Коментари

СДСМ ги распродава националните интереси!


Свекрва

Две информации кои доаѓаат од Грција го привлекуваат вниманието. Првата, дека грчките власти на граничниот премин „Какавија“, привеле двајца службеници на албанското МНР во обид да внесат во државата пропагандни материјали, книги и мапи на „Голема Албанија“. Втората, дека грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ја искористил средбата со неговиот гостин од САД, Барак Обама, да ја искритикува Македонија за обид за присвојување на грчката историја и територијални претензии. И третата дека лидерот на СДСМ Зоран Заев се обидува да ја купи албанската дијаспора со ветување федерализција и двојазичност.

Според „Прото тема“, грчките власти на границата со Албанија, привеле двајца службеници на албанското МНР во обид да внесат во државата пропагандни материјали, книги и географски мапи што требало да бидат пренесени во албанската амбасада во Атина. При проверка на автомобилот на албанските службеници биле пронајдени пропагандни материјали, книги и мапи на „Голема Албанија“, што укажува дека одредени структури во Тирана не остапуваат од проектот сите Албанци во една држава.

Меѓутоа, наместо ова информација да го загрижи и да го посочи прстот кон Тирана, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос гледа поголема закана во Македонија. Тој ја искористи посетата на претседателот во заминување на САД, Барак Обама, за да ја обвини нашата земја за обид за присвојување на грчката историја и за територијални аспирации. Грчкиот претседател пред почетокот на разговорите со Обама пред камерите ќе изјави:

„Факт е дека една соседна држава освен што бара име што е фалсификување на историјата, шири иредентизам и директно подразбира промена на границите. Ова е спротивно и на европското и на меѓународното право и ја поткопува европската перспектива на таа држава“,

Иако добро е познато дека Албанците сеуште активно работат на проектот „Голема Албанија“, лидерот на најголемата македонска опозициска партија СДСМ, Зоран Заев, упорно продолжува со ветувањата за двојазичност и федерализација на земјата. Освен што тоа го прави во земјата сега почна да ги купува гласовите на македонските Албанци во странство со истите ветувања.

По известувањето дека повеќе од 20.000 македонски државјани во странство ќе можат да го остварат своето право на глас на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември, од кои само во Берн Швајцарија има 4.000 пријавени, Заев ја посети Швајцарија.

Во текот на дводневната посета на Швајцарија, како што пренесува порталот „Република“, тој се обратил во Берн на дебатата реализирана од албанската дијаспора на тема „Македонија на праг на избори: Промените, илузија или реалност?“.

Се појасно станува дека паниката во СДСМ станува се поголема. Поради страв дека ќе ги изгубат изборите и дека ќе мораат да положат сметка пред македонските граѓани и правдата, Зоран Заев за да ги добие албанските гласови засилено ги распродава националните интереси. Тој ја упорно продолжува агендата за федерализација и двојазичност на целата територија која води до отцепување на делови на земјата и содавање на „Голема Ачбанија“.

Зоран Заев веќе неколку пати потврди дека не се откажува од планот и намерата за двојазичност на Македонија и дека за таа цел е спремен да го промени Уставот, со што ќе се регулира двојазичноста во земјава. Во тој контекст, тој ќе изјави дека „грдото лице на Македонија“ се сите оние луѓе кои не се согласуваат со него.

Превземените чекори на раководството на СДСМ, која патем македонскиот народ го нарекува и стока, ја покажува целата сериозност на ситуацијата во која по политичката криза, опозицијата ја турка Македонија. Нејзините постапки, поддржани од Соросовите невладини организации, целосно ја загрозуваат унитарноста и суверенитетот на македонската држава, што предизвикува голем револт кај народот.

Состојбите во регионот дополнително можат да се усложнат по победата на Доналд Трамп. Според угледниот магазин „Политико“, милијардерот Џорџ Сорос, еден од главните спонзори на кампањата на Хилари Клинтон не може да се помири со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Американскиот бизнисмен со унгарско потекло собрал голем број богати либерали во Вашингтон каде во луксузниот „Мандарин ориентал“ хотел на три дневен состанок се обидуват да пронајдат начин да го саботираат мандатот на Трамп.

Но, доколку слоновите почнат да се пресметуваат надвор од САД, таму каде Сорос има големи интереси, тогаш неминовно ќе го затресе и Балканот. Позната е врската на Соросовата фондација, СДСМ и албанскиот елемент, кој особено е благодарен на Клинтонови кои ги поставија основите за создавање на Голема Албанија, по имтервенцијата на Косово во 1999 г. Тука се и бегалците, огромна невооружена војска, која може преку ноќ да биде покрената од невладиниот сектор финансиски поддржан од Сорос.

Небулозните предлози на СДСМ за федерализација, двојазичност и промена на Уставот, покажа дека таа како партија не постои, дека таа е приватна организација која има цел да спроведе нарачки од надвор и да ги заштити интересите на поединци.

Сепак, постои единствена организирана структура во Македонија која може да застане на патот на овие тенденции за растурање на државата. Тоа е партијата ВМРО-ДПМНЕ која предводена од лидерот Никола Груевски има широко разгранета партиска инфаструктура и безрезервна поддршка од најголемиот дел од народот. Само таа има капацитет да го зачува името, идентитетот, Уставот и унитарноста на земјата, а тоа ќе се потврди на 11 декември кога македонскиот народ ќе го каже својот збор на предвремените парламентарни избори.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top