Коментари

Избори ли се избори – Македонски маки големи

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Несудениот Македонски претседател Кочо Рацин легенадрно ги напиша зборовите – ДЕНОВИ ЛИ СЕ ДЕНОВИ, АРГАТСКИ МАКИ ГОЛЕМИ.

Нашата македонска мака се изборите кои ете мора да се одржат и бегање не смее да има, доколку чадорот и шарените не ја променат тактиката.

Што се однесува до дијаспората, во Австралија, според зборовите на Амбасадорот Веле Трпевски, од регионот на Сиднеј, Вулонгонг и Канбера е двојно зголемен. Да се надеваме дека истото ќе биде и со Мелбурн, Перт и Аделајд и другите градови.

Амбасадорот Веле со конзулката од Мелбурн, Бети Коруновска повикуваат на поголема посетеност и одлично спроведување на самите избори кои се витални за Македонскиот народ и дијаспора. Повикот од нивна и наша страна е да колку и да сме идеолошки различни, со заеднички и братски подадени раце, да го уништиме она проклетото, да си забодуваме нож во грб од немајкаде и досада.

Инаку самите избори во Македонија се интересни и со голема заинтересираност кај Македонците во дијаспората, затоа што сите убави и неубави случувања се дел од Нас, каде и да сме и не можеме така рамнодушно да гледаме како странскиот фактор се меша во овие наши избори. Нас ни е Македонија се што имаме иако многумина можеби се осудени ретко или никогаш да не ја посетиме, но љубовта вечно остана. Секое негирање дека сме далеку и немаме право да одлучуваме е злонамерно и болно, па затоа сакаме да го слушнете гласот на Македонците иако само 1 до 2 % имаат право на глас поради некои бирократски сопки.

Македонија вечна и нека победи љубовта кон Македонија, а не калкулациите на душманите !!!

 

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top