Коментари

Фајронт господа

Д-р Мери Георгиевска

За разлика од лагите на македонските комуњари, лагите тонат скоро насекаде во светот: во Бугарија, во Србија, во Босна, во Хрватска, во Австрија, во Италија, во Унгарија….

Но, кај нас не можат ни да потонат, затоа што се пусти црпки. Црпката се гордее со својата глупост и со нејзините својства да не може да потоне. Инаку, црпките имаат и практична примена во нашите рурални предели, каде што се нарекуваат лејки, зошто со нив се лее вода. Така, левицата денес и овде служи за леење вода, а водата е валкана.

О, вие, што ја матите водата, како еднаш веќе не разбирате дека од таа вода ќе морате и вие да пиете? А во вашата лева традиција, матењето вода е само увертира во сериозни нешта какви што се револуциите, за кои се потребни мажи, а не мажиња како вас.

О, мажиња, со минијатурни атрибутиња, покојниот Фидел со само 82 мажишта, но со железна и вистинска комунистичка волја да го спаси народот од мрачната диктатура на Батиста, сакајќи да направи преврат, успеа да направи револуција.

Слобода ли? Вашиот Господ Бог- Карл Маркс, кого вие и онака не сте го прочитале (оти сте сложни калуѓери, кои во петок мрсат), велеше дека слободата се добива со крв!

А вие крвта ја заменивте со кич поликолор!?

Значи, бесмртниот Фидел умре од мака кога разбра кои сè мажиња денес се китат со комуњарско перје. Кога разбра дека комунизмот се повампирува, но не како слободарска идеологија, туку како начин да се дојде на власт без избори, па дури и без истрелан ќор-фишек, тој почина. Умре од квазикомунистичкиот крајно невкусен популизам на Хилари Клинтон, која заради тој популизам падна на избори, од циничниот комунист – милијардер Сорос, од „марксизмот“ на уличните шарени хомосексуалци (демек енформелисти кои се борат против барок, а не знаат што е барок, а уште помалку што е енформел) нарко бандити! Умре горкиот со неутешната помисла дека некои негови почитувачи ќе се срамат да му дојдат на погреб за да му оддадат почит, од срам луѓето да не ги испомешаат нив како вистински комунисти со оние, кои дојдоа на погреб од најдолен можен политички интерес.

Каква иронија!? Осумдесет и двајца интелектуалци, мажишта со оружје во панталоните, не со четки в раце тргнаа да урнат еден диктаторски режим и успеаја во тој донкихотски потфат, зашто не беа лажни иако беа комунисти. Оти да не се лажеме, веќе цел еден век – сите комунисти се лажни, но овие што не мафтосуваат овде и сега како лажни комунисти, повеќе се лажни отколку комунисти. Како да се растолкува сега овој парадокс?

Имаме право да ги прашаме.  Да ги запрашаме откога тоа комунистите уривале, плукале, кршеле, жарере и палеле? Дали комуњарите тоа го правеле отсекогаш, онака по навика, во вид на занает, или само кога побудалуваат, како што тоа им се случи во Македонија и тоа два пати?

Првиот пат кога им ја испија крвта на најголемите македонски интелектуалци и патриоти од Ченто до Шатев и сега повторно кога се токмат пак да се опијат од патриотска крв, но не можат да ја испијат на екс крвта на половина милион фантоми.

Оти штом почнат да кршат, келнерите би ги запрашале:

Шо пиете бе кога ви шкоди? Или пак би им рекле:

Фајронт господа!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top