Коментари

Македонецот е толерантен човек, но има работи кои го вознемируваат

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Македонецот е стопан на својата земја!

Некогаш Македонскиот народ се чуствува дека во сопствената држава има помалку права одколку што ги имаат припадниците на етничките заедници. Но повеќе не може да дозволи во неговата држава одделни малцинства да имаат повеќе права или да се изравнат со македонскиот народ.

Секоја држава има свој стопан, а во Македонија домаќин е македонскиот народ, додека останатите живеат со него. Меѓутоа, некои заедници како да забораваат каде живеат и кој е стопанот на земјата па му испорачуваат платформа. Време е, ако тие не можат да го сфатат тоа, македонските партии да им кажат дека ова држава е македонска. А тие се тука дека затоа што македонскиот народ постои, а тој е готов да им даде права дури и повеќе од оние што ги уживаат малцинствата во другите држави дури.

Меѓутоа, албанската заедница во земјата не се задоволува соамо со тоа, па испорачува платформа со кои се сака да се смени стопанот на Македонија. Една мала етничка заедница која не е повеќе од 17 % во земјата, го тероризира домаќинот притоа преминувајќи ги сите граници на пристојност. Се уценува дека ако не станат равноправни со македонскиот народ ќе се отцепат.  

Ваквото однесување не би било можно доколку нема поддршка од надвор. Поддржани од Западот, Албанците сметаат дека се им е дозволено. Гледајќи како на недозволен начин за народот западот ги црташе границите на новата албанска држава Косово, потоа во Ирак, Авганистан, Сирија и Либија, Албанците сеуште сонуваат дека со центрите на моќ, Сорос и со домашните предавници тоа ќе им успее и во Македонија. Меѓутоа големите заборавија на основниот принцип дека народот  има право сам да си ја бира својата судбина.

А Македонецот рече доста е. Постизборната платформа испорачана од Тирана со која албанските партии сакаат да ја редифинираат, федерализираат и обезличат земјата, но и да му ја одземат на природниот стопан, ги крена Македодонците на нозе. Речиси неполн месец дена Македонците секојдневно рамо до рамо со Турците, Србите, Ромите, Власите, Бошњаците и другите припадници на етничките заедници во земјата, без разлика на политичката, верската и друга припадност, маршираат низ градовите на Македонија и бараат политичките партии да ја отфрлат платформата од Тирана.  

Последната провокација коначно го крена на нозе и го крена својот глас. Едноставно кажа не за надворешно мешање, не за албанската платформа од Тирана и побара нови избори. Тоа е пролетно будење на трпеливиот македонски народ, кој долги години беше сведок на бројни надворешни и внатрешни махинации за разнебитување на земјата.

Овој пат силно одекна гласот на македонскиот народ, кој е решен по секоја цена да ја спречи распродажбата на земјата. Зад него застана и претседателот Ѓорге Иванов, кој недвосмислено  порача дека нема да додели мандат, без претходно јавно да биде осудена и отфрлена платформата од Тирана, која преставува флагрантно мешање во внатрешните работи на Македонија.

Долго скриениот гнев кај народот од надворешните мешања и се поголемите барања на Албанците кои немаат никаква врска со човековите права, го сплоти македонскиот народ во земјата и дијаспората. Рекација на народот ги изненади и нарачателите и светот. Македонскиот народ добива се поголема поддршка, а центрите на моќ се збунети пред барањата за истрага за нивното мешање во рушењето на власта во Македонија.

Македонците го кренаа своето востание – Четвртиот Илинден. Тој реши да ги превземе работите во свои раце и бара не само партиите да ја отфрлат платформата и да се спроведе веднаш попис, туку и да се одредат црвените линии. Ако македонските партии од позицијата и опозицијата не знаат како да се однесуваат нека видат пример  од политичките партии во Бугарија.  И опозицијата и позицијата го отфрлија барањето на турски градоначалник турскиот јазик да стане официјален. Иато така нека видат како партиите во Грција и Албанија се однесуваат кон за македонското малцинство во нивните земји.    

Сплотеноста, истрајноста на македонскиот народ денес е огромна и тој нема да дозволи лицитација со македонските интереси. Македонските политичари треба  добро да се замислат што прават, особено СДСМ чиј лидер си дозволи да прифати нешто што е спротивно на интересите македонскиот народ кој е стопан на оваа земја.

Никој не треба да си игра со трпението на Македонците, па и меѓународната заедница, која ја изгуби довербата меѓу народот. СДСМ треба веднаш да ја отфрли, а меѓународната заедница треба да ја осуди платформата од Тирана.

На сите треба да им е јасно дека домаќин во Македонија е македонскиот народ, кој нема да дозволи никаква кантонизација или федерализација на земјата!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top