Коментари

Манастир Св. Димитрија – Чебренски

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Манастирот „Св. Димитрија – Чебренски“ (Мариовско) е македонски православен манастирски комплекс расположен по течението на Црна Река, во атарот на мариовското село Чебрен. Во минатото манастирот бил познат по своето училиште и богата библиотека. Главната манастирска црква која е посветена на Св. Димитрија Солунски, во минатото била богата и голема црква, која повеќе пати била опожарена. Денес таа е обновена, но со помали димензии. Иконостасот кој датира од XV век бил реновиран во XIX век.

Во 1923 година Георги Трајчев во својот труд за Мариово се осврнува на легендата за Чебренскиот манастир во која се вели дека го изградила жената на султанот Мурат I (1362 – 1389), сестра на бугарскиот цар Шошман Марија, по која и областа го добива името. Според ова предание таа живеела неколку години под името Талат-Мара и уште Тамара-Мара и јавно ја исповедала христијанската вера, а ги воспитувала и своите деца во христијански дух. Поради тоа, незадоволното муслиманско свештенство, кое не можело да гледа како Султанката ги посетува црквите и јавно ги прибира во султанската палата свештенството за таму да се вршат христијански обреди побарало Мара да ја прифати муслимански вера, но таа, категорично одбила да се потурчи. Султанот поради политички причини морал да ја острани, но бидејќи не сакал да и нанесе зло и понудил да се повлече некаде, каде не ќе може да го гледа ниту него, ниту 4 годишниот син, кој не бил ни крстен ни обрезан. Мара се согласила и ја добила областа меѓу Прилеп, Битола, Воден и Демир Капија, која била во владение на Султанот. Мурат ја снабдил со потребниот ферман и ја испратил во оваа област во придружба на 500 христијански телохранители.

По доаѓањето во Прилеп, Марија побарала да се покалуѓери во Прилепскиот манастир Св. Богородица – Трескавец, но калуѓерите одбиле сметајќи ја како  престапница. Лута поради одбивањето, Мара наредила да калуѓерите да се убијат, а манастирот да се опожари. Потем Мара го избира за седиште најубавото село Витолишта, каде подигнала прекрасни дворци, а покрај реката Црна згради нов манастир, по име Чебренски – св. Димитар. Од тогаш таа област го добила името Мариово, а локалното население се именува како Мариовец, Мариовци. Мара управувала со поседот самостојно и независно преку селски кметови назначени по избор. Витолишкият кмет бил главатар над останатите и се нарекувал Земски кмет. Тој имал под власта уште извесен број сејмени кои се нарекувале Земски сејмени. По смртта на Марија, областа Мариово повторно влегла во составот на Турската империја и дворецот на Марија, заедно со раскошниот Чебренски манастир, Турците го уништиле, за да не остане спомен од Мариовската самостојност. Остатоци од палатата и до денес штрчат крај село Витолища. Областа, сепак, продолжува да ја управува Земскиот кмет, кој бил наследен. Тој владеел по старите преданија и локални обичаи. Така траеше до пред 70 години, кога последниот Земски градоначалник, од село Полчища – Трајко Христов Чакрев е убиен, за да се стави крај и на номиналната самостојност на Мариово, пишува Трајчев.

Манастирот „Св. Димитрија – Чебренски“ повеќе пати бил опожарен, но и обновуван. Во својата книга .„Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), авторот Георги Трајчев за овој манастир во кој долго време се служело на славјански ќе го забележи следното:

„Западно од селото Манастир, на еден час растојание, на десниот брег на реката Црна, се наоѓа прочуениот Чебренски манастир, за кој се сврзани разни преданија. Крај манастирот врви еден пат од планинското Мариово за Битола, минувајќи го прочуениот по својата архитектура мост на реката Црна. По него минувале најголемите топови за време на Првата светска војна и пак останал неповреден. Самиот манастир бил опожарен неколку пати. Црквата кон крајот на турскиот режим, преставуваше мал дом кој собираше едвај 100 души, беше обновувана по секој пожар. Ништо античко нема во неа. Храмовиот празник е Спасов ден.

Над селото Будимирци и Груништа, 10 км од манастирот, има сопствен чифлик Трново, каде била најдена иконата на св. Димитар и пренесена во манастирот, поради кој го носи името св. Димитар.

Според раскажувањето  на свештеникот Димитар Златев, ученик од истиот манастир, кој учел во келијното училиште, единствено во тој крај, од каде излегувале прочуени певци по источно пеење – училиштето суштествувало од старо време. Од тука излегувале сите свештеници за Мариово.

Името на манастирот е сврзано со името на Мара (Тамара – Кала Марија), сестра на царот Шишман, султан Муратова царица. Според преданието Чебренскиот манастир бил изграден од Мара. Откако на Мара и било откажано да биде примена и причестена во Прилепскиот манастир „Трескавец“ и по жестоко казнување на 300 калуѓери, Мара се прибрала во областа Мариово, изградила дворци и конаци, изградила манастир св. Димитрија, на десниот брег на реката Црна и го надарила со големо богаство.     

Според друго предание Земските кметови – Привилегираните Мариовци, со право да носат оружје,  јавнати на убави коњи и облечени во прекрасни носии, со седиште во село Полчиште, ја пренеле иконата на св. Спас од манастирот во последното село и изградиле црква по нејзино име (св. Спас). За тоа манастирот останал да се вика само св. Димитар.

Околу манастирот има двокатни згради за гости. Иако манастирот бил подчинет под патриаршијата, заедно со 5-те села: Груништа, Старавина, Градешница, (Б)зовиќ и Будимирци – службата во манастирот до скоро се изведуваше на славјански. Само поради посилниот „елинизам“ на мариовските ренегати Браќа Налеви, преселници во Битола, едвај неодамна почна да се служи во манастирот по грчки.

Манастирот се слави и со големо богаство. Тој има чифлик, воденица со 12 камења, по левиот брег на реката Црна и други имоти.“ 

Денес се прават напори да заживее овој запуштен манастирски комплекс. Секоја година, бројни гости доаѓаат на празникот Свети Ѓорѓија, но доколку се изгради вештачката акумулација Чебрен, ова светилиште може да се најде под вода.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top