Коментари

НЕ за погубна политика на СДСМ!


Свекрва

Сеуште кај нас се мисли дека секој може да се занимава со политика. Исто така постојат луѓе кои се занимаваат со политика, но колку помалку знаат, толку повеќе мислат дека се поспособни буквално се да прават. Ако се направи споредба меѓу политичарите во земјата за нивната способност за дизајнирање, креирање, спроведување, следење, вреднување на одредена политика во интерес на сопствената држава и народ, тогаш најверојатно на последното место ќе го видите лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Чудно е како овој човек се најде на лидерското место на најголемата опозициска партија, а нема појма од политичкиот занает. Изгледа како да е црпнат од нива и е поставен за главен хирург, а никогаш не студирал медицина. Оттука и зафатите кои ги превзема, се неминовно дело на неговите асистенти, но погрешно водени тие прават огромна штета на пациентот, што во овој случај ги доведуаат во прашање државните интереси и опстанокот на Македонецот.

Интересно е што овој човек и тимот кој работи со него, не се ни осврнува на анкетите кои ги прават реномирани куќи, ниту пак црпи искуства од историјата на партијата, за да може да изврши корекции во својата политика со која би ја придобил пошироката јавност. Наместо тоа, тој постојано ги менува своите ставови, кажав–не кажав,  мислев – не мислев, но продолжува со деструктивната политика која го разнебитува македонското национално ткиво и иднината на етничките заедници во земјата (Турци, Власи, Роми, Срби и др.) за сметка на Албанците. Затоа нема некој а да не го постави прашањето, дали тој е политички анафалбет или пак за чија сметка тој работи!?

Од осамостојувањето до денес, благодарение на политиката која ја спроведува раководството на СДСМ, албанската заедница во земјата се стекна и ужива многу  поголеми права и привилегии отколку било кое друго малцинство во ЕУ или пак многу повеќе отколку сите заедници во земјата заедно (македонскиот народ и другите етнички заедници). Денес Зоран Заев, како континуитет на социјалдемократската политика, отворено се залага за спроведување на двојазичност и федерализација, за потоа под притисок на јавноста да негира и да вели дека нема да дозволи промена на Уставот и создавање на бинационална држава.

Но, досегашното искуство покажува дека тој ја продолжува погубната политика на партијата, наследничка на поранешната СКМ, која има своја предисторија. По Втората светска војна, заради промакедонските ставови, беше уништено речиси целото раководство на АСНОМ, испраќајќи ги на Голи Оток и „Идризово“.

Истовремено, антимакедонската политика беше продолжена со присилно убедување за иселување на Македонци од земјата во Војводина, а во Македонија беа населувани Албанци од Косово и муслимани од Санџак. Така на промер во Струшко беа давани директиви да се убедуваат Македонците да одат во Војводина. Инаку, голем дел од дојденците, околу 70 до 80 % се населија во Македонија од 1980 до 1990 година (Тетовско, Гостиварско, Кичевско, Струшко, Кумановско).

По осамостојувањето на земјата во 1991 година, поранешните членови на СКМ, само за да ги задржат своите позиции ја продолжија антимакедонската политика. Така, во 1994 година, пред изборите за претседател СДСМ, беа озаконети и доделени 150.000 македонски државјанства на дојденците од Косово, само за да биде избран Глигоров. Потоа беше озаконета употребата на знамињата. Но и тоа беше малку, па истите оние што се стекнаа со македонски државјанства, во 2001 година зедоа пушка во рака  за да ја преуредат државата. Следуваше Рамковниот договор и територијалната поделба, факултети, а СДСМ за да дојде на власт постојано правеше остапки, иако дојденците никогаш не беа задоволни. Всушност тие од секогаш ја тераа агендата за „Голема Албанија“.

Денес знамето на соседна земја се вее на секаде дури надвор од законските рамки. Исто така и употребата на албанскиот јазик е надвор од законските рамки. Меѓутоа, раководството на СДСМ никако да извлече поука, дека нивните барања немаат никаква врска со човекуви права, туку дека се работи за борба за освојување на територии. Па така денес црпнатиот од нива во политиката, само за да дојде на власт, повторно дава ветувања како двојазичност на цела територија на земјата, а притоа дискриминирајќи ги другите етнички заедници во земјата. 

Ветувањата на Заев се директно против интересите на македонскиот народ и неговата држава. Во било која друга држава за ваквите отпадници нема можност да се занимаваат со политика, но за жал со поддршка на меѓународната заедница, кај нас и аболираните криминалци можат да бидат во политиката и да работат против сопствениот народ и држава. Поради двојните стандарди на меѓународната заедница, тие можат да уценуваат, да заплашуваат, да обвинуваат, слободно да говорат дека и живи луѓе ќе јадат, а никој ништо да не им може.

Сепак, единствен начин да се остранат од македонската политичка сцена оние политичари кои мислат дека се способни буквално се да прават против сопствениот народ – се изборите. На предвремените парламентарни избори кои ќе се оддржат на 11 декември 2016 македонскиот народ и сите други етнички заеници треба да му кажат НЕ на политиката која го загрозува унитарниот карактер, суверенитетот и развојот на земјата.

Всушност овие избори се референдум за зачувувањето на државата. Тој има исто значење како трите Илиндена: Илинденското востание и Крушевската Република, Првото заседание на АСНОМ 1944 и референдумот 1991 година. На овие избори македонскиот народ треба да ја потврди сувереноста и унитарноста на земјата.

Затоа треба да излеземе масовно на избори како на референдумот во 1991 година и да кажеме НЕ на политиката чиј предводник е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, НЕ на политиката на разнебитување на македонскиот народ и држава. Масовно треба да излеземе и да кажеме ДА за политиката за зачувување на целовитоста на земјата, за политика на економски развој и прогрес на сите граѓани на Македонија, без разлика на политичка, етничка или верска припаднос, политика како што е зацртна во програмата на ВМРО ДПМНЕ, чиј лидер Никола Груевски кој досега покажа и докажа дека се што ветува и исполнува.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top