Коментари

Не може аболицирана личност да биде мандатар за составување на Влада


Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

На 8 јануари Претседателот на Република Македонија, Г-динот Ѓорѓе Иванов му го даде мандатот за составување на нова Извршна власт во плурална Македонија на Г-динот Никола Груевски – лидер на ВМРО ДПМНЕ кој на вонредните парламентарни избори одржани на 11 декември 2016 година jа забележа 10- тата едно по друго победа против најголемата опозициона партија во нашата земја СДСМ на чело со аболицираниот лидер Зоран Заев.

Никола Груевски го почитуваше Мајскиот договор од 2007 година каде за составување на Влада на Република Македонија треба најпрвин да преговараат победничките партии од македонскиот односно албанскиот политички камупс.

Во едни такви околности а ако се земат во предвид и последните резултати од вонредните парламентарни избори каде кај македонскиот електорат победник со 51 пратенички мандат е ВМРО ДПМНЕ, а кај албанскиот ДУИ со 10 пратенички мандати и логично беше да се бара коалициона Влада на ВМРО ДПМЕ и ДУИ, кои математички изразено ќе имаа 61 пратенички мандат.

Но, болниот за власт аболицираниот лидер на СДСМ Зоран Заев за време на

на изборната кампања ветуваше брда и долини особено кај албанскиот електорат каде заговараше и официјализирање на албанскиот јазик на целата територија на Република Македонија. Па така, албанските партии поттикнати од големите ветувања нз Зоран Заев, алијас Бошко Буха во Тирана, Република Албанија и со посредство на албанскиот Премиер Еди Рама изгласаа албанска платформа со која истите ќе преговараат со македонските политички партии за составување на нова Влада на Република Македонија,

Сигурно по долги разговори мандатарот Никола Груевски од една и Али

Ахмети од друга страна не постигнаа договор за обезбедување на парламентарно мнозинство и логично на тоа составување на нов Владин кабинет на Република Македонија.

По враќањето на мандатот од страна на мандатарот Никола Груевски кај Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов веднаш во јавноста се појави Зоки и побара Иванов него, да му го даде мандатот за составување на Влада.

Во оваа прилика да го потсетиме Зоран Заев дека не може аболицирана личност и тоа во 2 случаја да биде мандатар за составување на Влада на Република Македонија.

Исто така,во оваа прилика хронолошки да се потсетиме на ослободувањата од обвиненијата за лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-Во 2008 година за финансиската афера во струмички Глобал каде обвинет беше токму Зоран Заев, тогашниот Претседател на Република Македонија и негов партиски другар Бранко Црвенковски го аблолицира за тоа кривично дело.

-Како првоосомничен Зоран Заев во случајот под кодно име ”Пуч со т.н. негови бомби во јавноста пушти прислушувани телефонски разговори на лица од извршната и законодавната власт. СЈО кое постапуваше по овој предмет пред извесно време го повлече од понатамошна постапка истото обвинение.

МВР и единицата за организиран криминал пред 2 до 3 години ја објави во јавноста струмичката заева тендерска пајажина каде фирми блиски на семејството Заеви секогаш ги добивале тендерите во Градот под Царевите кули, Единствено Зоран Заев не е аболициран за случајот поткуп каде што од струмички бизнисмен за легализација на државно земјиште бара мито изразено во 6-то цифрени милионски евра.

Зоки не дај боже и да успееш да собереше 61 пратеник за формирање на парламентарно мнозинство за состав на нов Владин кабинет, како ќе ја претставуваш нашата земја во странство?

Зоки на македоноско тло знаеме дека ќе продолжиш да правиш дар – мар во поглед на финансиските малверзации оти сите надлежности од извршната власт ќе бидат под твоја контрола. Но европските и светски лидери од земја како нашата која сака членство во ЕУ и НАТО сакаат да зборуваат на разни теми со чесна и некорумпирана личност. Зоки за сега доволен ти е пратеничкиот имунитет. Не може да се бара власт на сите страни почнувајќи од локално ниво, место во Законодавниот дом и прв човек на извршната власт.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top