Коментари

Браво за Западна Македонија

mane jakovleski 1

mane jakovleski 1Манојил (Мане) Јаковлески

Браво за Западна Македонија, која му рече НЕ на погубната политика на СДСМ

На предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември граѓаните излегоа во масовен број за да го остварат своето право на глас. На изборите кои според посматрачите се одржаа во фер и демократска атмосфера победи ВМРО ДПМНЕ и коалицијата кои освоија 51 пратеник, наспроти опозицијата предводена СДСМ, која освои 49 пратеници. По објавувањето на резултатите, ВМРО ДПМНЕ доби честитки како за победата, така и за успешно спроведените избори од ЕУ, САД, Русија, но не и од опозицијата. Наместо честитки лидерот на СДСМ Зоран Заев се закани лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Груевски не смее да формира влада.

Десетата јубилејна победа на ВМРО-ДПМНЕ беше извојувана на фер и коректни избори во присуство на најголем број на набљудувачи што сме ги имале до сега. Тоа беше верификувано и потврдено од меѓународните институции, ЕУ, ОБСЕ. Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, по изборите излегоа со позитивна оценка на мирните парламентарни избори во Република Македонија.

Американскиот Стејт Департмент го поздрави одржувањето на изборите во Македонија како важен прв чекор за излегување од политичката криза. Портпаролот на Стејт Департмент Џон Кирби им честиташе на македонските граѓани кои го искористија своето право на глас и ги поздравуваме првичните заклучоци на ОБСЕ и ОДИХР дека изборите биле конкурентни и дека фундаменталните слободи беа генерално почитувани. Според нивната оценка одѕивот бил висок, а изборите беа спроведени на мирен и уреден начин.

Со слични пораки се јавија и други, но тоа не важи за СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев. Иако, граѓаните на Македонија преку слободно изразена воља одлучија кој ќе ја составува идната Влада, Зоран Заев на прес конференција се закани дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Грувески не смее да формира Влада. Според него ќе ома приговори кои кои ќе го сменат изборниот резултат и двете страни ќе имаат по 50 пратеници.

Ваквата закана е спротивна на изјавите на самите опозиционери кои кажуваат дека изборите се чисти и минале без нерегуларности, потоа дека нема приговори и дека изборниот процес е завршен. Тоа оправдано ќе предизвика револт кај ВМРО ДПМНЕ кој го доби мандатот да состави нова Влада на кристално чиста избори, од речиси половина милон гласови на граѓаните. Затоа на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ Владимир Ѓорчев ќе нагласи:

„Заев излезе и се закани, но нека води сметка дека се заканува на 453 000 граѓани на РМ. Народот гласаше и нема намера да му дозволи на Заев да ја украде изразената волја на граѓаните. Тие се играат со трпението на трпелив човек. Се играат со гневот на трпелив човек.Доколку некој сака да му ја украде победата,трпеливоста на народот ќе премине во гнев.“

После две и пол години на политичка криза, после исто толку време малтретирање од страна на опозицијата, закани и уцени, трпението на овој народ е стварно пред крај. Тој несака да продолжи оваа политичката игра, не сака промени на Уставот, името и идентитетот, како и воведување на двојазичност и федерализацијата на земјата. Но, ако досега бил трпелив, не значи дека тоа трпение нема крај, а долгото потиснување на незадоволството може лесно да прерасне во гнев кој тешко може да се контролира, нешто што може да предизвика многу посериозни последици по земјата.

Меѓутоа, не е првпат како што Заев се заканува со крвави сценарија. Очигледно стравот од неуспехот кој може да го кошта многу повеќе од политилката кариера, прави тој да биде нерационален и непресметлив. Интервјуто на членот на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, Мухамед Зекири многу кажува. Имено тој вели дека двојазичноста која ја ветува опозицискиот лидер Зоран Заев не е трик за привлекување на гласовите на Албанците и дека во моментот кога ќе забележи ретерирање ќе зборува јавно и нема да молчи, бидејќи нема да дозволи целта за која се ангажирал да биде злоупотребена. Неговите поддржувачи за да го спасат, дури се обидуваат да влијаат во Државната изборна комисија за да се изврши промена во изборните резултати, што е неопростливо за еден амбасадор, без разлика дали тој е преставник на земја пријател и стратешки партнер.

