Коментари

ПРОГЛАСOT НА СДСМ ЗА ПОБЕДА: БОЖИЌНА РАСПРОДАЖБА НА ЗЕМЈА, НАРОД, ЈАЗИК, КУЛТУРА

kukubajska1

СДСМ одамна ја има продадено, а со фалсификуваните изборни шеми, само ја дораспродаваше својата зделка со опклада против сопствениот Македонски народ, земја, јазик, култура и историја, за профит на неколкуте актери: своите профитери, албанските етничко малцински агенди за голема Албанија и надворешните интереси против постоењето на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ, победничката партија и на овие избори, веќе е изложена на непредвидливата опасност од „свршен чин“ режиран од оваа предавничка распродажба. Затоа, и да формира влада, ВМРО-ДПМНЕ сега ќе зависи од крајно антагонизираната левичарска деструктивност, омраза и криминал по што СДСМ е докажан уште пред и по приватизацијата, и ќе зависи од радикализираните исламски агенди на албанските партии. Распродажбата е спроведувана од неподносливо лекоумниот и морално и идејно корумпиран, а либерално лажно дарежлив СДСМ, а купувачот веќе ја планира Македонија како своја „ветена земја“ и како неважечка влада, држава и народ.

Ако СДСМ формираше влада на својот вообичаено измамнички, бескрупулозен начин, ВМРО-ДПМНЕ со право немаше да ја признае. Кој ќе требаше да добие со тоа пролонгирано, неизвесно и неоправдано барање на правдата? Македонија. А кој ќе изгубеше? Македонија. Така беше наштимана Соросовата уништувачка математика и машинерија за уривање на држави, со помош на новите леви јаничари по светот, како СДСМ? Ако ВМРО-ДПМНЕ направи коалиција со албанците, кој треба да изгуби? Одново Македонија! Така СДСМ калкулира дека по секоја цена треба да победува Соросовата „прогресивна“ светска зомбијада во Македонија!?

СДСМ е платеничка војска на фуриозната левицата на светот која има(ше) задача да ја доуништи  Македонија и да им ја испорача на светските блудни синови и ќерки, на анти-македонските Саломи, во елитистичките салони на распродажбата, да им ја предаде Македонија на Балкански „послужавник“ конечно само како мртва глава без тело, како генерична територија на која ќе се дифузира, трифузира, квадрира етничката и исламската агенда на новиот светски поредок на тој Балкан без Република Македонија, без македонскиот народ, и јазик, и историја.

Уништувањето на Македонија како земја и народ, за левите партии на САД, ЕУ и нивната  марионетска влада, СДСМ, треба(ше) да значи изведување на „прогресивната“ агенда на новиот светски нео-комунистички колонијализам, империјализам и (иако задоцнет и регресивен) соц-деконструктивизам.

Македонија бележеше економски, социјален и сеопшт напредок за време на 10 годишната демократска администрација на ВМРО-ДПМНЕ, која секогаш беше легитимно изгласана од народот. Комунистичката диктатура генетски присутна во СДСМ, не можеше да се помири да не владее (експлоатира) „вечно“. Отпочна лажна, насилничка пропаганда против ВМРО и му наметна  револуции (кои пропаѓаа низ светот) и политички, економски, социјални и сеопшти кризи. Левичарските fake news и масовна индоктринација по универзитетите и невладините организации и фондации се славеа себе си како нова елитна светска мејнстрим авангарда (иако и mainstream е веќе разобличен и отфрлан). Тиранијата на СДСМ продолжува(ше) со тортура против слободите на неистомислениците, на десничарските медиуми, на демо-христијанските идеи на народот – за да ги казнува како непревоспитани ученици кои продолжуваат во мнозинство да гласаат за реалните и конструктивни, рационални идеи на  ВМРО-ДПМНЕ, во сите (и предвремени) избори наметнати од хејтерски деструктивната, нарцисистичка и оттуѓена партија, СДСМ.

Очекува(ше) ли СДСМ – македонскиот народ да му честита за уште едно ропство кое ќе го спроведува(ше) по уништената еднаквост и толеранција, распродаваната „слобода“ и лажниот мир? Спрема природата на законот за суверен Македонски народ, држава, земја (patria) и демократија – Како?! Зошто?!  

Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска

kukubajska1
Д-р Кукубајска, републиканец, со премиерот Никола Груевски, во Њу Џерси, САД, 2008.

kukubajska2
„Некомунистичката“ поетеса Кукубајска, по добивање на наградата на градот Штип, и наградата Млада Струга, со Александар Грличков, Ристо Лазаров, Фируз Назим и Ацо Шопов со сопругата, Штип, 1973.

kukubajska3
Кукубајска, со словенечкиот амбасадор во Македонија. Б. Бергант, (кај Куклице) при снимање на клип со поетско читање на книгата ЕМИ И КУКЛИТЕ, 2008.

kukubajska4
Фамилијата Кукубајски во претседателскаѕа библиотека на Роналд Реган, Сими Вели, Калифорнија, 1988.

kukubajska5
Александар Кукубајски, таткото на Марија, со внуката Емилија (прва десно, сопругата Дуна, и пошироката фамилија,  во црквата Св. Богородица, Ново Село – Штип, на седиштата на кои седела Кукубајската ВМРО фамилија од 1890те години.  

kukubajska6
Дедото на д-р Марија Кукубајска, Мише Кукубајски, татко на Александар, три години измачуван од српските власти во Штипскиот затвор, и починат за каузата на ВМРО, 1927 година.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top