Коментари

Во членот 90 од Уставот не постои опција втор мандатар

todor

САМО НОВИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ СЕ ИЗЛЕЗ ОД ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО СОГЛАСНОСТ СО УСТАВОТ И НИШТО ДРУГО, ОСВЕН НОВИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЗАЕДНО СО ЛОКАЛНИТЕ!

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Не постои уставна опција за избор на Влада без мандат од Претседателот на Републиката. Изборот на Влада без мандат од Претседателот на Републиката претставува грубо кршење на Уставот! Овластувањата на Претседателот на Републиката за доверување мандат за состав на Влада завршија со 9 јануари 2017 година. Се’ после 29 јануари во врска со избор на Влада претставува злоупотреба на службената должност и самовластие и од Претседателот на Републиката и од пратениците.

Во членот 90 од Уставот не постои опција втор мандатар.

Единствена опција, бидејќи не постои уставен рок за распуштање на Собранието доколку пратениците не состават Влада, е одлука на пратениците за распуштање на Собранието и нови парламентарни избори заедно со локалните избори! Тие што бараат избор на Влада без мандат од Претседателот на Републиката, сметаат дека таа одлука на Собранието не подлежи на оценка на уставноста. Уставниот суд по таква иницијатива би се прогласил за ненадлежен, бидејќи не оценува согласност на дејствија со Уставот, туку само на закони и општи прописи.

Собранието не може ниту да гласа доверба на Владата за да и’ го одземе мандатот, бидејќи таа само ја врши должноста до изборот на нова Влада. Нејзе мандатот веќе и’ престанал со распуштањето на Собранието пред минатогодишните парламентарни избори. Актуелен вршител на должноста министер не може ниту оставка да поднесе, затоа што нема мандат. Може само да го извести вршителот на должноста премиер дека престанува да ја врши функцијата вршител на должноста министер, по што го заменува заменикот министер а таму каде што нема ниту министер ниту заменик, функцијата ја презема вршителот на должноста премиер, до изборот на нова Влада.

И да ја отфрлат т.н. албанска платформа, и нејзините потписници и СДСМ, како услов да добијат мандат за состав на Влада, никој не може да им го одземе правото на пратениците и на Владата во текот на мандатот да ги предложат сите барања од т.н. албанска платформа, бидејќи се овластени предлагачи во Собранието.

Затоа, пратениците не смеат да пристапат кон избор на претседател на Собранието, кој ги распишува парламентарните и локалните избори, доколку претходно не се постигне договор за продолжување на мандатот на градоначалниците и советниците на општините и градот Скопје и распуштање на Собранието заради организирање на парламентарни и локални избори во ист ден.

Треба сериозно да се пристапи кон иницијативата најмалку 150.000 граѓани да предложат донесување на нов Устав односно да го вратат во сила и Уставот од 1991 година и Законот за територијалната организација на локалната самоуправа од 1996 година.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top