И додека овој „наш американски пријател“ (на „Господ бељата“), од позиција на моќ, не водејќи сметка за демократијата и вољата на македонскиот народ, се обидува да направи се за да се создадат услови за формирање на концентрациона влада, дотогаш лидерите на албанските партии кои се изборија за место во македонскиот парламент, како што пренесуваат албанските медиуми, се повикани во Тирана. Односно таму каде што пред извесно време беше неговиот директор од ЦИА.

Очигледно се работи за многу поважни работи за Албанскиот народ, а ние Македонците сме небитни, според нашиот „пријател“. Во оваа работа Зоран Заев е само маша кој со помош на Соросовите структури се обидува да спроведе одредено сценарио, кое според многумина e поврзано со Голема Албанија.

Оваа идеја и програма за обединување на сите Албанци во голема албанска држава на Балканот е со насилно присоединување на делови од Македонија, Србија, Црна Гора и Грција.

Големоалбанската идеја била поразена во Втората светска војна, но таа никогаш не згаснала. Неодамна во Тирана на мала врата беше формирана „Голема Албанија“, како што пишуваат медиумите. Тие известија за новоформираната “Унија на албански општини” во регионот во која влегуваат Тирана, Приштина, Тетово, Улцињ и Прешево.

Ваквите сценарија најдобро ги знае и чуствува македонскиот народ од Западна Македонија, кој на овие избори масовно излезе и му даде голема поддршка на ВМРО ДПМНЕ, без разлика дали се нејзини членови или на СДСМ, како и лица кои се партиски неопределени.

Граѓаните на Јагуновце, Тетово, Гостивар, Кичево и други места масовно излегуваа и гласаа за опцијата за унитарна и суверена македонска држава за која се застапува ВМРО ДПМНЕ. Така на пример, во ИЕ 6 со поддршка на македонските гласови ВМРО ДПМНЕ доби 4 пратеници, за разлика од СДСМ кој имаше 3, но со поддршка на албанските гласови.

Браво за Западна Македонија, која му рече НЕ на деструктивната политика на Зоран Заев и неговите поддржувачи. Зоран Заев никогаш во Муртино не можел тоа да го почувствува, па ако загусти тој може едноставно да си се врати на нивата од каде е црпнат, како што самиот кажа.

Меѓутоа, сета оваа приказна изгледа има и една друга димензија, малку поширока. Всушност, денес идеја за Голема Албанија некој се обидува да ја турне пред новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп да дојде во Белата куќа.

Последните информации кои ги пренесуваат медиумите, говорат дека Владимир Путин и Трамп преку посредници договарале за поделба на политичкото влијание во Европа. Двајцата челници за да ги приближат своите ставови кои се клучни за САД и Русија, освен прашањата за Сирија, Блискиот исток, Украина и Кина, на маса го ставиле и Балканот. Во овие разговори, Путин барал покрај Украина, во зоната на нивното влијание да влезат покрај Србија и Република Српска и Црна Гора, Бугарија, Грција и Македонија. Во овие игри, како што пишуваат медиумите, некој од поранешната администрација на Обама кој добро заработи со интервенцијата на Косово во 1999 година, доколку се оствари оваа идеја може многу да изгуби, па сега кај нас го играат последниот чин.

Не случајно Македонија беше поставена на линија на огнот.

Тоа значи дека земјата се наоѓа пред исклучително важни настани на Балканот и за нејзината иднина мора да биде максимално подготвена: За да може да се справи со сите предизвици сите нејзини институции мора да функционираат беспрекорно. Затоа ни е потребно брзо формирање на Влада, што од друга страна предавникот од Муртино Зоран Заев со неговите сојузници се обидува да го спречи по секоја цена.

Македонскиот народ, а пред се Македонците од западна Македонија, никогаш нема да го заборават предавството кое го изврши лидерот на вечната опозиција Зоран Заев.

АМИН!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top