Коментари

Мото на опозицијата – „Власт по секоја цена – договор по секоја цена“


Свекрва

Обидот на СДСМ со постизборен инжинеринг да ја изигра вољата на народот и со ДУИ да направи Влада можат да се предизвикаат дополнителни проблеми и тензии во земјава. Едноставно, било какво коалицирање на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со Заев ќе биде на штета на сите. Сепак, она што вознемирува е тоа што некои како Заев без разлика на вољата на мнозинскиот народ се спремни за лични интереси  да го сменат името, идентитетот и јазикот и да му го нанесат последниот смртен удар на македонскиот народ и држава.

По Рамковниот договор во 2001 година, првиот удар за разнибитување на земјата кој го изведе раководството на СДСМ беше Предлог-законот за територијална поделба на општините кој беше усвоен од нивната Владата во декември 2003. Почетокот мина со мала галама од внатрешноста, а потоа кога се чепна Скопје стана национален проблем. Во тоа време сеуште немаше конечна спогодба за границите за Скопје, додека Кичево и Струга за СДСМ уште тогаш беа „затворени прашања”, односно беше договорено со вештачко прекројување овие мали градови да се претворат во големи општини со мнозинско албанско население.

На 15 декември, неколку дена по усвојувањето на Предлог-законот, струшкиот разгранок на СДСМ се закани дека ќе поднесе оставка доколку Црвенковски не го измени, а  во јануари 2004 година мнозинството стружани излегоа на референдум и гласаа против предлогот.

Кичевчани излегоа на референдум во февруари 2004 година и се изјаснија против вештачкото прекројување на постојните граници на општината. И додека градоначалниците на Струга и Кичево предупредуваа дека расте незадоволството на локалното население, на јавноста и беше сервирано по некој мал напис на страниците на весниците. Следуваа трибини, референдуми и во други општини, па организирани протести, блокади на патишта, како и директна вклученост на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и покрај револтот СДСМ не дозволи да се наметне како важна национална тема.

Исто така револтот на народот не влијаеше на раководството на СДСМ, кое пак ги ангажара речиси сите ресурси во функција на амбициите на Црвенковски да стане претседател на државата. Впрочем, политичкиот договор за вештачко прекројување на општините во полза на ДУИ, беше условот Црвенковски да ги добие гласовите на Ахмети за време на претседателските избори во мај 2004 година.

Доаѓањето на власт по секоја цена, ги зголеми тензиите во јуни, кога Ахмети си побара наплата на фактурата за претседателските избори: Струга, Кичево и Скопје. Раководството на СДСМ тогаш ќе изјави дека тие на Ахмети можат да му понудат или Скопје да остане како што е, а Струга и Кичево да станат доминантно албански, или обратно, Скопје да стане двојазично, но Струга и Кичево да останат во постојните граници. Но, за разлика од Ахмети кој, доколку не го добиеше ветеното, беше подготвен да помине во опозиција,

Социјалдемократите се исплашија од самата помисла дека можат да ја загубат власта, и затоа продолжија да преговараат според логиката: „власт по секоја цена – договор по секоја цена”.

Во меѓувреме, стружани и кичевчани продолжија со протестите, опозицијата се обидуваше да го раздвижи Скопје, но сепак најголемиот број на неговите граѓани не веруваа или не сакаа да поверуваат дека нешто навистина ќе се смени.

По долгото “државничко” молчење, конечно се огласи и Бранко Црвенковски, потврдувајќи дека не само што Кичево и Струга ќе бидат доминантно-албански општини, туку дека и Скопје ќе стане двојазично. Тогаш населението на Скопје се разбуди и се затече заплеткано во мрежата исплетена од Ахмети и Црвенковски уште пред да биде избран за претседател.

Идентитетот, целокупноста на Македонија, опасноста од поделба на државата, нарушувањето на соживотот, одеднаш испливаа на површина. Институти, академици, уметници, невладини организации, бизнисмени, сојузи на борци и други се изјаснија против владиниот предлог за територијална поделба.

Одеднаш иницијативата за референдум од Тодор Петров стана врвен приоритет; се собираа потписи; опозицијата се обедини; се организира голем граѓански протест. Сите беа едногласни дека подобро би било изборите да се одржат во дотогашните општински граници, отколку државата да биде заложник на една лоша територијална поделба.

Македонија не е Скопје, но Скопје ја движи Македонија. Во главниот град се концентрирани институции, медиуми, политичката елита и др.. Во зависност од вољата на населението на Скопје, државата може да тргне во една или друга насока. Тоа добро го знаеа оние на кои власта им е помила од се. Тие знаеја дека Скопјани можат да го спречат процесот на злоупотреба на Рамковниот договор и зависеше од скопјани по кој пат ќе тргне земјата. Сепак се гласаше за државникот, а референдумот одржан во ноемри 2004 година не успеа.

„Државникот“ потоа тргна на се или ништо.

Уште пред самиотот на НАТО во Букурешт 2008 година обелодени дека се залага да го смени името. Во игра го внесе и проектот за создавање на конфедерација на кантони со ново име за севкупна употреба, со што би ги избришало Македонците како ентитет, и радикално би го затворило македонското прашање. Но, свесен дека тоа не е прифатливо за Македоците, тој го прикрива и започнува етапно деноминирање и исчезнување на Македонија.

Рамковниот договор го отворил и олеснил патот за смртта на Македонија.

Имено, Македонија уставно е дефинирана како заедница на народи, што е потврдено со територијалната поделба, а Албанците не им било тешко да бидат натерани да барааат што поголема независност од централната власт. Според СДСМ, остварувањето на оваа платформа требало да оди полесно, зашто Македонците не знаат кои се и што се, па многу лесно треба да го прифататат новиот идентитет. Не случајно беше ударот по Скопје 2014 година. Всушност тој беше закана за плановите на СДСМ.

Денес гледаме дека лидерот на СДСМ Зоран Заев, идентично на поранешниот претседател на Социјалдемократите, премиер и претседател на државата, а поддржан од Сорос и центрите на моќ, ја продолжува оваа игра за редефинирање на Македонија. Се со цел да ја освојат власта ја потикнаа и ја прифатија платформата на албанските партии, која значи смрт за државата.

Иако изгубија на предвремените парламентарни избори, под мотото „Власт по секоја цена – договор по секоја цена“, гласноговорниците на СДСМ отворено говорат дека платформата на Албанците не е прифатлива за ВМРО ДПМНЕ, но таа е прифатлива за нив и се спремни без разлика на цената да формираат влада со ДУИ.

Обидот на СДСМ со постизборен инжинеринг да ја изигра вољата на народот и со ДУИ да направи Влада можат да се предизвикаат дополнителни проблеми и тензии во земјава и регионот. Едноставно, било какво коалицирање на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со Заев ќе биде на штета на сите. Сепак, она што вознемирува е тоа што некои како Заев се спремни за лични интереси  да го сменат името, идентитетот и јазикот и да му го нанесат последниот смртен удар на македонскиот народ и држава.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top