Коментари

Зоран Заев е вистинска темпирана бомба за Македонија

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред изборите самиот најави целосно повлекување од политичката сцена доколку ги загуби изборите и само со еден глас. Но тој сеуште е на чело на партијата и се обидува да стане премиер. Меѓутоа, би било жалосно на чело на државата да дојде човек амнестиран криминалец кој со години наназад лаже, дава празни ветување и притоа ги доведува во прашање односите на Македонија со соседите и меѓународната заедница.

Бројни се лагите на Заев, па не би било чудно познатата поговорка „Лажеш како Т…..“ во иднина да се смени во “Лажеш како Заев“. Познато е дека политичарите знаат да ги извртуваат работите, на ваква патологија е својствена само кај оние кои болно сакаат да владеат, притоа не водејќи сметка за последиците по животот на луѓето и државата.

Како што се бројни лагите на Заев, така се бројни и демантите. Меѓу нив би ги спомнале последните кои доаѓаат од меѓународната заедница. Портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич, на прес-конференција во Брисел потврди дека за отворање на пристапните преговори на Македонија со Унијата одлучува Европскиот совет, а не Комисијата, со што го негираше тврдењето на Заев за некои македонски медиуми дека Високата претставничка Федерика Могерини, како и еврокомесарот Јоханес Хан му ветиле почеток на пристапните преговори во случај тој да стане македонски премиер.

За само неколку дена ова е втор демант од Брисел за лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите медиуми. Минатата недела словенечкиот европратеник Иво Вајгл, демантираше дека тој за некој медиум изјавил нешто во врска со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ниту дека пренесувал нешто што Груевски му го кажал нему при нивната последна средба во Скопје.

Во 2015 година, по обидот да направат политички спин и маркетинг од патувањето на Заев, тогаш Министерот за внатрешни работи на Израел, Силван Шалом во изјава за медиумите директно го демантираше Зоран Заев и неговата лага дека на состанокот се разговарало за неговите „бомби“ и за политички теми. Тоа беше невиден срам за Македонија, а Заев ниту му се извинил на Израел, ниту на граѓаните на Македонија.

Ако Заев тогаш си дозволи да говори невистини за една таква сериозна држава и пријател на македонскиот народ, тогаш не треба да не изненадува ни она што се случуваше дома во изминатите години и ова што денес се случува. Константно лажење и криминал, а потоа одбегнување на одговорноста пред законот. Тој патолошки лаже и како таков не може да води ни институција, а не пак држава.

Замислите што би се случило доколку Заев стане премиер и кога би го лажел својот народ и сите странски политичари со кој би се сретнал. Ако со години наназад за неговото име се испреплетува константно лажење и криминал, а потоа одбегнување на одговорноста пред законот, замислете каква слика тој би оставал како премиер пред меѓународната заедница за Македонија.

Во изминатите години Зоран Заев го лажеше судот, го лажеше народот, ја лажеше јавноста, ги лажеше медиумите. Тој по обичај ги лаже сите без ниту малку срам. Тој е единствениот политичар во Македонија кој бил амнестиран од претседателот за криминалот што го извршил. А на аболициран криминалец не може да му се верува, но иако поголем дел од јавноста веќе не му верува, за жал со него договор склучија албанските партии. Што ќе се случи кога и нив ќе ги изневери – што тогаш!? Како ќе реагираат албанските семејства чии членови лежат во затвор, а кога Заев нема да може да им го исполни ветувањето за нивно ослободување во замена за нивните гласови кои ги доби во мнозинство на декемвриските избори во 2016 година. Тоа беше уште една негова лага, со оглед на доказите со кои се затворени.

Зоран Заев е вистинска темпирана бомба за Македонија. Тоа го најави со прифаќањето на платформата од Тирана, скроена да не скара со сите соседи и за разнебитување на македонскиот народ и држава.

Toj не престанува со лажење и криење на вистината за тоа што се прифатил во замена за поддршка од албанските партии за доаѓање на власт. Сеуште молчи за содржината на договорот, иако сегашниот коалиционен партнер ДУИ јавно истакна дека целата Платформа од Тирана е прифатена, а во неа стои и барањето за усвојување на Резолуција во Собранието со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија извршен во периодот од 1912 до 1956 година. За Заев тоа не е ништо страшно и како да не сака да разбере дека со нејзино прифаќање македонскиот народ би се скарал со повеќе денешни пријателски земји.

Ваквите лаги на Заев само ја потврдуваат исправноста на претседателот на државата кој не му дава мандат, но и на реакцијата на македонската јавност, која по секоја цена нема дозволува Заев да дојде на чело на Владата на Македонија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top