Коментари

ПОДГОТВУВА ЛИ НАТО ИНВАЗИЈА ВРЗ МАКЕДОНИЈА?

sloboda-ili-smrt

sloboda-ili-smrt
Ѓорѓи Поповски

Да, токму така, прашањето е сосема легитимно и не е без основ! Подготвува ли НАТО инвазија врз Република Македонија? Ако се стават работите на маса, без прикривање и дотерување на фактите, одговорот ке биде:”секако да, можно е”, или “не е исклучено”.

Но, од каде ваква помисла?

Истата се наметнува од неколку непобитни сознанија. Прво, загребски “Вечерњи лист” неодамна објави ексклузивна информација во која се вели дека министрите за надворешни работи на Алијансата на еден од последните состаноци на министерско ниво донесле таен документ (!) што предвидува “НАТО да може воено да интервенира во Западен Балкан да спречи мултиетнички судир и да промовира безбедност”. Замислите каква слобода си зема тој фамозен НАТО: се замислува како врховен арбитар на меѓународен план и таа дружина ке оценува дали некаде има етнички проблеми за да ги решава и демек ке промовира безбедност (не дај Боже да промовира безбедност како што го сторија тоа во Либија каде по илегалната интервенција, без одлука на Советот за безбедност на ОН, буквално целосно ја уништија земјата за да  наметнат квази НАТО-вредности (?), каква иронија!!!

Втор аргумент како основа на нашите сомнежи е посетата на директорот на ЦИА Џеф Бенет на Тирана! Од кога се прозре вистинската намера на таа посета, во медиумите почнаа да се пласираат пуфки дека Бенет, наводно, го информирал Албанското државно раководство за можни терористички напади во Албанија, Булшит, што би рекле американците. Па такви информации подземните (демек тајните) служби си споделуваат со воспоставена рутинска комуникација на размена на информации и неморал Џеф Бенет да се забере од Вашингтон тој лично да информира. Со право треба да се има пред очи дека главна тема на разговорите на Џеф Бенет била МАКЕДОНИЈА, односно можноста за избивање нереди, па дури и оружени инциденти како резултат на крадењето на изборните резултати во нашата земја во што до гуша е вмешана Америка и неколку членки на НАТО.

Осем тоа, колку за потсетување: кога минатата година на 9ти мај се случи агресијата во кумановската “Дива населба”, членката на НАТО Бугарија постави цела дивизија војска со полно вооружување на границата со Македонија! Зошто? Да не ке да беа донесени војниците на нашата граница на пикник со сендвич и сокче, или намерата на таа операција беше друга, а тоа е: ако се укаже по потреба, според оценките на НАТО, да влезе во Македонија и да “промовира безбедност” (повторно според речникот на НАТО). А како Бугарија промовира безбедност ние македонците многу добро знаеме. Го искусивме тоа и во Првата и во Втората Балканска војна, а особено во текот на бугарската фашистичка окупација во текот на Втората светска војна.

Бугарија и не крие дека сака да анексира делови од Македонија – ако не цела, барем две третини и веројатно нема да се двоуми да падне во такво искушение доколку НАТО, т.е. Американците и дадат можнопст да го стори тоа. А таквите сцeарија се повеке од очигледни: со окупацијата на Македонија и нејзина поделба меѓу соседите ке исчежне Македонија од политичката и географска карта на Европа, а со тоа ке исчезне и горливото Македонско прашање.

Но, со право се поставува прашањето: Што да се прави? Што мерки да превземат нашите избрани државници да се спасиме од ова премрежје. Мислам дека најитно треба да најавиме мораториум на нашата кандидатура за членствои во НАТО и да објавиме воена НЕУТРАЛНОСТ (што ке мораат да ја почитуваат) и треба да очекуваме усвитените глави на НАТОвци троа да се оладат и трезвено и одговорно да се однесуваат кон нашата земја која од првиот ден на независноста објави и адекватно се однесуваше како нејзин најлојален сојузник! Не е лошо да се преиспита и СОФА аранжманот со НАТО поаѓајки од нашите национални интереси, па и да наплаќаме зо користењето на нашите сообракајници, помеѓу останатото, се разбира.

Да се вратриме на почетокот од текстот. Зошто укажуваме на можнопст за инвазија на НАТО врз Македонија.  Еве зошто, проста анализа на состојбите во “критичните” држави каде е можна дестабилизација по етничка основа укажува на следното:

а) Во БиХ, каде има етнички сериозни проблеми веке е присутен НАТО (СФОР) и според Дејтонскиот мировен договор тие имаат право да интервенираат кога сакаат – според нивна оценка;

б. Koсово, исто така исклучено бидејки и  таму веке e присутен НАТО (КФОР), в) Црна Гора, мали се  можностите да се случи такво нешто, барем не за догледно време и, сакале ние да признаеме или не, останува како

д) Македонија каде се поагресивните албански партии, пред се “Беса” се поотворено заговараат прекомпонирање на Македонија, федерализација, па и приклучување кон Алчбанија. ,,Беса,, дури вакви заложби заговара и во својот статус и се прашувам кој /не/нормален дозволи ваква збирштина да биде и официјално регистрирана како партија.

Наместо заклучок: После се што ни се случуваше овие две години со обилна помош од странство, дојдено е времето за трезнење (се надевам не е предоцна) на Македонецот бидејки нашиот опстанок е во прашање!!!

Затоа да се заложиме за нови и чисти парламентарни избори, приближување

(а зошто да не и коалиција) меѓу македонските партии и создавање на одлучен народен фронт за одбрана од агресијата однадвор и од внатре за да си ја зачуваме татковината. Во спротивно……

Патем,  мораме да издржиме уште дваесетина дена па да се надеваме дека со новата администрација на претседателот Доналд Трамп ке преовладее разумот во институциите во Вашингтон, за разлика од агресивноста што ја наметна на меѓународен план администрацијата на заминување на добитникот на Нобеловата награда за мир Барак Обама.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top