Коментари

Топлички манастир „Св. Никола“ бил посед на Синајскиот манастир!

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Топлички манастир „Св. Никола“ е средновековен манастир, дел Преспанско- пелагониската епархија на МПЦ – ОА, Тој е расположен меѓу селата Жван, Слоештица и Бабино, во југозападниот дел на Македонија. Во минатото овој богат манастир, кој бил под владение на Синајскиот манастир, бил не само религиозен, туку и културно просветен центар. Во манастирскиот комплекс, покрај манастирската црква, во конаците постоела библиотека и училиште. Тој бил запуштен по нападите на арнаутските разбојници.

Манастирската црква “Свети Никола” претставува еднокорабна црква со поголеми димензии од вообичаените за овој тип цркви. Во основата има форма на впишан крст од тесен тип и е покриена со полукружен свод. Од првобитната црква зачуван е само еден ѕид, како и дел од камените плочи на подот од срединиот дел на црквата. Околу неа се остатоците од некогашните двукатни конаци, кои ја опкружуваат од северната, јужната и западната страна.

Се смета дека првобитната манастирска црква Св. Никола била изградена кон крајот на XIV и почетокот на XV век, на темелите постар објект со базикален облик V и VI век. Црквата била градена од камен и кал. Во текот на XVI век, црквата била срушена, а потоа обновена и зографисана. Според главниот ктиторски натпис во наосот на манастирскиот собор над западната врата од 1536-1537 година, кога во времето на игуменот и еромонах Павнутие црквата била изградена, нејзин ктитор бил кратовскиот кнез Димитар Пепиќ.

Вториот слој живопис е од 1536/37 година. Во истата година е изграден нартекс од западната страна и параклиси од јужната и северната страна. Од повторното испишување на многу места во црквата се зачувани имињата на Димитар од Леуново и неговиот помошник Јован, како автори на живописот. Од работата на зографот Димитар впечатливи се престолните икони од стариот дрвен иконостас. Сочуван е и резбарениот владички трон, а во олтарната апсида е прикажана композицијата “Служба на архиереите”, фрагментарано запазена сцена од “Христовите исцеленија” и “видението на Свети Петар Александриски”.

Прилепчанецот Георги Трајчев, деец на Македонската револуционерна организација и егзархиски училишен инспектор, за време на обиколката на Демирхисарскиот крај го посетил манастирот, при што бележи и други интересни податоци за него. Во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), Трајчев за Топличкиот манастир ќе напише:

„Тој бил изграден во живописно место, блиску до десниот брег на реката Црна, околу селата Сопотница и Жван, во горното течение од Демир Хисараската котлина. Посед бил на познатиот патријаршиски манастир Синај и владеел со убави имоти. Манастирот се радувал на големи царски привилегии, бидејќи не плаќал никакви директни и идиректни даноци. В. К’нчев го спомнува за мал и запуштен кон 1895 година.

При моите обиколки по училишната ревизија низ тој крај, немаше ни спомен од некогашниот богат манастир Топлица. Тој бил разрушен од арнаутските инвазии, а подоцна и од нашите чети, а имотот (нивите) беа дадени под наем на еден анџија.

Називот „Топлица“  го добил од месноста, која, оградена со високи планини беше заштитена од студените ветрови  и през зимата беше топло.

Ерусалимскиот патријарх го давал манастирот под наем на еден Влав од село Гопеш, кој живее во Ерусалим, за 60 турски лири годишно. Како останал во владение на Синајскиот манастир, не се знае.

Во 1910 година, на местото се забележуваа само громади од камења потсетувајќи за некогашната величина на таа светиња. Григорович при својата посета го видел погоден. Добромировиот манастир и Градишкиот манастир (Св Никола) биле разрушени (последниот се спомнува во Зографскиот поменик).“

Топличкиот манастир од XVI век прераснал во културно-просветен и книжевен центар.  Во него со векови се одвивала книжевна, препишувачка и преведувачка дејност. Свои записи оставил само Макарија Топлички, за кого нема никакви позначајни податоци.

По примерот на Синајскиот манастир и најзначајните средновековни духовни светилишта, манастирскиот киомплекс на „Топличкиот Манастир“ имал конаци во кои биле сместени библиотека и училиште. Но по разбојничките напади на арбанашките банди, манастирот се запустува, конаците се срушиле, а голем дел од библиотечното културно наследство на македонскиот народ било уништено. Денес од некогашниот значаен манастирски комплекс постои само запуштената црква Св. Никола.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top