Коментари

СДСМ нема што да понуди за овие избори


Свекрва

На 17 Конференција на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, која се одржа во неделата во спортскиот центар „Борис Трајковски“, лидерот на партијата Никола Груевски изјави дека „лидерот на СДСМ, Зоран Заев нема што да понуди, и во овој момент тој и самиот е свесен дека ќе ги изгуби изборите кои престојат“.

Дека Груевски е во право кога вели дека СДСМ нема што да понуди покажа објавувањето на „пратеничките листи на СДСМ  и коалиционите партнери и на граѓаните на Македонија“ По двегодишна офанзива и припреми за да ја смената владеачката ВМРО ДПМНЕ, опозицијата за престојните парламентарни избори излезе со листи на кандидати на пратеници кои најавуваат целосно фијаско на политиката на Зоран Заев и неговите поддржувачи.  Ваквата листа во јавноста е протолкувана како чиста глупост, знак на немоќ и обид за шминка за подобро да се продадат. Тоа буди сомнеж и го демотивира дури и членството на СДСМ да гласа за сопствената партија.

Листите на СДСМ предизвикаа изненадување и разочарување не само во јавноста туку и меѓу самото членство, бидејќи истакнати членови на СДСМ ги нема на овие листи, за сметка на кандидати од наводната коалиција со граѓаните (учесници во шарената револуција и студентскиот пленум).

На листите на СДСМ нема повеќе од половината од 25 пратеници кои во минатиот мандат ги водеа битките на оваа опозициона партија. Оттука и првичните реакции. Екс пратеничката Софија Куновска поднесе оставка од местото претседател на Градската организација на СДСМ, незадоволна од листите за кандидати на пратеници. Исто така и  екс-координаторот на СДСМ, Горан Сугарески заминал среде состанок на Централниот комитет на СДСМ на кој биле затворани листите со кои СДСМ ќе се појави на изборите на 11-ти декември.

Листите на СДСМ покажаа дека во партијата нема демократија,  дека партијата не се грижи за членството, туку во ситуација кога се свесни дека ќе изгубат и овие избори, се обидува да ја згрижи својата раководна елита и дел од оние за кои се заштитени од чадорот. Ваквата поставеност го отвара прашањето како раководството СДСМ на кое му смета демократијата во своите редови и не се грижи за своето членство, ќе спроведува демократија во земјата и ќе се грижи за народот и државата.

Свесни дека нема да успеат на овие избори, револтот во опозицијата уште повеќе се зголемува. Револтирани се сите оние кои го спроведуваа сценариото што доведе до политичката криза и кои беа дел од шарената револуција.

Револтирани се сите оние на кои им беа ветувани места при распределбата на власта. Но, револтирани се и членовите на СДСМ, зошто е видливо дека актуелното раководство ги напушти изворните принципи на партијата.

СДСМ одамна веќе не е партија со одредена идеологија, мисија и цел во интерес на граѓаните, туку приватна организација предводена од Зоран Заев, чија цел е да ги штити интересите на потесното раководство и своите налогодавачи (Сорос и амбасади). Нив воопшто не ги интересира ниту народот, ниту државата и нејзиниот развој. Оттука Заев се здружи и со албанските националисти и им вети двојазичност и федерализација на земјата, наместо социјална правда, економски развој и просперитет на земјата, просперитет за сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или друга припадност.

Заев кој и самиот е аболиран, за да ги спроведе своите задачи, доделени од налогодавачите, се опкружи со негативни ликови на македонската понова историја. Некои од нив кои се наоѓаат на платните списоци на Сорос и странските амбасади денес ги гледаме како носители на изборните листи.

Инаку, Зоран Заев ќе биде носител на листата во изборната единица 4; Радмила Шеќеринска ќе биде носител во 5-тата изборна единица; Оливер Спасов ќе ја предводи листата во Изборна единица 2; Љупчо Николовски во Изборна единица 3; Петре Шилегов ја предводи 6-ката и Стево Пендаровски Изборната единица 1.

Претседателот на партијата Зоран Заев, објавувајќи ја листата, на 21 Конгрес на СДСМ во хотелот Александар Палас во Скопје, ќе изјави „Ова се победничките листи на СДСМ и коалиционите партнери и на граѓаните на Република Македонија“.

Но. ниту тоа се победнички листи, ниту тие се направени по вољата на граѓаните, ниту по вољата на членството, туку тие се направени по вољата на оние чија политика ја спроведува.

Свесен дека со ова постапка тој се повеќе ја губи поддршката на членството и дека е осамен, лидерот на СДСМ Зоран Заев на конгресот ќе повика: „Дајте ја поддршката на кандидатските листи кои носат пораз на едноумието. Да испратиме порака дека Зоран Заев не е сам“.

Да, Зоран Заев е сам, и нема поддршка за политиката која ја води не само партијата туку и земјата во пропаст. Многу од членството поради сето досега направено не му веруваат и нема да гласаат за матичната парија и коалицијата која ја предводи, туку тие се повеќе гледаат со симпатии кон владеачката партија на ВМРО ДПМНЕ и разумната конзистентна политика на нејзиниот лидер Никола Груевски.

На 17 Конференција на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, лидерот Никола Груевски, кој на овие избори со право очекува 63 пратеници, ќе изјави:

„Никој не верува дека Заев може да биде премиер. Затоа што сите знаат дека тоа што денес го кажува утре нема никаква вредност, зборот за него не вреди. Тоа е човек кој пред најблиските со гордост вели дека нема проблем да излаже нешто денес и да го заборави утре. Човек кој молел кај странци да ја уназадат Македонија во евроатланските интеграции, само за да може да ја критикува нашата Влада. Човек кој нуди насекаде работи кои не може да ги реализира мислејќи дека ќе прелаже некого да гласа за него“

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top