Коментари

Анамнеза

Д-р Мери Георгиевска

Заев и неговите се во стапица. Одамна. Шарените беа најголемиот доказ дека се во стапица. И СЈО знаеме дека постои за и поради нив веќе една година. Доколку СЈО имаше докази за криминални дејствија за некого од владеачката гарнитура, до сега ќе ги извадеше на виделина. СЈО со Заев тонат во жива кал. Овој пат изборите се неизбежни. Но според нив, изборите можат да станат помалку извесни, или нивниот резултат повеќе неизвесен доколку му ја скршат едната „нога“ на ВМРО ДПМНЕ.

Е па тоа не може да се случи ни во нивната најлуда свест. Лудилото ги обзема. Политичка партија без програма и без насушна интелигенција преоѓа кон класична субверзија на само  пет- шес, седум недели пред 11-ти Декември. Ништо чудно и необично за партија која е во фејдаут. Секојдневните понижувања ќе станат нормална појава за нив во предизборната кампања. Проблем е што нивната предизборна анти-кампања трае уште пред да се распишат првите избори. А тоа е од причина што нивниот имунитет е толку мал, што веќе немаат време да ја примат ни последната вакцијација. Нивната последна вакцинација ќе биде од оние хит вакцини- „пет во едно“. Одеднаш, на 11-ти Декември вечерта, ќе дознаат за нивниот The End. Не само што ќе изгубат на избори. Тое а веќе одамна јасно. Они губат углед, иднина и разум. Играат лош филм чие премиерно покажување ќе остане без публика.

Премногу нелуѓе на премногу места и во претеран број на случаи, најбезобразно ги погазија основните вредности на човекот и човештвото. Погазија сè што се вика правила на игра, како и основно човечко воспитување. За смисла на политичко однесување, да не праиме муабет. Тоа одамна се гледа по нивните настапи во Парламентот. Ова што сега се случува може да го стори само група луѓе чие лудило ја постигнува последната фаза.
Фашизоидно, лидерот на опозицијата, човекот кој ќе јаде живи луѓе, човекот кој на криминален начин направи 220.000 евра, човекот кој нелегално располага со над еден милион „бомби“, човекот кој не објави ниту една бомба во која се сместени налудничавите заговори на неговата комуњарска елита, човекот кој сега треба да е во затвор наместо на слобода, излегува и ладнокрвно изјавува дека треба да се апси и дека ќе се оди во затвор. Момент на заплашување, манипулација, субверзија. Ништо необично. Не ви е сомнително дека паралелно на тоа грчкиот претседател ја заострува реториката и по втор пат изјавува дека Македонија е грчка?! Дали тоа значи дека лидерот на СДС и Павлопулос ни објавуваат војна? Таму ли лежи зајакот? Па одамна знаеме дека зајакот лежи во водите на течението на Вардар.

Неговата анамнеза која е веќе ултра транспарентно и со години посведочена, ни продава урда за бурек со сирење- омилената забава на нивната политичка елита. Како недостаток на идеја и ум, нивната идеологија спакувана во целосно лудило или целофан револуција, води кон сигурна загуба на изборите, но уште посигурна загуба на самите себе. Истата, за жал, може да води и кон насилие, како во буквална смисла, така и насилие над мислата, здравиот ум и разумот.

Приказната на СДС и нивниот лидер гласи:

Нивната идеја не ја предводи еден класичен гениј на глупоста. Овде се работи за идиот-велемајстор на сопственото лудило. И тие, идиотите-велемајстори никогаш не се сами. Тие се секогаш опкружени со луѓе кои им ласкаат, како кандидати за идни идиоти во нивниот иден вредносен систем на идиоти државници.  Колку е поголема тајфата околу него, толку тој е поголем идиот кон што се стреми па и по цена на милион човечки животи, уништување на цела една држава, на цела една историја што е сурово најстрашно дури и за најдисконектираните од совеста и свеста-  нивната Татковина. Кои се тие пари со кои можеш да ја предадеш Татковината, својот народ и сопствената иднина?
Тој постанува квази-лидер- силеџија кој сака милом или силом да дојде на власт, но само под еден услов. Да нема избори на 11-ти Декември. Зошто ако има, ќе треба да си пука бомба и во другото колено.
Дали овие неталентирани опозициско-лузерски суштества сметаат дека еден млад и образован човек, граѓанин на Република Македонија, е слеп при очи и глув при уши пред нивните одвратни сценарија, полни горчина, загуба и предавства,и тоа НЕ наместо идеја, туку веќе транспарентно ВО ВИД НА ИДЕЈА. Тоа е нивната идеја. Дрско! Тоа е нивната политичка програма. Дрска! Веќе ја обелоденија. Го обелоденија предавството!
 
Порано тоталитарните социјал-комунистички режими ја покажувале нивната моќ правејќи одредени глупости и терајќи ги луѓето да им аплаудираат.
Сега истите, одамна мувлосани тоталитарни комуњарско-фашистички wanna be лидери ја инаугурираат глупоста како своја програма, за да го загадат мислењето какво такво или да му згадат на човека живот кога ќе ги здогледа на ТВ, токму нив – Лидерот на глупоста и Вештерките од Иствик.

Како резултат на горе наведениов приказ во вид на приказна, тие се однапред осакатени да направат било што, па макар и зло. Макар и насушно зло за кое копнеат. Нивното насушно зло е Македонија! Тие се плашат ко ѓавол од темјан од опстанокот на Македонија.
Они не се способни за демократија, зошто демократијата подразбира слободен избор, а слободниот избор е размисла. Размислата е резултат на коефициентот на интелигенција.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top