Коментари

Вељушкиот манастир бил изграден од учениците на св. Кирил и Методиј!

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Вељушкиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица или „Св. Богородица Елеуса (Милостива)“ е лоциран во селото Вељуса на 7 км западно од Струмица. Според историските извори оваа црква го зазема едно од најзначајните места во црковната и културната историја на Македонија. Со своето архитектонско обликување изворно сочувано до денес, Св. Богородица Елеуса ги презентира високите дострели на византиската сакрална архитектура  и уметност на македонската територија во средниот век. Според историските извори, по своето архитектонско решение црквата е единствена градба во Македонија од 11-сетиот век.

Сочуваните записи  говорат дека црквата Св. Богородица Елеуса ја подигнал монахот Мануил, а подоцна Струмички епископ, во 1080-тата година. Преданието кој ги запишува кон крајот XIX век учителот и деец на Македонската револуционерна организација Герги Трајчев, пак говорат дека таа била изградена од учениците на св. Кирил и Методиј, а самиот Методиј преповедел 10 години по „Бела река“, која минува низ Вељуса  и Водоча. Во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.) прилпечанецот Г. Трајчев за Вељушкиот манастир ги дава следните податоци:

„Вељушкиот манастир „Рождество на св. Богородица“, е изграден на една висока карпа над селото Вељуса, по падините на планината Еленица, три часа западно од градот, и служи за молитвен дом на Вељушани. Тој е изграден во 1080 година од Струмичкиот епископ Мануил, според камениот натпис над црковната врата. Во 1085 година, Алексиј Комнен, со хрисовула му дарува на манастирот земја и го ослободил од секакви даноци, како и од секаква зависност од државните и црковните власти. Со друга хрисовула од 1106 година се потврдува првото дарување и му се дава на манастирот 12 парици за обработување на земјата. Хрисовулата на Алексиј Комнен од 1118 година е изгубена, а зачувани се грамотите на Мануил Комнен од 1152, 1160, 1156 и 1159. Друг официјален документ од средината на XII век, обнароден од отец Пти говори за манастирските земји и парици, како и за уставот на основателот Мануил и инвентарот на манастирската ризница и библиотека. Уште во XIV век манастирот бил метох на светогорскиот манастир Ивирион. Во 1346/1347 г. Стефан Душан ја потврдил таа зависност.

Црковната зграда е состевена од три оддела, но едновремено еднокуполни делови. Суштинската црква е четириконхална, едноабсидна со купола поддржана од четири арки, сместени меѓу неа и конхите. Северо-источно од северната конха, во нејзиниот радус, е дадено едно издолжено ниско одделение, кое завршува со абсида и е соединето со крив коридор со предолтарниот дел на главната абсида. Полуноќницата е куполна, крстовидна црква, со силно скршено источно и западно рамо, а на запад од него е надворешното предворје, едноставен правоаголник. Главната црква кон југ е продолжена со двоконхален куполен параклис, кој има излез и кон дворот. По целата јужна страна, источно и западно од параклисот, како и на северната, јужно од конхата, биле додадени многу касно, дури пред 80 – 90 години (околу 1850 г. – н.з), благи ниски правоаголни доградби. Пред целата западна фасада, заедно со касните делови, имало и откриен трем со мермерни колони, чии делови до скоро се тркалаа во дворот. Градбата на првите делови е од делкан местен бигор, наизменично со тули. Ѕидовите на конхите и на јужниот параклис се разделени во реда слеани профилирани прозорци, а во средниот дел, источната и северната конха има по два многу тесни и долги профилирани прозорци. Ѕидовите под покривот имаат двоен ред забци, како и облините на фасадите и куполните арки. Зачувани до скоро манастирските згради, многу понови од црквата, биле изградени од жителите на Струмица и соседните села…

Самата црква не е толку голема, а со мал олтар и останатиот дел е со двоетажна симетрија, преградена со камени дебели ѕидови. Како од надвор, така и од внатре, на некои места ликовите на светците почнале да се рушат. Црквата од сите страни е зградена со камени ѕидови, каде што на источната страна се забележуваат многу соби.

И денес, кажува Струмичкиот архимандрит Герасим…, манастирот е во владение на Светогорскиот манастир Ивирон, така што управувањето со манастирот не е зависно ниту од Струмичкиот митрополит, ниту од селото.  Ивиронската обител го дава манастирот под наем за 5 години на еден свој монах. Манастирот поседува ниви, ливади, планина, крупен и ситен добиток. Празникот на храмот е на 8 септември ст.ст…

На 17 август 1913 година, при заминување на грчката војска од Струмица, која (по поделбата на Македонија – н.з.) остануваше во Бугарија, го запалија градот. Тогаш изгореа и зградите на манастирот, од кои стрчат само поцрнетите ѕидови…

Манастирот е посветен на св. Богородица Милостива на грчки „Елеуса“, од каде дошло и името на селото – Вељуса… Дури и да спаѓал манастирот во областа на Охридската архиепископија и во Струмичката епархија, тој благодарение на привилегиите, дадени од инмператорот Алексеј Комнен во 1085 година останал независен.                                                            

Над надворешната врата на храмот на убав профилиран мермер е издлабен следниот натпис на грчки: „Се возобнови од основа тој храм на Пресвета Богородица Милостива од монахот Мануил, поранешен епископ на Тивериопол. Во година 6588 – 1080, идикт 3“. Над внатрешната страна на црковната врата има друг мермерен надпис..: „ …О мајко, непорочна и извор на милосрдие, јас Мануил пастир и монах, твој служител, ти го поднесувам, Владичице, овој крам“.

