Коментари

Препозната шемата по која центрите на моќ ја менуваат судбината на државите


Свекрва

Џорџ Сорос е берзански шпекулант, основач на т.н.. Отворено општество, кој спонзорира пролиберални организации во пост-комунистички земји на Источна Европа. Работи во повеќе од 50 земји, меѓу кои и Македонија. Тој го основал своето отворено општество наводно заради “собирање и дистрибуција на хуманитарна помош”.  Меѓутоа, во пракса се работи за сосема нешто друго. Преку отворено општество се внесуваат нелегално големи количини на пари со кои се финансираат организации, медиуми и поединци од суверени држави; се помагааат т.н. семејни здруженија, геј движење и кампањи за граѓанска преобразба, ги презира поборниците за национален и верски идентитет, со што се делува против суверенитетот на одделни земји.

Во процесот на глобализација,  Џорџ Сорос кој е дел од светската елита која сака да воспостави нов светски поредок, користејќи ги ресурсите на големите сили, преку својата организација со елементи на специјална војна се обидува да менува влади, кои им застанале на патот. Анализирајќи ги настаните во современиот свет, политиколозите ја препознаа и објавија шемата по која центрите на моќ и Соросовото отворено општество ја менуваат судбината на цели држави и создаваат нов светски поредок. По одбирањето на целта, нивните инсталации ги спроведуваат следните активности:

1. Една држава која ти стои на патот кон зацртаната цел се прогласува за криминална држава 2. Се поддржуваат локални терористи и за нив се зборува како за “борци за човекови права“ 3. Се прави максимална штета меѓу цивилното население и се бара меѓународни санкции и меѓународни сили за интервенција!, 4. Се критикуваат изборите и се бара контрола врз нив. Се зборува дека тие избори не се слободни, дека се лажирани и дека тамошната власт е диктаторска. 5. Се шират целни лаги кои имаат „меѓународна медиска покриеност“. 6. По влез во таа држава се воспоставува контрола врз неа. Тоа може да се нарече „мировна мисија“, „ослободување“ или „хуманитарна интервенција“ и 7. Се изнесуваат сите ресурси од државата и се присвојуваат, а тоа се нарекува „странска инвестиција“ и „обновување“.

Откако ќе завршат овие фази, што значи дека државата е „ослободена“ и „демократизирана“, според шемата, се повторува како пример толку често се додека други земји кои се спротивставуваат на “послушност“  не бидат “ослободени“.  Притоа, според насоките, не треба да се води сметка за животот на луѓето (освен на сопствените), а за пропагирање на нивната хуманост и “вистината“ известувањето мора обилно да се користат медиумите. Кога работата е завршена, се става крај на таа мисија, и тогаш го ставаш целото светско население  пред избор: или молчите или ќе ја доживеете “судбината на терористите”.

Ваквиот начин на делување на центрите на моќ, како Соросовот отворено општество долго време е толерирано во многу земји. Меѓу овие земји се наоѓа и Македонија, која ги има искусено на сопствена кожа речиси сите фази. Меѓутоа, во поново време дојде до промени. Вистината излегува на виделина и народот веќе не молчи. Се погласно повеќе земји, меѓу кои и Македонија, се спротивставуваат на делувањето на Соросовото т.н отворено општество.

Меѓу првите реагираа Русите. Рускиот државен обвинител утврди дека во 2015 година Соросовиот фонд за отворено општество не е пожелен во Русија како “закана за националната безбедност и уставниот поредок на Русија”. Тие ги осудија како непожелни и сите меѓународни невладини организации. Тие  кажаа дека ова е “меки агресија” и повеќе нема да толерираат финансирање на граѓанските организации на странски држави.

Против Сорос стана и Унгарија. Орбан ги исфрли сите Соросови невладини организации од земјата, сметајќи дека овие НВО “служат на глобалните капиталистите и побара политичка коректност на сметка на националните интереси” ..

Новиот американски претседател  Доналд Трамп го обвини милијардерот Сорос дека е дел од “глобалната структура на моќ која е одговорна за економски одлуки кои ја пљачкаат работничката класа, го крадат богатството на својата земја и ги ставаат парите во џебовите на некакви големи корпорации и политички субјекти.”

По повеќе од две години политичка криза, која е предизвикана од СДСМ и Соросовите невладини организации во земјата, Македонија со цел да го спречи субверзивното дејство на Џорџ Сорос најави десороизација. Слично најавува Србија и Хрватска. Инаку, Сорос во Хрватска е присутен од 1993 година, кога при основањето изјавува дека е важно “да ги проучат начините да се пробие постоечкиот ситем за да може да работи од внатре“. Всушност тоа значи „тројански коњ“, кој по влегувањето внатре се запознава со сите сегменти од едно општество и сите негови слабости за да може во еден момент да го порази од внатре.

Сорос преку своите невладини организации и преку СДСМ се обиде да смени судбината и на македонската држава, да ја избрише од картата на Европа. Беа употребени сите фази кои политиколозите при своите анализи ги детектираа. Но за среќа шемата беше препозната од народот кој не дозволи целата работа да метастазира. Му рече стоп на СДСМ, му рече стоп на албанскиот блок,  а за Сорос и неговата инволвираност во земјата, по формирањето на Влада, би бил најдобар препорачаниот хрватски рецепт, заклучок, кој за нас би гласел:

1. Да се забрани работата на Џорџ Сорос и неговата организација во Македонија и да се прогласи Џорџ Сорос за персона нон грата во земјата

2. Треба да се преиспита финансирањето на граѓанското општество во Македонија, и да се стават под строга контрола сите форми на финансиска помош кои доаѓаат од странство

3. Владата на Република Македонија и Парламент да усвои закон за контрола на финансирање на невладините организации, со забрана за финансирање од странство доколку служат за субверзивни цели против суверенитетот и интересите на Македонија.

На крај Македонија како држава еднаш мора да покаже дека не е село без кучиња, каде секој кој сака може да го стрижи нарадот. Секој кој работеше против интересите на македонската држава, секој кој се обиде да си игра со судбината на македонскиот народ, со промена на Уставот и воведување на двојазичност, мора да оговара за велепредавство.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top