Коментари

Академиците молчат додека Македонија е во длабока политичка криза


Свекрва

Во последно време често се пласираат информации за прекројувањето на границите на Балканот. Неодамна пласираната теза на британскиот дипломат и експерт за Балканот Тимоти Лес дека мир на Балканот може да има само доколку се изврши прекројување на границите по етнички принцип предизвика големо внимание во јавноста. Исто така, внимание привлече писмото кое републиканскиот конгресмен Дејна Рорабахер, кој претседава со одборот за надворешна политика во Европа, го испратил до претседателот на Србија, а во кое се нуди размена на територии на југот на Србија за северот на Косово како решение за смирување на тензиите на овој дел на Балканот.

Според британскиот дипломат и експерт Тимоти Лес процесот на распаѓање на државите на Балканот не може да се спречи бидејќи со него управуваат геопилитичките сили, за што сведочат промените во светот пред се во САД, ЕУ, Русија и Турска. Во интервју дадено за хрватски портал Експрес, кој го пренесуваат балканските медиуми, тој ќе посочи дека малцинските заедници во Босна, Косово и Македонија никогаш не го прифатиле легитимитетот на тие држави, а по распадот на Југославија многумина се фатиле со оружје за да не постанат нешто што тие го сметаат за туѓа држава.

Британскиот експерт смета дека во услови на ослабена ЕУ и промена на курсот на политиката на САД која се врти кон внатрешните проблеми, како и тенденциите на Русија и Турција преку Балканот да го шират своето влијание, се зголемуваат потиснатите сепаратистички тенденции. Тоа го зголемува ризикот, Бошњаците, Косовските Албанци и Македонците со оружје да се спротивстат на распадот на своите држави, што би можело да доведе до вмешување на големите сили како Русија, Турција, како и на други држави од регионот.

Всушност, иако глобалистите се повеќе ја губат битката со патриотските сили кои сакаат да ја сочуваат државата и нејзиниот суверенитет, нивниот судир на Балканот, добива на интензитет.

Познато е дека сепаратистите веќе долго време работат во регионот. Додека Србите во Бих и Косово, поддржани од матичната земја се движат по патот до конечно отцепување, во меѓувреме во Македонија Албанците одбиваат да учествуваат во власта, освен ако не се прифати албанската платформа скроена во Тирана, која е неприфатлива за Македонците.

Испостевената албанска платформа до македонските политички блок преставува ризик по унитарноста на македонската држава доколку биде прифатена од било која македонска партија. Тоа е фаза каде меѓуетничка поделба на власта доаѓа до својот крај. Македонија би била поделена по етнички линии, а Албанците би формирале паралелни институции во западна Македонија, што би довело до федерализација или повеќе до конфедерализација на земјата, чекор до отцепување на еден дел од територијата. Сето тоа би  предизвикало реакција на Македонците, бидејќи еднаш поделена Македонија во 1913 г. нема простор за нови делби.

Во однос на идеите за размена на територии и население, Македонија веќе еднаш се соочи со таква понуда за време на вооружениот конфликт во 2001 година. Тогаш преку претседателот на МАНУ Ѓорѓи Ефремов требаше да и се наметне на јавноста идејата за размена територии и население. Сепак, тоа не беше ниту идеја на тогашниот премиер Љупчо Георгиевски, ниту на на МАНУ, која како институција требаше да ги брани државните интереси. Како што американскиот конгресмен Рорабахер денес им нуди размена на територии, така идејата за размена на Тетово, Гостивар и Дебар за Пустец беше пласирана од Брисел, од истите оние кои и денес упорно работат на разнебитување на македонскиот народ и држава.

Доколку овие сили навистина сакаа да опстане Македонија како држава тогаш зошто не му понудија на македонскиот народ обединување на сите делови на македонската земја која ја поделија во 1913 година, во замена за одредени делови од Западна Македонија. На сите им се јасни игрите за размена. Затоа македонскиот народ ги отфрла ваквите понуди и им порачува да го остават на мир.

Исто така им порачува на сите кои сакаат да живеат во Македонија дека треба да го почитуваат територијалниот интегритет, Уставот, знамето, химната и името, а ако не, можат да заминат каде што сакаат да живеат. Особено тоа важи за албанските сепаратисти кои имаат две албаски држави во соседството, каде можат слободно да го практикуваат својот јазик и да го истакнуваат своето знаме каде сакаат. Но, исто така треба да знаат дека сепаратизмот може да се појави секаде, а падот на Македонија, значи и пад на Косово и Албанија. Тирана сигурно е свесна дека преку ноќ може да се распадне на три дела.

И додека Македонија се наоѓа втурната во длабока политичка криза заради недржавотворната политика на лидерот на СДСМ Зоран Заев, како и заради платформата на албанските партии во земјата која им е наметната од Тирана, академиците на МАНУ мудро молчат. Ниту еден збор не се слуша од нивна страна за црвените линии на македонскиот народ. Ако се има предвид дека најголем дел од академиците биле поранешни членови на СДСМ, која од осамостаојување на земјата работи на нејзино разградување и разграбување, сосема јасно е нивното молчење.  

Единствено кој застана во одбрана на државните интереси е партијата ВМРО ДПМНЕ предводена од лидерот Никола Груевски и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, кој јасно порача дека оние што ќе ја составуваат новата влада бара во својата програма да имаат два клучни приоритета:

Прво, заштита на државните интереси на Република Македонија, што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата;

и второ, системска реформа по кризата во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност на Република Македонија. Всушност, само тие имаа храброст да застанат на патот за територијално реконпонирање на државата за туѓи интереси.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top