Интересни се некои од грамотите, дадени од византиските императори на тој манастир, пишува Трајчев. Тој посочува дека во грамотата од 1152 година, се споменуваат имиња на месности во струмичко, како и имиња на лица, кои и покрај грчката транскрипција го издаваат славјанското потекло: „Лесковица, Лесковец, Латица, Дреново, Брезник, Врбица, Влковија. Иван, Черно, Вуско, Малорад, Белин и др…“  Врз основа на преданијата кои ги собира од струмичкиот крај, авторот посочува дека манастирската црква била изградена многу порано од 1080 година:

„ ..Преданието говори дека таа била изградена од учениците на св. Кирил и Методиј, а историјата расправа (вели Струмичкиот митрополит Герасим во еден свој извештај од 1917 година, Бр. 236), дека св. Методиј цели 10 години преповедал на славјаните словото Божје по „Бела река“, која тече источно од Вељуса на три четвртини од часот, минува низ с. Водоча и по горното течение се нарекува „Бела река“, а по долното – „Водочница“. Најстариот, антички дел на црквата и наддавката на западната страна, кои останале неповредени од пожарот, се изградени многу оддамна. На вратите како на стариот дел на црквата, така и на надавките, имаше по една плоча со надпис, каде се говореше дека црквата е изградена во 1100 година. Се претпоставува дека старата црква е изградена во 916 година. И двете плочи во 1914 година митрополитот Герасим ги испратил во Софискиот музеј поради нивното историско значење, во врска со 1000 годишнината од св. Климентовата смрт…

Говорејќи за делувањето на пропагандите на територија Македонија, покрај уништувањето и разграбувањето на македонското културно наследство, Георгиев за борбата на црковно-училишните општини со фанариотската Цариградска патријаршија го бележи и следното:

„Манастирот се управуваше од селската општина, бидејќи црквата им служеше за енориска, а имотите на манастирот се поддарени од населението. Грчката митрополија правела обиди да го земе овој манастир под свое владение, но селаните се противеле. Грчкиот владика, сепак успева да го привлече селото, но итрите селани, несакајќи владиката да го има манастирот, испратиле 5-6 души во св. Гора и го предале манастирот на Иверскиот манастир од каде дошле калуѓери и го зеле манастирот под свое управување. Тој чин се извршил во 1869 година. Манастирските згради беа издигнати од околните села, во кои секое село имало сопствена соба, во кои за време на празниците престојуваа. Во 1892 година … општината и селските старешини подигнаа претензии за манастирот од Иверското туторство и започна спор. Турската власт реши да се изгради нова црква одделна за селото во 1911 година. За време на Втората балканска војна, грчката војска пројавувајќи ги своите вандалски особености пред повлекувањето од струмичко го запалија манисторот. Црквата потоа е обновена. Управувањето со манастирот во бугарско време се состоеше од 4-ри настојници на чело со свештеник избрани и потврдени од митрополијата. Грижата на управниците била да го даваат манастирскиот имот под наем на населението додека се капотализира соодветна сума за возобновување на таа ..светиња. Сепак, Бугарските власти, ги објавиле манастирските имоти за безсопственици и така започна спор со нивното владеење меѓу црквата и државата, кој спор заврши со… заграбувањето на тој крај од Србија.. “ – пишува Трајчев.

Во црквата Св. Богородица Елеуса, која е една од најзначајните споменици на македонското културно наследство, се сретнуваат уметнички изрази реализирани во фреско – техника, мозаик и вајарските во плиток релјеф на мермерните делови на иконостасот. Живописувањето на црквата е изведено во три временски периоди: во олтарот, подкуполниот простор во наосот и ѕидовите, конхите, и капелата, 1085 во тремот од  1164 година и во наосот од 19 век. Во наосот на црквата зачувана е олтарната преграда, изведена во мермер со стилизирани растителни и геометриски мотиви изведени во плиток релјеф. Во подниот мозаик застапени се геометриски мотиви и ги пратат основите на конхите во централниот дел од наосот, натрексот и јужната капела. Вељушкиот храм  е карактеристичен со ликовните вредности и раскошната ризница од скапоцени уметнички творби. Тоа укажува дека при изградбата на храмот се водело сметка да ги надминат сите постојни уметнички остварувања на црквите во  таа средина.

(извор: Г. Трајчев „Манастирите во Македонија“, Софија, 1933 г.)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top