Коментари

Заев е предавник на македонските интереси


Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Четвртите вонредни парламентарни избори во Република Македонија се одржаа во една мирна атмосфера која доби поддршка од домашните и странските набљудувачи. Епилогот е кристално јасен, а тоа е победа со преку 20.000 гласови разлика на владејечката коалиција на чело со ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот ревносен претседател Никола Груевски.

Во пратенички мандати соодносот е следен: ВМРО ДПМНЕ 51, СДСМ 49, БЕСА 5, Алијанса за албанците 3 и ДПА со само 2 пратенички мандати.

За време на изборната кампања Никола Груевски – актуелниот претседател на ВМРО ДПМНЕ бараше победа со 63 пратенички мандати за да без уцени и пазарења од никој политички субјект било да се работи за македонскиот или албанскиот електорат да формира стабилна влада која ќе продолжи да работи и тоа на домашен план “влез на свеж странски капитал” и аналогно на тоа намалување на невработеноста од една и влез во Европското семејство и Нато пактот од друга страна.

За разлика од него аболицираниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, алијас Бошко Буха кој на големо изненадување доби гласови во градови и населени места со чисто албански политички електорат ветуваше официјализирање на албанскиот јазик на целата територија на Република Македонија.

Во едни такви околности зајчето да комплицира математичката распределба на пратеничките мандати.

Постизборно излезе ДУИ традиционално коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ од албанскиот политички кампус која ги побара следните прашања да се решат.

– албанскиот јазик да биде официјален јазик на целата територија

– консензуално одлучување за сите битни политички и општествени прашања и

– целосна економска еднаквост

-решание за спорот за името за брз влез во НАТО и

-мандат на СЈО до влез на Македонија во ЕУ и НАТО

На иста бранова должина како ДУИ се и Алијанса за албанците и БЕСА.

Беса бара редефинирање на уставно – правниот систем на Република Македонија.

Алијансата за албанците покрај постоечките и слични барања на ДУИ и БЕСА бара поделба на Буџетот со која би се спречила експлоатацијата на албанците, правична застапеност на албанците по вертикала и хоризонтала ослободување на сите невини затвореници од монтираните судски процеси. Ова се делумно изјаснувањата на 3-те политички партии од албанскиот политички кампус.

До сега во јавноста нема лиферувано барање на ДПА на чело со нивниот лидер Мендух Тачи.

Но, да се потсетиме за време на изборната кампања Тачи бараше во новата Извршна власт вицепремиерско место со право на вето на одлуките на владата. Фискална амнестија со која ќе се ослободат граѓаните од комуналните дејности и казните.

Карактеристично за сите лидери на албанскиот политички блок е дека истите беа на средба во Албанија кај Еди Рама катадневно имаат средби со влија телни дипломати во нашата земја.

По ова лудило на Заев кој губи во едни вакви околности?

Се разбира македонското население а добива албанскиот политички електорат.

Кое е најдоброто решение? Формирање на концетрациона Влада и распишување на час поскоро нови вонредни парламентарни избори.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top