Коментари

Сам против сите, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата избори 51 пратеник, наспрема 49 за СДСМ


Свекрва

ВМРО ДПМНЕ издвојува уште една голема победа!

На 11 декември, во фер и демократски избори повторно победи ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Речиси половина милион избирачи го дадоа својот глас за коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Меѓутоа, поради поништување на над 37.000 гласачки ливчиња од кои 90 % беа гласови за ВМРО ДПМНЕ, партијата и покрај сите притисоци и негативни кампањи, од 99,97 %  преброени избирачки места освои 454.253 гласа, што е околу 20.000 гласа повеќе од коалицијата предводена од СДСМ или 436.790 гласови.

Според првичните резултати (ДИК, 12.12.2016 г. 22:23 ч.), ВМРО ДПМНЕ добија 51 пратеничко место, додека СДСМ 49 пратеници. Најголемите изненадувања се случија во албанскиот блок, каде ДУИ освои 10 пратеници (86.848 гласа), потоа движењето БЕСА 5 пратеници (57.933 гласа), а коалицијата „Алијанса за Албанците“ 3 пратеници (35.145 глас) и ДПА  2 пратеника (31.027).

Ако се направи споредба со предвремените парламентарни избори во 2014 година, ВМРО ДПМНЕ го задржа своето гласачко тело (481.615), но изненадувања имаше во кампусот на опозицијата која доби голема поддршка од албанскиот електорат. Односно, во 2014 година ДУИ освои 19 пратеници, а ДПА 7 пратеници, додека по овие предвремени парламентарни избори, партиите на Албанците во Собранието ќе имаат 6 пратеници помалку.

Подучени од некои центри на моќ, голем дел од Албанците својот глас го дадоа на СДСМ, по ветувањето за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија. Првичните информации говорат дека СДСМ од Албанците доби околу 70.000 гласови, што никој не го очекуваше, па дури ни ДУИ. Албанците на пример од Брест и Арачиново од каде во 2001 година со оружје им се закануваа на Македонците и голем број протерани Македонци сеуште не можат да се вратат во своите домови, на овие избори гласовите им ги дадоа на социјалдемократите во замена за ветувањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев – двојазичност и федерализација на земјата.

На сите им е познато дека такво гласање на Албанците за македонска партија не може да биде само заради ветувањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев, туку само по добиени инструкции на меѓународниот центар на моќ-чадорот.

Тоа е истиот кој активно ги поддржуваше во вооружениот конфликт во 2001, територијалната поделба 2004 и обидот со Косовската криминално-терористичката група во Куманово во 2015 година. Отука на овие избори, на кои излезноста беше голема над 66 %,  Албанците организирано доаѓаа од Косово и гласаа за СДСМ.  

Во сите овие години, а особено во последните две години на политичката криза, силите на моќ, преку Албанскиот фактор, СДСМ и Соросовата мрежа се обидуваа да ја креираат иднината на македонскиот народ, така што според нив таа требаше да заврши со промена на името и бришење на македонскиот народ од картата на Европа. За таа цел овие сили на моќ потрошија огромни средства, преку невладиниот сектор.

Меѓутоа, единствено кој се спротивстави на ваквите намери беше ВМРО ДПМНЕ на кого масовна поддршка му дадоа Македонците, Турците, Ромите, Власите, Бошњаците, Србите и др. Меѓу нив беа и оние кои директно беа засегнати со понудите на Заев. Односно оние кои навистина го почуствуваат конфликтот во 2001 година. Тоа го покажуваат на пример резултатите во 6 ИЕ каде СДСМ изгуби и покрај големата поддршка на Албанците.

Сам против сите,  ВМРО ДПМНЕ и коалицијата избори 51 пратеник, наспрема 49 за СДСМ и др. Странскиот фактор, незадоволен од резултатите, се обиде да ги опструира изборните резултати, надевајќи се дека ќе го прогласи својот фафорит за победник на изборите или во најмала рака да создаде широка коалициона влада. Поради тоа под нивен притисок, ДИК долго време не излегуваше со првичните резултати, за да пробивајќи го рокот излезе касно вечерта во понеделникот да го потврди она што сите го знаеја, дека ВМРО ДПМНЕ е победник.

Иако лидерот на СДСМ Зоран Заев на 11 ноеври вечерта знаеше дека е губитник, наместо да си даде оставка како што вети, сепак тој ги повика членовите на партијата да ја прослават победата. Тоа го направи истовремено кога и победничката партија, што можеше да има катастрофални последици доколку дојдеше до судир меѓу прврзаниците на двете партии. Ваквото однесување, покажува дека се работи за неодговорен политичар, кој се обиде да ги излаже своте членови, јавноста и особено етничките Албанци, нешто за што ќе зажали, кога ќе дојдат по наплата.

ВМРО ДПМНЕ уште еднаш извојува голема десета по ред важна победа за Македонија.

Победи во четири од шесте изборни единици. Народот и овој пат му даде легитемитет да продолжи по патот на прогресот, кон подобра иднина, но и да го чува Уставот и виталните интереси на земјата – името и идентитетот на македонскиот народ. Истовремено на Зоран Заев му даде црвен картон. Тој го потроши својот кредит и време е сега да замине од политичката сцена.

На овие избори не победи само ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија”, туку победи Република Македонија.

Тоа значи дека мандатот за формирање на Влада ќе му биде доделен од страна на претседателот на државата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ би можеле да формираат влада со точно 61 пратеник, што е бројка потребна за формирање на влада.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top