во оваа прилика Социјалдемократската потенцијално прилепска пратеничка комбинаторика никако не се вклопува со екс Градоначалникот, докторот Сашко Пирганоски кој во неговиот период (2000-2005) година кога беше татко на Градот под Марковите кули со своето финансиско цунами во општинската каса направи со медицински жаргон кажано психијатриска обработка на своето партиско членство.

Господа ова се политички истрошени личности и добро познати кај прилепската јавност со нивните губитнички потези. За победа треба нови личности кои се чесни и немаат “лузни” во своето работење. Во спротивно на вонредните парламентарни избори ќе добитете нова изборна шлаканица и тоа 1о-та по  ред. Исто како студентска 10-ка. Студентот ако добие оценка 10 се констатира дека успешно ја научил лекцијата. Во конкретниот случај за Вас ќе биде 10-ти едно по друго пораз било да се работи за локални, парламентарни или претседателски избори.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top