Коментари

Роковите течат, дијаспората почна да се пријавува за гласање за претстојните избори

mane jakovleski 1

mane jakovleski 1

Манојил (Мане) Јаковлески

„ДИК ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, да се пријават за гласање за претстојните предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија. Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб-страницата на комисијата“ –  соопштуваат од ДИК.

Според Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со 24.10.2016 г. до 14 часот, вкупно 540 граѓани на Решублика Македонија кои се на привремена работа или престој во странство ја искористиле можноста за пријавување преку електронската апликација на веб страницата на ДИК за гласање за претстојните предвремени избори. Како што соопшти ДИК, вкупно 217 пријави се прифатени, 19 се одбиени, а 304 пријави се во фаза на обработка.

Роковите течат, а Државната изборна комисија ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство да се пријават за гласање за претстојните избори. Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.sec.mk.

Пријавувањето во Дипломатско ­конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство, односно во конзуларните канцеларии, ќе трае до 11 ноември 2016 година, а во истите гласањето ќе се одржи на 10 декември (сабота) 2016 година, согласно со сметањето на времето во соодветната земја.

Се очекува дека за изборите на 11 декември околу 20.000 гласачи од дијаспората ќе се пријават за гласање. На последните парламентарни избори во 2014 година, најголема излезност имаше во Европа каде гласаа 8.614 гласачи, потоа во Северна Америка 1.845 и во Австралија каде гласа 982 гласачи. Што значи дека во просек во дијаспората излегуваат нешто повеќе од половината од пријавените.

Во пресрет на овие избори постоеја инцијативи од опозицијата да им се одземе правото на македонските иселеници да гласаат на овие парламентарните избори во Република Македонија. Нешто што не е беше прифатливо и значеше непочитување кон оние кои имаат континуиран и огромен придонес за Република Македонија. Всушност дијаспората која е клучен партнер на Република Македонија за унапредување на државата во сите полиња, особено надворешната политика и економијата, некој сакаше да ја исклучи.

Сепак, тоа не се случи. Но, со последните измени на Изборниот законик, пратениците од дијаспората ќе се избираат по пропорционален модел во една изборна единица. Потребниот минимум гласови за да биде избран пратеник од дијаспората е 6.400. Тоа значи дека дијаспората може да има максимум тројца пратеници.

Дијаспората отсекогаш внимателно ги следела настаните во татковината и секогаш кога било најпотребно таа го знаела правиот избор, а тоа е татковината пред се`. Таа не ги сака оние кои се спремни да виткаат кичма и затоа подршката ја даваат на оние кои со гордост го носат македонското име.

Сега е време на сплотување на Македонците во дијаспората и масовно излегување на изборите за да се заштитат интересите на македонскиот народ и македонската држава.

Само единствени Македонците можат да ја изберат опцијата која може да каже НЕ за промена на името и идентитетот, НЕ за дестабилизација на земјата, туку за мир и просперитет на Македонија. Сега е време да се зададе вистинскиот удар на оние кои Македонија ја гледаат поделена и федерализирана, со сменето име и идентитет. Сега е време да се одбере вистинската опција. Време е да се каже доста на уцените.

На 11 декември македонските иселеници можат да кажат НЕ на оние кои работат на разнебитувањето на земјата – промена на името и федерализација на земјата, на оние кои ја втурнаа земјата во политичка криза само за да дојдат на власт без иџбори. На 11 – ти декември својот допринос тие можат да го дадат со уште помасовно, поединствено и похрабро изјаснување на изборите за оние кои се вистински чувари на македонската држава, за оние кои работат на нејзиниот просперитет. Со тоа ќе потврдат уште еднаш дека Македонија им е пред се` и дека за иднината на Македонија одлучуваат и тие, македонската дијаспора.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top