Коментари

Наместо: Danke Deutschland

hl-steppan

hl-steppan

Ѓорѓи Поповски 

Деновиве званичен Берлин соопшти дека поранешниот германски амбасадор во Босна и Херцеговина Христиан Халбах бил назначен за нов специјален пратеник на германското МНР за Балканот. Амбасадорот Халбах, како што е наведено во соопштението, важел за ,,добар познавач на приликите на Балканот,, и следствено на тоа, претпоставуваме дека очекувањата во германската метропола се дека тој ке ги оправи работите во регионот!?

Ова најново именување од германското МНР отвора повеке дилеми, одошто нуди некакви охрабрувачки сигнали, барем таков е првиот впечаток кога е во прашање Република Македонија и германскиот став кон неа.

Германија како голема сила има свои дипломатски мисии, амбасади, во сите земји на Балканот. Германските амбасади по правило се кадровски и стручно екипирани бидејки познато е дека Германија ништо не препушта на случајот и следи многу педантно буквално се. Германија веке дваесетина години има свој амбасадор и во Скопје, од првиот и за нас легендарен Др. Ханс Лотер Штепан, кој ке остане запомнет по две работи:

  1. по изјавата веднаш по неговото пристигнување во Скопје кога рече: “Дојдов во Македонија како прв генерален конзул на Германија, но ке бидам прв амбасадор на Германија во Македонија”, и
  2. по колосалниот труд “Македонскиот јазол”,  што го напиша базирајки се на богатството од документи во Дипломатскиот архив на германското МНР. 

Амбасадорот Др. Ханс Лотер Штепан многу ја задолжи Република Македонија како нејзин искрен пријател кој настојуваше да воспостави што е можно поблиски релации со неговата татковина Германија. Штета што нашата земја не најде начин да го валоризира неговиот труд и да му се заблагодари додека беше жив.

Федералната  Република, за жал, по амб. Лотер Штепан до сега не испрати некој робусен амбасадор од првиот ешалон на германската дипломатија. Дали Република Македонија е премногу мала во очите на званичен Берлин, или од други причини, тоа тие самити си знаат.

Своевиден бисер на германската дипломатија е актуелната амбасадорка Христин Алхаузер која ни нејзините колеги амбасадори во европските метрополи ниту ја познавааат ниту чуле за неа.

Колкаво е нејзиното значење како дипломат за самото германско МНР доволно зборува податокот дека германскиот министер за надворешни работи Шрамаер минатата година го именува како свој личен пратеник амб. Јоханес Хајндл, искусен дипломат и актуелен Германски амбасадор во Австрија, изворно да се запознае и да информира за случувањата во Македонија во екот на политичката криза.

Ваквиот потег дирекно говори дека официјален Берлин не и верувал, или пак немал доволно јасна слика за состојбите во Македонија што произлегувало од извештаите што фрау Алтхаусер ги испракала во германското МНР.

Сега повторно се именува нов личен емисар на МНР Шрамаер, додуша за Балканот, но неизбежно во тој пакет ке биде и Република Македонија. И повторно дилемата: дали видувањата на амб. Халбах ке се совпаѓаат со извештаите на амб. Алтхаусер!?

Останува да видиме, а следејки ги активностите на фрау Христине, која деновиве интензивно се срекава исклучиво со партии од опозицијата и чиј главен надворешен советник и е Сашо Ордановски преку сопругата Бјанка, советник на амб Алтхаузер во германската амбасада, човек не знае што веке да помисли.

Германскиот МНР Штајнмаер во неколку наврати инсистираше дека за очувување на евроатланските перспективи на Македонија било од клучно значење продолжувањето на мандатот на СЈО…

Е па господине министре, ајде да бидеме до крај доследни и да примениме исти аршини и кај вас во Германија.

Ајде да ги објавиме илегално сниманите телефонски разговори што ЦИА и НСА ги  правеа со години кај вас, дома, прислушкувајки ги дури и приватните телефони на канцеларката Меркел, па да видиме кои германски политичари евентуално ги злоупотребиле своите позиции, вклучувајки го и сопругот на Ангела Меркел (од наши извори дознаваме дека и канцеларката Меркел и владеачката ЦеДеУ се уценувани со содржините од тие разговори).

Што мислите, што ке произлезе од тие разговори и кои ке бидат последиците по актуелната канцеларка, по влада на Германија и владеачката ЦеДеУ? Лесно е од позиција на голема сила да се диктираат барања на други (во случајот на Република Македонија), но ке биде подобро за сите пред се и вие самите да си го исчистите сопствениот двор, па после да делите лекции на други.

Би му порачале на новиот пратеник за Балканот, амб. Халбах: Ekселенцио, прочитај ја книгата од твојот починат колега амб. Ханс Лотер Штепан пред да тргнеш за Македонија.

И второ, г. Халбах, не заборавај дека Германија и е должна на Македонија да и компензира за злосторот што и го направи министерот за надворешни работи Ханс Дитрих Геншер кој го игнорираше извештајот на Бадентеровата комисија и нејзината препорака за меѓународно признавање на Македонија во 1992 гоидина.

Наместо да го стори тоа, тој одлета од Бон во Атина да се пазари со Грците на сметка на Македонија: тие (Грците) да  ја подржат Германија во признавањето на Словенија и Хрватска, а за возврат Германија нема сама, унилатерално, да ја признае Македонија туку тоа ке го стори почитувајки го ставот на ЕУ.

Амбасадоре Халбах, наместо извинување од вашата земја за злосторот од екс-министерот Геншер што за нашата земја значеше почеток на 25 години агонија на негирања, притисоци и условувања, сугерирајте им на луѓето во германското МНР да се ослободат од оклопот на реал-политиката и конечно да завземат позитивен и конструктивен став кон нашата земја. Уцените и условувањата со застој во евроинтеграциите нема да ни помогнат ниту вам ниту нам ако продолжите со политиката да ја претворате Македонија во црна дупка на политчката мапа на Европа. Наметсо тоа, ајде, помогнетете како што го сторивте тоа со Хрватска, да да можеме и ние еден ден да возврамиме со: Danke Deutschland!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top