Коментари

Граѓаните ќе одлучуваат меѓу оние со лажни ветувања и оние кои имаат принципи


Свекрва

На 4 ноември 2004 година САД ја призна Република Македонија под уставно име.  Десет години потоа, во септември  2014 година, непосредно пред доаѓањето во Македонија, новоименувааниот амбасадор на САД во Македонија Џес Л. Бејли пред Комитетот за надворешна политика во Вашингтон  неочекувано изнесе став со кој го негираше постоењето на македонскиот народ.

Во Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД, амбасадорот Бејли, како што тогаш е пренесено, бил прашан од сенаторот од редовите на демократите Крис Марфи: „Дали  имате сознанија за некои неодамнешни загрижувачки прашања поврзани со етничките притисоци во врска со македонското етничко помирување што е клучен елемент на долгорочен регионален мир на Балканот? Имате словјанско мнозинство и албанското малцинство и извештаи за растечки тензии, но, исто така, се споменува и Охридскиот договор.”

На ова Бејли одговорил дека Рамковниот договор за мир го означил крајот на граѓанскиот конфликт и придонел за активно учество на албанското малцинство во владеењето со земјата, но и дека „во структурата на македонското општество покрај Славјани и Албанци, се и Турци, Роми и други“. Но никаде не го спомнал македонскиот народ!

Уште недојден во Македонија тој тогаш го навреди македонскиот народ, поради што веднаш Министерството за надворешни работи на Македонија го повика заменик амбасадорот на САД во земјата и му упати вербална нота поради несоодветното именување на М;акедонците.

Во тој момент тоа беше шок и новина за негирање на македонскиот народ од страна на САД, покрај постоечкото од страна на Грција, Бугарија и ЕУ. Само за потсетување, тогашниот амбасадор на ЕУ во Скопје, Аиво Орав пред Комитетот за надворешни работи во повеќе наврати употреби термин Славјани Славјано-Македонци.

Домашните експерти во тие моменти не веруваа дека се работи за незнаење, бидејќи Бејли беше дипломат во Турција, па многу добро ги познавал условите на Балканот. Набргу тоа ќе се потврди и амбасадорите на САД и ЕУ ќе се најдат во центарот на настаните во Македонија.

Неколку месеци потоа, по доаѓањето на Бејли во Скопје, во февруари  2015 година лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е подготвен да го смени името, под заштита на чадорот ја фрли првата бомба со која го обвини раководството на актиелната власт за прислушкување на над 20.000 граѓани. Следуваа и други бомби, па мајските настани во Куманово, Пржинските договори, техничка влада, Специјално јавно обвинителство, договор за предвремени избори кој поради неуспехот на обоената и шарена револуција, се пролонгира за 11 декември 2016 година.

Тоа е типична специјална војна која имаше за цел да ги дискредитира водечките личности на владеачката ВМРО ДПМНЕ и да ги парализира институциите и капацитетите на земјата за справување со надворешните и внатрешните закани. Всушност, ако се види погоре посоченото сите преземени акции, вклучувајќи и насочувањето на бегалците и мигрантите по таканаречената балканска рута, беа во контекст да се ослабе земјата, што најпосле ќе доведе до промена на владеачката структура со личности кои се спремни да прифатат промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

Сепак, виталноста која ја покажа македонскиот народ и неговата држава ги изненади сите кои беа инволвирани во спроведувањето на ова сценарио. Искален низ вековите, народот кој поминал многу искушенија едноставно не дозволи некој да си игра со нивната иднина. Со негова поддршка владеачката ВМРО ДПМНЕ создаде здрава бизнис клима што од друга страна привлече бројни странски инвестиции. Според Луц Ромејер, менаџер во инвестициската банка Ландесбанк Берлин, Македонија покажа дека е земја со политички превирања сепак може да продаде еврообврзница и да привлече инвеститори”.

Во услови кога анкетите покажуваат висок рејтинг на ВМРО ДПМНЕ и сигурен успех на предвремените парламентарни избори, менаџерите на политичката криза во земјата ќе се обидат да создадат амбиент кој ќе доведе до такви изборни резултати од кои мора да произлезе влада на широка коалиција, спремна за остапки во врска со името. На тоа посочуваат не само активностите во земјата туку и пораките од соседството. Грчкиот претседател без да биде со ништо предизвикан веќе во неколку наврати од Солун и Воден, ќе порача дека Македонија е грчка.

Меѓутоа, никој нема право да го спори идентитетот на било која група и на било кое население. Така и Грција не може да му го одземе правото на Македонците на сопствениот идентитет, јазик, култура и културно наследство. Треба некој многу добро да објасни зошто на Македонците му се негираат правото на овој термин.  

Сепак, на предвремените избори на 11 декември не одлучува ни Бејли, ни ЕУ, ни Атина, Софија и Тирана, туку одлучуваат македонските граѓани во земјата и дијаспората, кои треба масовно да гласаат и да кажат во каква земја сакаат да живеат. На овие избори тие одлучуваат за Македонија или против аманетот на своите претци. САД е стратешки партнер на Македонија и неговата администрација 12 години по признавањето под уставно име на земјата треба да ги помогне, а не да дозволува игри спротивни на интересите на Македонците.

Во тој контекст, во интерес на македонскиот народ, лидерот на ВМРО ДПМНЕ го вели следното: „граѓаните знаат дека ние нашиот збор го остваруваме и дека може да ни веруваат. Заедно ќе направиме многу повеќе. Нашата борба за напредок во секое поле продолжува. На овие избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу оние кои даваат лажни и нереални ветувања, кои шират манипулации, деструкција и секој ден се натпреваруваат во тоа која поголема лага и невистина ќе ја објават, и нам кому граѓаните може да ни веруваат, кои имаме програма, цел и принципи до кои се држиме.“

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top