Коментари

Не ни ја убивајте Земјата!

katerina_klimoska_2

katerina_klimoska_2
Катерина Климоска –

Ве има секакви, ве има од сегде! Ве има сегашни, ве има од дамнина! Ве има гласни и јавни, ве има скриени и чутливи!  Ве има домашни, ве има странски! Ве има за глад за пари, ве има за глад за моќ! Ако! Нека ве има! Што ви треба да престанете да не уништувате? Сакате пари, сакате моќ, со колку ќе се најадете, со колку ќе се напиете?! Ќе ви овозможиме, па макар леб и вода секој ден ние другите да јадеме и пиеме! Само оставете не да живееме! Не ни ја убивајте Земјата!

Оставете не нас кои само сакаме грош среќа, оставете не нас кои сме побројни од вас, да живееме во оваа Библиска Земја на раат, да се радуваме на новиот ден, на сонцето, на дождот, на Човекот! Оставете не нас кои сме во поголем број да се радуваме на малите дневни радости и убавината на човечноста во денот!

Оти, ние, ние што сме побројни сме со конец црвено-црн поврзани со Македонија, ги носиме во себе радостите, тагите, победите и поразите, предавствата и возвишувањата на Македонецот. Ние не живееме само за хартијата долар-евро, не живееме за моќта и позицијата, ние живееме за да го дадеме најдоброто од нас на светов сега, за да оставиме печат на човештина и добрина, за да биде вредно нашето постоење и пред Господ! Ете тие сме ние побројните кои тивко но упорно без предавање ја водат борбата за зачувување на топлината на домот и сјајот во очите на Македонецот. Оти, ние имаме, од дамнина, Код кој ни е Аманет, Код кој ја пренесува молитвата на Апостол Павле, на Лидија од Библијата, на Кирил и Методиј, на Наум и Климент, на целото минато и сета иднина, на сите Светци, на сите Мислители, на сите големи луѓе Македонци, на оние што биле на оние што доаѓаат, и на ние што сме сега овде тука!

Не се видело толку крволочно растегнување на живо месо, и тоа свое, македонско! Да бевте диво месо па да ве отсечевме, но не, еве што сакате ќе ви овозможиме, Вие, кои и да сте, домашни или странски, само не ни ја убивајте Земјата! Тука ние, ние кои сме побројни од вас, сакаме да создаваме семејства, да им се радуваме на убавината и љубовта, на младоста и староста, на благодатта која по Божјата милост ни е дадена!

Затоа, ви велам, што треба, со колку пари ќе се најдете и напиете, ќе ви дадеме, ќе ве отплаќаме, само оставете ни ја Земјата, тоа е Нашиот Дом! Домот на нас, оние кои сме побројни од вас, Дом кој сами чесно и домаќински го градиме и затоплуваме!

Не ни ја убивајте Земјата, оти така ќе не убиете сите Нас! А крвта на невин човек не се брише и ќе остане вечно на вашите раце, па како жигосани ќе шетате низ Светот и низ историјата. Дајте што треба за да ви ја очистиме празнината, нечистотијата во вас како луѓе, болната амбиција која ја носите во себе само за свој личен купи-продај интерес- ете ќе ви ја оствариме, и оставете не да живееме… зошто некои од нас веруваат во поголеми подлабоки повозвишени животни вредности од парите и моќта, некои од нас а побројни од вас, ви велат: Не ни ја убивајте Земјата! Не ни ја уништувајте Македонија!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top