Коментари

ЈАС НЕ ЈА ДАВАМ МАКЕДОНИЈА!

zoran-pejovski

zoran-pejovski
Зоран Пејковски

Цели две и пол години Македонците се жртви на тероризирање. Тоа некако го издржавме, собиравме внатре во себе, ја потиснувавме направената неправда, траевме надевајќи се дека некој ќе се свести и ќе размисли дека ова е Македонија и по наш македонски начин ќе живееме.

Дојдоа изборите на 11-ти декември, поминаа во најголем ред, како што и носи редот, никакви забелешки, ниту од домашните, ниту од туѓинците-мешетари. Резулатот беше познат 51:49. Со ваков резулат победникот требаше да формира влада, и да се одвива се онака како што треба, како што носи редот, арно ама, некој сакаше дестабилизација, некој на заминување сакаше да ни го замајчи на сите. Па наеднаш, тие што ги загубија не ги признаваа резулатите.

Заедно со надворешниот непријател го свикаа политбирото да се консултираат како и што да направат да се држе народот во една тензична и безизлезна состојба за да му излезе гневот на улиците. Народот излезе, но гневот не. Овој народ покажа дека е достоен за почит, и не дозволува некој да се игра со Македонија, да ја кројат и прекројуваат по нивна мерка. Овој народ, достоинствен, патриотски покажа како се сака сопствената држава. Како се сака Македонија.

Сите бевме сведоци на изјавите на Заев во Швајцарија за федерализација, кантонизација, за надминување на Рамковниот договор, за двојазичност дури и онаму каде што нема Албанци, за менување на Уставот на РМ, за уривање на унитарноста на Државата, а чувме и гледавме за грдото лице на Македонецот, а тој ти бил оној, патриот кој ја сака сопствената дражава.

Чувме се, и повеќе од јасно ни стана на каде ја водат работата странските мешетари, оние кои се мешаат во внатрешните работи на една држава, оние заедно со домашните предавници кои сакаат да ни ја распарчат, да ни ја одземат, да ни ја уништат Македонија.

Жалам што рамо до рамо не излегоа оние најповиканите, да ја бранат Македонија, Уставот, унитарноста, државноста, целовитоста. Да ги бранат вредностите на Македонија. Не излегоа оние кои умеат да се удираат по гради. Жалам, што со загрижените Македонци, со оние кои ноќи не преспаа за да ја зачуваат државата, кои се премрзнуваа и на -10 степени Целзусови останаа единствени со својот македонски патриотски дух, не излегоа да ја одбранат честа на Македонија.

Ја немаше Македонската православна црква и владиците да застанат на страната на народот на Македонија, на одбраната на Државата, да ја сопрат желбата за федерализација, кантонизација, двојазичност, желбата за распарчување на Република Македонија и нејзиното згаснување. Па тогаш, кога ќе ја нема Македонија на кого и на што ќе бидат свештено служители. Зарем, вам вие е сеедно дали Македонија ќе згасне, дали Македонија ќе биде распарчена, кантонизирана и федерализирана. Треба да се срамите сите владици што не излеговте меѓу народот за да им дадете поддршка оти Македонија е доведена пред свршен чин.

Тука е и Македонската академија на науките и уметностите. Затоа би ги запрашал, чија и каква Академија ќе бидете, ако ја нема Македонија. Чии и какви академици ќе бидете вие кога при очи отворени молчите и не сакате да согледате дека Македонија е доведена пред ѕидот за отстрел. Или си седите во вашите удобни станови, во академските фотелји, па од месец во месец го чекате паушалот од 30.000 денари, кој не го ни заслужувате. На народот оној излезениот оваа измината седмица му требавте, а и вашата должност е да бидете меѓу нив, а не само да седите од страна и да претурате од шупливо во празно. А вие го оставивте народот да ви ја одбрани честа, па после, онака како што умеете ќе се китите со туѓи пердуви. Верувајте, ваква Академија не ѝ е потребна на Македонија, затоа што вас ниту во интересира Македонија, ниту македонскиот народ, ниту патриотизмот.

