Коментари

Афера и заговор!

kostadin-kepricovski-22

kostadin-kepricovski-22
Костадин Керпичоски

Тие пријатели имаат недостик на мозочен капацитет. Немаат соодветен(никаков) кадар, немаат професионалци во својата или било која област ама затоа пак имаа лажови со тапија и извонредни контакти со подземјето како во Македонија така и надвор од Република Македонија.

Со име и презиме нема потреба, не е еден, илјада и еден се, едниот зборува за другиот, меѓу себе се оговараат, креираат нови теории на заговор испишуваат нови црни сценарија за државава!

Како викаат, карма е брат, па наместо на државата им се врати во партијата, како и да е, таму нека им е!

Всушност поенатава е друга, работава е што тие немаат ништо а сепак имаат луѓе кои навистина се експерти за мртви лица, за оние кои починале, дури верувале или не, овие знаат повеќе од починатите ама само и само од како ќепочинат!

Значи, во превод, чекаат некој да си замине од овој свет и да неможе да им одговори и потоа почнуваат со зборување, пишување, објавување биографии, докажување, обвинување и оцрнување на таа личност.

Потенцирам, само и само од како лицето ќе си замине од овој свет, во спротивно може да им врати некој нешто па да се усрамат!

Последниот пример со Јордан Мијалков за кој зборува осуденик со веќеизлежана затворска казна е вистински пример за ова што јас до сега ви го збрував.

Човекот е вујко на Никола Груевски, починат е пред повеќе од 25 години, неможе ништо да им врати барем не од тука на земјата и сега тие за него знаат повеќе и од тој самиот за себе.

А каде е кредибилитетот да зборува таа личност за некого со голем рејтинг и углед после толку години од како го нема меѓу живите?!

Луѓе, кармата постои, ви се врати во вашата партија пред распад СДС антимакедонска….

Не, јас сакам само да ви кажам , има бог и голем е бог!

Што знам,јас барем мислам дека со такви ликово како Слободан Цобе и со ликови од подземјето ништо нема да направите а особено не да добиете извршна власт во една држава или да ја срушите истата!

Со вашите закани кон секој и сите?!

Па со тоа може да замолкните еден или двајца ама не и 500 000 гласачи, браќа и сестри Македонци кои неизмерно и безрезервно веќе десет години ја даваат својата поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија!

Уф, ќе заборавев, овој Стојан(стариот) бил експерт и писател па така кога некој ќе умре веднаш Стојан за него вади книга, биографија и автобиографија и докажува на читателите како тој го надмудрил и надиграл, го решил во два потези а тие дефинитивно никогаши не се виделе!

Всушност на ваков начин, со очајнички обиди СДСМ се обидува да се приближи до владеачката партија а несфаќа дека само губи и губи.

Незнам како не им е јасно дека црната кампања онаа плукашката не им носи резултат.

Ги разбирам некои, ама не ги разбирам тие околу него, или тие главните во СДСМ или пак тие консултантите кои им земаат пари за продавање на магла, нив не ги разбирам!

Всушност , можеби е попари и окуби како што рекле постарите ….

На крај, СДСМ е организација која е најмоќна за креирање на теории на заговор и воспоставување контакт на лица со други лица од подземјето, политичари и криминалци и политизација на институциите!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top