Коментари

ЕТНИЧКОТО ЧИСТЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА…

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Покрај борбата против корупцијата, најголем непријател ни е таканаречената “Голема Албанија”. Тоа не е омраза кон Албанците, туку борба против нејзините автори и креатори во Бонд Стил и на Калето. Истите автори и на ИСИС во Ирак и Сирија. Затоа најголем број регрути има оттука: од Косово, Албанија и Македонија. Претходната обука им е во Бонд Стил на Косово.

“Голема Албанија” е наци-фашистичка креација од Втората Светска Војна, пред се’, геноцидна проекција, можна е само со етничко чистење во Црна Гора, Србија, Македонија и Грција… Во Косово етничкото чистење речиси е завршено…

1939-1944 балистите на “Бали комбтар”, теористичката организација “Црна Река” и СС дивизијата Скендербег го чистеа западниот дел на Македонија од Македонците, за време на италијанската и германската окупација во Втората Светска Војна. На суров и грозоморен начин балистите ликвидирале околу 4.780 македонски родољуби, масакрирале 1.290 семејства, претежно жени и деца, поради неподносливиот терор и насилство околу 18.000 Македонци со своите семејства биле принудени да ги напуштат своите родни огништа и да побегнат на побезбедни краишта…

Во војната 2001 година ОНА и ОВК создаваа кризни региони и повторно насилно ги протераа Македонците од своите родни огништа. Вршеа етничко чистење и создаваа слободни територии во Македонија, ги ослободуваа “албанските земји во Македонија од славо-македонските окупатори”… Одреден број Македонци повеќе не се вратија во своите родни куќи, им ги демолираа и палеа повеќепати, ги оставија во руини…

Македонците денес се жртви на тивко етничко чистење, се купуваат земја и куќи, се вршат насилства, се заокружуваат коридори… Со узурпација на земја и злоупотреба на денационализацијата се врши тивка територијална окупација…

После Чаир, цел за освојување во Скопје е Бутел, со промена на етничката и верската карта на главниот град на државата Македонија… Затоа и Артон Груби од ДУИ ќе изјави: Го спречивме поставувањето на крстот во Бутел, затоа што на наредните локални избори градоначалникот ќе биде од ДУИ…

За коалицијата меѓу СДСМ и ПДП, владата на Бранко Црвенковски, на повторениот попис, во 1994 година незаконски издаде 150.000 македонски државјанства на Албанци од Косово, кои после дисолуцијата на поранешна СФРЈ незаконски престојуваа на територијата на Македонија…

1999 година пред НАТО бомбардирањето на Србија, Македонија прифати околу 400.000 Албанци од Косово. Но, тоа се заборави… Само Господ знае колку од нив останаа во Македонија… Ромите и Маљоците, Албанците не ги прифатија назад на Косово… Толку од борбата за права и слободи… Приштина дури не прифати државен универзитет на српски јазик на Косово…

2017 година ДУИ, ДПА, БЕСА и Алијанса за Албанците со асистенција на премиерот на Албанија Еди Рама, со таканаречената “албанска платформа” побараа Собранието да донесе “Резолуција за осуда на геноцидот врз Албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956 година”… Брзаат, поради страв од ризик дека американската администрација на Доналд Трамп ќе го смени курсот на САД кон “Голема Албанија” и Косово, после поразот на демократите на Барак Обама и Хилари Клинтон…

Наместо да зборуваме за геноцидот врз Македонскиот народ, со замена на тези, Зоран Заев со коментар “нема ништо лошо од тоа да отвориме дебата, да осудиме дека војски убивале цивилно население, апсолутно не е ништо страшно тоа”… За партија која Зоран Заев ја прогласи за непатриотска, за немакедонска односно за албанска, можеби и не е ништо страшно тоа… Но, само за потсетување, го сардисаа народот, ја тероризираа јавноста во кампањата за референдумот за заштита на територијалната организација на локалната самоуправа во 2004 година со слоганот “Некои прашања не заслужуваат одговор” и ја сменија етничката и верската карта на Струга, Кичево, Скопје, Чашка…

И додека ја губиме територијата, си мачкаме очи со демократијата, со борбата против корупцијата… Се разбира, борбата против корупцијата е постојана грижа на општеството. Кога е инволвирана во власта таа е организиран криминал и никој ничиј криминал не штити, никој не побегнал од судот на правдата, народот и историјата. Ама се работи за Македонија, за сега, оти утре може да не’ нема…

Македонијо, Македонијо…

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top