Коментари

Претседателот Иванов отсекогаш работел во интерес на македонската држава

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во текот на своите два мандата секогаш работел во интерес на македонската држава, поради што честопати бил цел на критики од оние кои не и посакуваат добро на Македонија. Иако, се придржува до Уставот и законите, денес, тој повторно е цел на напади од опозицијата, која бара по секоја цена да го добие мандатот за составување на нова Влада, откако мандатарот на победничката коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, не успеа да состави нова влада.

Во рамките на своите права, обврски и должности, претседателот Ѓорге Иванов отсекогаш постапувал согласно Уставот и законите на Република Македонија. Тоа го најави и во својот предизборен говор одржан во Охрид во пролетта 2014 година кога истакна дека како и дотогаш доколку биде реизбран „како претседател, нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име.

Нема да прифати идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот“.

Претседателот Иванов досега чесно го одработи својот мандат и за цело време од неговото претседателствување тој не направи компромиси кога се во прашање интересите на македонскиот народ и на сите граѓани на Македонија. Поради тоа што не прави манипулации и не работи зад грбот на народот, тој на многумина не им одговара. Иванов постојано беше изложен на критика од опозицијата, а Албанците не го признаваа за претседател.

Поради тврдиот став на Иванов, тој не им одговараше ни на дел од меѓународната заедница.

Едноставно тој знаеше отворено да им каже дека Македонците сами одлучуваат за своите клучни национални прашања, дека никој, освен македонските граѓани, нема право да одлучува за името на нивната татковина Македонија, како и тоа дека никој освен македонските граѓани нема право да одлучува за иднината на Македонија. Односно дека во Македонија народот самиот си ја избира власта, а не некој од надвор да ја составува. За тоа право се бореа и се изборија генерации и генерации Македонци.

Оттука и обидите на СДСМ и соросовите структури тој да се дескридитира по секоја цел.

Ни најмалку не беше случаен нападот на неговата канцеларија додека траеше обоената револуција. Тоа беше напад на институцијата преседател, кој се обиде да ги штити македонските интереси.

Денес, по неуспешниот обид победничката коалиција да состави Влада, претседателот Иванов е последната бариера која им стои на патот на домашните и надворешните сили кои преку опозиционата СДСМ се обидуваат да ја преземат власта за да го сменат името на земјата и да ја разнебитат македонската држава и народ.

Но, тоа не може баш така како што некој го замислил или посакува. Врз основа на Уставот и законите, и на историските искуства, претседателот Иванов им порача на партиите дека мандатот ќе го даде на онаа партија или коалиција која ќе докаже дека обезбедила мнозинство во Собранието.

Ваквата одлука не е ниту противуставна, ниту претставува преседен, како што се обидеа да ја престават. Тоа го кажуваат настаните по осамостојувањето на Македонија.

Имено, во 1992 година, по падот на владата на Кљусев, ВМРО ДПМНЕ во Собранието имаше најмногу пратеници, но не и мнозинство кое би и овозможило да состави влада. Претседателот Киро Глигоров тогаш мандатот за составување на новата влада му го додели на Патар Гошев, кој го врати мандатот по 20 дена откако не успева да ја состави. Глигоров по втор пат му го врати мандатот на СКМ-ПДП (денешен СДСМ) но овој пат како мандатар се јавува Бранко Црвенковски.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ тогаш поднесе иницијатива пред Уставниот суд со тврдење дека Глигоров го прекршил членот 90 од Уставот (односно членот 84 во стариот Устав) со тоа што го доверил мандатот на Црвенковски (како кандидат од иста партија, од која претходниот мандатар го вратил мандатот). Но Уставниот суд се произнел со решение дека нема прекршување на Уставот.

По низа контраверзи околу доделувањето на мандатот, прва политичка влада на Република Македонија е избрана на 4 септември 1992 година, на чие чело застана Бранко Црвенковски. Уште тогаш ВМРО ДПМНЕ ќе ја предупреди јавноста на последиците од антидржавната политика на социјалдемократите. Тие последици се чуствуваат до ден, денес.

Двесет и пет години потоа, социјалдемократите повторно сакаат да ги изманипулираат изборите, Уставот и законите, како и јавноста, само за да дојдат на власт без да ја имаат поддршката на мнозинскиот македонски народ.

Сепак, денес Ѓорги Иванов е претседател на државата.

Претседателот Ѓорги Иванов е човек кој има свои ставови и барања поврзани со државните интереси од кои нема да отстапи. Неговите приоритети се заштита на државните интереси на Македонија, што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ од 2 септември 1992 година.

mn1

mn2

mn3

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top