Коментари

СТРАТЕГИСКИ ОПРЕДЕЛБИ ИЛИ СТРАТЕГИСКИ ЗАБЛУДИ

Ѓорѓи Поповски

Во текот на предизборието, а особено во кампањите за двапати одлаганите и конечно реализираните “скандинавски” избори на 11 декември минатата година се изнаслушавме стратегиски определби и завети речиси унисоно, од сите партии учеснички во кампањите, дека остануваме цврсто определени на стратегиските определби за евроатлански интеграции.

Се прашувам: дали барем некој од заветените си го постави прашањето што во суштина значи тоа завештание за атланските определби, демек за членство во НАТО и европските определби, т.е. за членство во Европската Унија!? Мојот впечаток е дека малкумина се што го сториле тоа, ако воопшто има некој!?

Не сум НАТО-скептик, ниту пак ЕУ-скептик, но реалностите – драги мои сограѓани – се многу грди, дури премногу!

Ке се обидам и да понудам мое видување за работите. Ке почнам со завештанието за атланските определби, т.е. нашата за светла иднина во НАТО. Поминаа дури шест самити на НАТО (Букурешт, Стразбур-Кел, Лисабон, Чикаго, Велс и Варшава), а од поканата за полноправно членство на Македонија во Алијансата – апсолутно ниошто! И не само што не уследи фамозната покана, туку односот на самиот НАТО кон нашата земја, која е земја-аспирант за полноправно членство од самит до самит е се поригиден и понегативен!? Со други зборови, и покрај цврстата определба и непосреден придонес на Македонија во активностите и операциите на НАТО, од покана нема ни “П”, а атмосверата во самиот НАТО кон нас се понепријатна, па дури и нетолерантна.

Иако е голем заговорник за почитување на меѓународното право, НАТО не се удостои да почитува пресуда на највисоката судска истанца на планетава – Меѓународниот суд во Хаг формиран од Обединетите нации, организација во чие формирање уцествувале сите 28 членки на НАТО. Значи, самите членки на Алијансата не почитуваат одлуки, т.е. пресуди на суд во чиешто формирање самите учествувале. Колку и да звучи апсурдно за жал, сепак тоа е реалност.

Само за потсетување за НАТО-вци: Македонија беше меѓу првите “нови демократии” што на почетокот на 1990тите години аплицираше за членство; бевме членка на Вилниус групата од 10 земји, кандидатки за членство; членка на A5 +САД, членка на А3 групата со Хрватска и Албанија + САД. Македонија ги подржа САД во интервенцијата против режимот на Садам Хусеин кога половина членки на НАТО ја бојкотираа таа операција; а оствари 17 ротации на свои војници во операцијата ИСАФ во Авганистан, каде го обезбедуваа главниот штаб и командата на НАТО во главниот град на Авганистан со просечно 150-160 војници и офицери во смена, а колку за споредба Грција која е членка на НАТО својот максимум го постигна со испракање едвај 30 медицински работници и обавештајци во Кабул. Поднесовме и 17 Годишни програми (своевиден приемен испот за членство) што добија највисоки оценки од самите НАТОвци за реформите во одбраната, но ништо од тоа.

Кулуминација на македонската НАТО-сага секако е пресудата на маѓународниот суд во Хаг во наша полза дека Хеленската Република го прекршила мегјународното право непочитувајки ја спогодбата од Њујорк меѓу двете земји спонзорирана од Обединетите нации и САД.

И што да се каже после сето ова? Какви се изгледите да постанеме членка на Алијансата во догледно време? НИКАКВИ!!! Токму така, никакви – се додека на сме го сменеле името. Право лудило, зарем не?. А зошто би го менувале името и зошто би потклекнале на една фашизоидна политика наметната од Грција што ја подржува НАТО (Според методот на дедукција испаѓа дека НАТО подржува фашизам, зарем не!?).

Да не заборавиме дека како остаток од студенилото на блоковските поделби НАТО е пред се  воена групација што се спротивставува како соперник на сега виртуелниот противник Руската Федерација. По дифолт сите членки на НАТО се цел на руски напад во случај на војна. Ке ги прашам Бугарите и Романците како ке се чуствуваат доколку американските нуклеарни проектили бидат дислоцирани од базата Инџирлик во Турција на нивна територија. Доколку се случи тоа, истиот миг тие постаниуваат легитимна цел за руските атомски проектили! Звучи непријатно, зарем не?

Па што да се прави? Одговорот е мнногу едниостравен: наш, македонски ултиматум до НАТО, или ке престанете да се глупирате со тој ваш идиотски консензус и веднаш ке не примите, или ние најавуваме референдум за прогласување воена НЕУТРАЛНОСТ. Неутрална Македонија, како и неутрална Австрија и Швајцарија може да си тераат бизниси со НАТО, но со својата неутралност никому нема да претставуваат закана.

Членството во ЕУ е втората тажна приказна со која се соочуваме како земја и како генерација. И таму, проблемот било името на земјата (погоре споменатата теза за фашизам важи и во овој случај). Македонија која по Словенија беше најнапред во реформите самата ЕУ ја помести на опашката кандидати за членство поради принципит на солидарност (?) со земја членка – Грција!) А да ги запраша човек: солидарност со што? Не знам дали ке можат да понудат логички прифатлив одговор!

Впрочем, ајде веке еднаш да видиме: врз основа на што Грците бараат ексклузивитет на името Македонија, па и на нацијата Македонци? Современи германски антрополози тврдат дека дури 80% од она што се нарекува грчка нација се негрци, т.е. еленизирани Албанци, Словени (Македонци и Бугари), Власи, Турци, Евреи….. Нивно право е како овие луѓе се чуствуваат и нарекуваат, исто како што и наше легитимно право да се нарекуваме како што сакаме и се чуствуваме, зарем не!? Впрочем, тоа е и едно до основните човекови права загарантирани со меѓународните конвенции (само што Грците ништо не почитуваат и тоа им поминува во ЕУ и НАТО толерирајки ги како на размазени деришта).

Некој британски аналитичар и добар познавач на приликите во ЕУ предвидува дека Македонија ке биде п о с л е д н а !?) европска земја што ке постане членка на ЕУ и тоа евентуално дури во 2030 година (Не умри магаре за зелена трева, што би рекол нашиот народ). Е па што дотогаш? треба да се живее и да им обезбедиме иднина на генерациите што доаѓаат по нас, зарем не?

Мислам дека актуелните “стратегиски определби” се во суштина “стратегиски заблуди”што треба добро да се проанализираат и да размислуваме за нови, поаѓајки пред се од нашите сопствени интереси. Да ја претвориме земјава во даночен рај, слично на Луксамбург, Кипар, Малта, па и Велика Британија со нејзините острови во Каналот, да отвораме нови пазари! Само така можеме да излеземе од оваа жабокречина во која не турнаа и упорно и сепоагресивно и бескрупулозно не туркаат токму НАТО и ЕУ.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top