Каде се и уметниците, композиторите, писателите, режисерите, актерите, сите оние на кои не ви се скратени удопствата, кои работите во културните институции, кои добивате пари од Министерството за култура, за вашите публикации, книги, претстави, филмови и разни проекти кои ви ги поддржува Државата. Какви ќе бидете вие уметници?! Федерализирани, кантонизирани, распарчени, како што ја подготвуваат Македонија да биде. Каде сте да застанете и патриотски да ја одбраните, својата Македонија, ако така ја чувствувате.

Каде се сите оние институции кои се повикани да ги штитат интересите на Државата, на Македонија од оние кои сакаат да ни ја урнисаат државата, кои ја продадоа душата на ѓаволот. Каде сте сите вие да излезете и да ја одбраните унитарноста на Македонија, единственоста на Македонија, да речете не за федерализација и кантонизација. Ама за жал ве нема. Затоа ве повикувам, народе мој убав, свестете се, разбудете се,сите сакаат да ја сотрат Македонија, да ја нема, а тоа ќе ни го направат само ако ние како Македонци тоа им го дозволиме. Јас го сакам мирот, јас ја сакам Македонија, сите овие мешетари од странските амбасади, ОБСЕ, и што ти не знам кој друг ќе заминат од тука, ќе останеме ние, кои ќе си ги ваѓаме очите меѓу себе. Вие сте Македонија. Тие го имаат својот план, треба да не истребат, а ќе не истребат, ако не се свестиме. Не заборавајте ја историјата, и што сѐ ни правеле тие, прво надворешни, а потоа и петтоколонаши-внатрешни непријатели, квислинзи – предавници на татковината и слични на нив. Македонија е библиска земја, Македонецот е библиски народ, ние, како Македонија ги имаме сите светци низ црковната историја и се поклонуваме пред нив. Ги имаме светителите Кирил и Методиј, светителите Климент и Наум Охридски и други светители пред кои се прекрстуваме и бараме прошка од нив за нашите гревови. Зарем вие ќе дозволите да ни ја земат светоста наша македонска.

Затоа присетете се на царот Самуил и предавствата што се случуваа околу него само да не сотрат како род, да не постои ништо што би го врзувало со ова поднебје, а тој ги пуштал учените луѓе да ги подучуваат другите на христијанство, на православие, тој ги испраќал најдобрите градители да градат цркви и манастири кон истокот и пошироко.

Јас сум Македонец, мене најсвета ми е Македонија, јас нема да дозволам Македонија да биде распродадена. Со неа и нејзината судбина нема да се пазарат разни исфрустрирани фаци, разни амбасадори кои не третираат како малоумни, (не биле во ДИК, и не вршеле притисок, а фотографиите го зборуваат сосема спротивното), истите тие сакаа да ни одземат територија во Македонија за да ни ги стационираат бегалците, па после ние со нив да си кршеме глава. Еден милион сакаа да ни наметнат, да не го заборавиме тоа. И после веднаш ќе се сменеше демографската слика на Македонија. Е затоа во нивните очи се гледа само омразата и нивната желба да не постоиме како Македонци, а таквата омраза за жал, кон сопствениот народ се гледа и кај нивните подлизурковци.

Разбудете се и сфатете го ова, сега е крајниот час да се одбраниме од нивната наезда, од рушењето, од распарчувањето на Државата, преку нивната желба за федерализација, преку менување на Уставот, двојазичноста, кантонизацијата, надминување на Рамковниот договор, а кога ќе сфатите, помислете дека тогаш можеби и да биде доцна оти нема да постои Македонија.

Ова веќе не е политика, оти на Македонија ѝ се заканува црна судбина, ќе ја биде или не. Оставете ги личните интереси, гледајте ги интересите на Македонија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top