Коментари

ПОПИС, АМА КОЈ ЌЕ БРОИ?

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Сите одеднаш побаравме попис… Арно, ама… Самите си го знаат процентот, но го гледаат сеирот од расколот меѓу Македонците, “левите“ со “десните“ како да сме смртни непријатели заколнати со чистење до последен…

Па, додека се занимаваме со “криминалите“ на Никола Груевски и на Зоран Заев без епилог, се разбира, почитувајќи ја презумцијата на невиност, оти нели, до правосилна судска пресуда се’ е шпекулација, ја губиме државата на големо и не ни иде умот и не ни иде… “Криминалите“ на едните ги покриваме со “криминалите“ на другите, ако на едните им кажиш едно, другите возвраќаат со “и вие го правевте во ваше време истото“, а караванот си врви ли си врви… Зарем не помислуваме за последиците по националните и државните прашања со кои долгорочно се дерогира унитарноста и државноста на Македонија…

Дали некој размислувал колкав ќе биде процентот на Албанците во вкупното население, ако попис спроведе Влада на СДСМ и ДУИ? Владата на Бранко Црвенковски спроведе попис од 1 до 15 ноември 2002 година, којшто Државната пописна комисија го прогласи за груб фалсификат.

Зоран Крстевски, претседателот на Државната пописна комисија за пописот во 2002 година, до Владата си поднесе неотповиклива оставка на функцијата. Во писменото образложение до премиерот Бранко Црвенковски, тој кажа дека причина за оставката се пропустите во обработка на пописниот материјал, за што членовите на Комисијата расправале и на својата последна седница со мнозинство гласови констатирале дека во фазата на обработката на материјалите од пописот во 2002 се направени грешки од Државниот завод за статистика, дека има многу нереални показатели за процентуалната застапеност на етничките заедници, особено на Албанците и на Македонците, дека не се применувала доследно утврдената методологија за обработка на податоците, дека пописот во странство се покажал како неуспешен и уште нешто друго.

“Апсурдноста на дел од објавените резултати придонесе пописот за Македонците, како и за помалите етнички заедници да се доживее како отпис”, – напиша Зоран Крстевски во оставката откажувајќи се од дополнителен коментар за причината за нејзино поднесување.

За несреќа, премиерот Бранко Црвенковски “ги прогласи“ за 25% иако Германија тврдеше дека припадниците на албанската етничка заедница не се повеќе од 17%.

Таков груб фалсификат беше и повторениот попис во 1994 заради бојкотот во 1991 година. Поради коалицијата СДСМ-ПДП, во пописниците на Албанците во графата “државјанство“ попишувачите запишуваа “постапката е во тек“, затоа што во меѓувреме се “доделија“ македонски државјанства на околу 150.000 фиктивни косовари “затекнати“ на територијата на Македонија по дисолуцијата на поранешна СФРЈ, а државјани на Србија од Косово!

Колку за потсетување за пописот во 2002 година:

(1) Попишувањето од попишувачите Албанци се вршеше со молив со цел промена на одговорите отпосле;

(2) Албанците попишувачи пописниот материјал не го предадоа во законски пропишаниот рок, заради местење на пописните резултати;

(3) Попишувани беа отсутни и умрени лица;

(4) Попишувани беа и бегалците од Косово во Македонија, останати од времето на бегалската криза во 1999 година;

(5) Попишувани беа фиктивни бракови меѓу Албанци од Македонија со Албанци од Косово и Албанија;

(6) Попишувањето во населените места во кои Албанците се мнозинство или во значителен број е вршено без присуство на Македонци попишувачи, најчесто Албанците не прифаќаа попишување пред Македонци попишувачи и не ги примаа во куќите и населените места;

(7) Во кризните региони, поради ризик по живот, попишувањето го вршеа само Албанци, поточно членови на поранешната терористичка ОНА;

(8) Многу Македонци со исламска релгија, Турци и Роми беа под сериозни закани да се попишат како Албанци…

Ако СДСМ се самопрогласи за непатриотска и немакедонска, односно за албанска партија, ако на последните парламентарни избори СДСМ доби албански гласови во најтврдокорните упоришта на терористичката ОНА поради ветувањето за “двојазичност“ на целата територија на државата Македонија, има ли вера, дека Владата на СДСМ може да го репризира фалсификатот од пописите во 1994 и 2002 година. Имено, Албанците да “бидат“ повеќе од 25% во вкупното население, како еден од договорите за опстанок на владината коалиција на СДСМ со ДУИ, ДПА, Алијанса за Албанците и БЕСА, иако Албанците, за волја на вистината, не се повеќе од 15% во вкупното население на државата Македонија!

А, со биометриските исправи, компјутеризацијата на датотеките на матичните книги и книгата на државјани и обработката на влез-излез на граничните премини, во секоја секунда веќе се знае колку сме, и по етничко потекло и верско уверување!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top